Author: Marta Pesevska

Откако Индекс.мк објави информации дека членови на семејството на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, акумулираат сериозен недвижен имот, на својот Фејсбук профил Мицкоски објави демант и ги нападна медиумите кои ја пренесоа веста. -Денеска е Прочка и јас им простувам за ова што ми го прават мене и на моето семејство и затоа имаат 24 часа медиумите блиски на ДУИ и СДСМ (Џабир Дерала) да ми се извинат, а доколку тоа не го сторат ќе ја барам правдата преку судски процес, наведува Мицкоски. Сепак, освен што етикетира медиуми, во оваа објава, односно демант на Христијан Мицкоски нема ниту збор…

Read More

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи за време на престојот во Соединетите Американски Држави, оствари средби и со претставници на дијаспората во Њујорк и Њу Џерси, на кои ја потврдил посветеноста на институциите на Северна Македонија за зајакнување на односите со дијаспората, преку систематизација на улогата и потенцијалот што припадниците на дијаспората ја имаат во новите средини во кои живеат, како што информираат од МНР.

Read More

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ Ако вмро и ману продолжат да ја држат Македонија на семафорите пред Брисел, Македонците во Ѕвегор, Смојмирово и Будинарци ќе се организираат како Заедница на македонските општини. Ќе биде тоа убава форма за заштита на нивните права и идентитет во постдржавниот период. Статусов што пред два дена го објавив на Фејсбук, е циничен, по малку и шеговит, но, верувам ќе се согласите дека во себе содржи восхитувачки аспекти на надоаѓачката иднина. На блиската иднина. Ене ја, ја гледам како нѐ ѕирка од зад првиот агол. Сакам да кажам дека голем дел од нацијата која се хомогенизира околу идејата…

Read More

Владини делегации, претставници од државни институции и организации, претставници од меѓународната заедница во земјава, денеска оддаваат почит кон загинатиот претседател на државата, Борис Трајковски, во рамки на државнички церемонии за одбележување на 19-годишнината од авионската несреќа, во којашто животите ги загубија поранешниот претседател, Борис Трајковски, членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот.

Read More

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски купил и реновирал куќа во скопско Козле вредна еден милион евра и со цел да се изманипулира системот ја пишал на името на неговиот зет за сестра, објави „Индекс.мк“.

Read More

Четиридневната работна недела е веќе реалност за некои од европските земји, но сепак ние сме  далеку од оваа идеја бидејќи работодавачите сеуште се адаптираат на законското решение „недела неработен ден“ што е и тешко спроведливо во одредени дејности. Велика Британија спроведе тестирањето на четиридневната работна недела кое покажа дека огромното мнозинство од 61 компанија, кои учествуваа во него, ќе продолжат со пократката работна недела. Според резултатите од тестирањето, четиридневната недела има повеќекратни придобивки, бидејќи бројот на оние кои рекле дека се уморни од работа се намалил за 71 отсто, дека 39 отсто помалку се изјасниле дека се под стрес, а…

Read More

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи на МВР и обдуцент од Институтот за судска медицина изврши увид на лице место на железничка станица во општина Илинден, каде според првичните сознанија, како последица на струен удар починало 14-годишно девојче.

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски во име на Владата и во свое лично име денеска упати честитка за празникот Велики поклади – Прочка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан и до членовите на Светиот архиерејски синод, како и на целиот свештенички и монашки клир, и до сите православни верници кои го празнуваат празникот.

Read More

 Користат лекови за дијабетичари за слабеење, ризикувајќи го сопственото здравје, а оставаат дијабетичари без лек. Таков е случајот со „оземпик“, лек кој е наменет за лекување на тип дијабет 2, кој многумина го користат за слабеење. Лекот е дефицитарен, а неговата цена достигнува сума околу пет илјади денари. Експертите предупредуваат дека користењето на лекот без консултација на лекар може да предизвика низа негативни ефекти меѓу кои и рак на панкреас.

Read More