Author: Marta Pesevska

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Алексеј Данилов смета дека полноправното членство на Украина во НАТО ќе претставува сигурна гаранција за безбедноста на таа земја.

Read More

Шведскиот производител на телекомуникациска опрема Ериксон ќе плати казна од 206 милиони долари поради непочитување на договорот со американското државно обвинителство за објавување информации за активностите во Ирак, Кина и Џибути.

Read More

Граѓаните треба да го добијат лебот, кој е основен прехранбен производ, по најниска цена што треба да ја има, смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Одгваорајќи на новинарско прашање отворањето на спортската сала во населено место Стајковци во Општина Гази Баба, Мицкоски рече дека „лошите политики на Владата довеле до празни рафтови за леб“. – За жал, егзибиционистичките и лошите политики на оваа Влада, големата инфлација, рекордна во Европа, Македонија има двојно повисока инфлација споредено со ЕУ, доведе до тоа, покрај тоа што пред неколку месеци имаше редици за нафта и бензин, денеска да имаме празни рафтови за леб, изјави…

Read More

Затоа Соединетите Држави, заедно со нашите сојузници и партнери – вклучувајќи ја и Северна Македонија – ќе продолжат да осигураат дека Украина го има тоа што ѝ е потребно за да го брани својот народ и територија од руската агресија – колку што е потребно, додаде Мејер. Заедно ја забрзавме безбедносната помош за Украина со историско темпо, за да осигураме дека Украина може да ја брани својата територија. Вооружените сили на Украина го инспирираа светот со нивната огромна вештина, професионализам и апсолутна храброст бранејќи ја нивната земја од руската брутална и неоправдана инвазија. Цитат од говорот на Ерик Мејер, заменик на Амбасорката…

Read More

Со едноминутен молк и 57 црни балони пуштени во воздух, илјадници ученици и студенти пред грчкиот Парламент им оддадоа почит на загинатите 57 лица во железничката несреќа кај месноста Темпи што се случи во вторникот навечер.

Read More

Внесувањето на бугарското малцинство во Уставот, односно односно промената на овој највисок државотворен акт е важно од две причини, вели во интервју за Рацин.мк министерот за надворешни работи Бујар Османи. – Прво затоа што дава насока како ќе се постават македонско-бугарските односи долгорочно во иднина. Додека се обидуваа, Република Бугарија пред сѐ, тие односи да ги става во историски контекст, ние најдовме решение дека тие односи ќе се постават на начин на комуникација меѓу две заедници, мнозински македонски народ и малцинска бугарска заедница, коишто живеат во еден нормален соживот во Република Северна Македонија. Така ќе се трасира и патот…

Read More

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја обвини власта за тендерски криминал дека во 2021 година ја ангажирале фирмата ЕПТИСА за проектирање и надзор на градби во Република Северна Македонија, за железнички пруги и државни патишта, за која вели дека на 24 седница, одржана на 24 ноември 2020 година, Владата заклучи сите државни институции и општини кои реализираат капитални инвестиции поголеми од 1 милион евра, да не ја ангажираат шпанската фирма ЕПТИСА од причини што истата неетички, незаконски и несоодветно постапија како надзор во поглед на првата фаза од изградбата на железничката пруга Куманово – Бељаковце.

Read More

ВМРО-ДПМНЕ велеше дека имало незадоволни пратеници од СДСМ кои нема да гласаат за Владата и уставните измени, но тоа е исто како да кажат дека тие имаат 61 пратеник и актуелното мнозинство паднало, рече пратеникот на СДСМ Јован Митрески во гостувањето во ТВ21.

Read More

Градските власти во Њујорк се согласија да платат милионска отштета на демонстрантите кои ја тужеа полицијата за прекумерна сила на протестите против расизмот во јуни 2020 година, по убиството на Џорџ Флојд. Според спогодбата, секој од 300-те демонстранти уапсени во Мот Хевен, населба во Бронкс, ќе добие по 21.500 долари доколку одлуката биде одобрена од федерален судија.

Read More

Заменикот министер за финансии Филип Николоски во гостувањето во ТВ21 кажа дека буџетот за 2023 година во моментов е супер ликвиден и во одлична кондиција. -За јануари и февруари имаме над осум проценти повеќе приноси во буџетот за разлика од истиот период минатата година. Имаме 16 проценти повеќе приноси на основ на данок од личен доход и 30% повеќе од данок на добивка, рече Николоски. Тој додаде дека во овие два месеца, односно јануари и февруари, имаме 25 проценти помал буџетски дефицит за разлика од лани. -Извршивме поврат од 120 милиони евра поврат на ДДВ, што е за 17 милиони…

Read More