Author: Marta Pesevska

Едно лице го загубило животот, додека неколкумина се повредени откако автобус со албански регистарски таблички се превртел на автопат во Хрватска. – Несреќата се случила на автопатот А-1, во правец на север, кај клучката Бриње, синоќа во 23 часот и 43 минути, кога автобусот со албански регистерски таблички удрил во ограда и се превртел на левата страна, јавија албанските медиуми повикувајќи се на хрватската полиција. Во моментот на несреќата во автобусот имало девет патници и возачот. Автобусот го управувал 58-годишен албански државјанин. На повредените им била пружена лекарска помош во болниците во Карловац и Огулин. Извор: МИА

Read More

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, денеска оствари средба со регионалната директорка на Канцеларијата за координација на развојните агенции на Обединетите Нации, Гвин Јеоп – Сон и со постојаната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Росана Дуџак.Вицепремиерката Грковска се заблагодарила за поддршката што организацијата на Обединетите Нации и ја дава на Република Северна Македонија во изминатите 30 години, особено за клучни прашања од кои зависи развојот и напредокот на државата.На средбата се разговарало за потребата регионот на Западен Балкан заеднички и кординирано да работи на надминување на поделбите…

Read More

Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска го предупреди Советот за безбедност на ОН да не се залажува со повиците за привремен или безусловен прекин на огнот во Украина, велејќи дека само „праведен и траен“ мир нема да дозволи Русија да се санира, вооружи и да ја продолжи агресијата.

Read More

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, порачува дека сами ќе се блокираме ако не се изгласаат уставните измени. Сега, посочува, не е одлука на Бугарија дали ќе ги отвориме поглавјата од преговорите со ЕУ, туку е на нас.

Read More

Собранието в понеделник ќе ја продолжи расправата по 104. седница за Предлогот за избор на членови на Владата. Пратениците продолжија со работа и по 18 часот, а по неколку излагања и реплики претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата. Поради престојните верски празници, тој најави дека Собранието ќе продолжи со работа по оваа седница в понеделник.

Read More

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска во Струмица посети две семејства корисници на финансиска поддршка согласно Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза. Едното лице како корисник на правото на социјална сигурност за стари лица преку кое што право добива 7200 денари редовна исплата секој месец, добива и надомест за енергенси од 1000 денари и плус парична поддршка од 3000 денари месечно во период од четири месеци или 12.000 денари за четири месеци. Тоа се околу 11.200 денари обезбедени од државата месечно во рок од 4 месеци.

Read More

Со вечерашниот концерт во Домот на младината во Белград се обновува традицијата на проектот БГ ИНВАЗИЈА што прв пат е одржан во 1992 година, а произлегува од натпреварот на бендовите од белградските гимназии. БГ ИНВАЗИЈА досега се одржал десетина пати, а на овогодинешното издание како специјални гости настапуваат ученици од СУГС Никола Карев, членови на бендот Црно собрание. БГ ИНВАЗИЈА се стреми да ги претстави средношколксите бендови кои постојат во белградските гимназии, а со вклучувањето на бендот Црно собрание од Скопје, преминува во регионална смотра на средношколски бендови. Организаторите на настанот велат дека за секој млад човек е важно…

Read More

Раководствата на Србија и Косово се очекува да го прифатат европскиот предлог за сеопфатно решавање на нивните меѓусебни односи, вклучително и спроведувањето на договорот за Заедницата на српски општини, изјави висок функционер на ЕУ задолжен за подготовките за новата рунда дијалог в понеделник во Брисел, јави Бета.

Read More

На  годишнината од почетокот на руската инвазија врз Украина градоначалникот на Kијив, Виталиј Кличко, денеска зборуваше за „трагичната и психолошки исцрпувачка година“, пренесе ДПА. „Но, ние се бориме, веруваме во себе и во нашата земја. Затоа ќе надминеме сè и ќе победиме“, напиша тој на својот канал на Телеграм, испраќајќи и видео порака. Додека многу Украинци не веруваа дека ќе има „варварска војна“ од Русија, главниот град се подготвуваше за можен напад, рече тој. „Волонтерите кои се приклучија на територијалната одбрана и нашата војска помогнаа да се заштити и задржи главниот град. Руските трупи напредуваа во предградијата на Киев по…

Read More