Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Фондот за здравствено осигурување ги презел сите потребни чекори за заштита од напади, а последниот напад се случил непосредно пред да се префрлат сите податоци на „клауд“, соопштија од ФЗО. Во текот на минатата година имало постапка за јавна набавка за изнајмување на приватен облак за примарен и секундарен податочен центар во Фондот и миграција на апликации и податоци, а првата фаза од миграцијата на системската инфраструктура требаше да се случи во текот на неделата кога се случи и нападот. Директорката на ФЗО, Магдалена Грашковска Филиповска на брифинг со новинарите истакна дека вработените во Фондот работеа неуморно овие две…
Амбасадорка на Швајцарија во Република Северна Македонија, Н.Е. Вероник Улман во видео интервју говори за проектот „Здружени за ЕУ“ кој го спроведува Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје во конзорциум со академски установи и невладини организации од неколку европски држави, поддржан од Вишеградскиот фонд и МНР на Република Кореја, а во ко-продукција со Цивил Медиа.
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со претставници од Швајцарска Амбасада, УНФПА, бизнис секторот и Академијата се сретнаа со студенти од Универзитетот Св. Кирил и Методиј.
Украина е во 364. ден војна, откако Русија изврши целосна инвазија врз земјата. Ова се главните теми кои го одбележаа денешниот ден. Дипломатија Во Варшава денес Бајден се сретна со лидерите на земјите-членки на НАТО од форматот Б9. Состанокот се случува на крајот од посетата на Бајден на Полска и Украина и ги собира земјите од Б9 форматот, збирка на нации од источниот блок на НАТО алијансата што беше формирана како одговор на анексијата на Крим од страна на рускиот претседател Владимир Путин во 2014 година. Американскиот претседател Џо Бајден и шефот на НАТО, Јенс Столтенберг пред разговорите со лидерите на…
Три лица биле уапсени, под сомнение дека се криумчари и биле откриени вкупно 37 мигранти во двата одвоени случаи на потера во морскиот дел во близина на грчкиот остров Кос, кога патролни бродови на крајбрежната служба на Грција бркале глисери со мигранти, објави „Катимерини“.
Новите работни места создадени од американските работодавци се зголемија за 517.000 во јануари. Растот на новите работни места е изненадувачки силен во услови на агресивни потези на Федералните резерви на САД за борба со инфлацијата со зголемување на каматните стапки. Стапката на невработеност падна на 3,4 отсто минатиот месец, достигнувајќи го минимумот за половина век. Најновите податоци покажуваат отпорен пазар на труд со ниска невработеност, релативно малку отпуштања и многу слободни работни места, иако повеќето економисти предвидуваат дека ќе има рецесија.
Процесот на исплата на платите на вработените во јавниот сектор е регулиран и се спроведува врз основа на Законот за буџети и Законот за извршување на буџети, а согласно обезбедените финансиски средства. Тоа е процес кој Министерството за финансии, го спроведува преку секторот буџет и секторот трезор, кои постапуваат согласно предвиденото во усвоениот Буџет и законските одредби, истакнаа од Министерството за финансии.
ЗОРАН БОЈАРОВСКИ ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребува ликот и делото на Делчев и останува најголема пречка на нашата европска иднина. И покрај сите апели за деескалирање на наелектризираните односи меѓу Скопје и Софија, и покрај заедничките напори на двете влади и во вакви услови да се организира достојно чествување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, ВМРО-ДПМНЕ организираше настан како уште една провокација која ја спроведуваат „актери“ од нивната младинска унија, или од нивните позадински, опскурни структури како што беше и настанот со претепувањето на Пендиков. На ден пред 4 февруари, годишнината од раѓањето на Делчев, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ…
Генералната секретарка на Советот за регионална соработка (РЦЦ), Мајлинда Брегу денеска изјави дека започнаа номинациите на кандидатите за наградата Жена претприемач од Западен Балкан за 2022 година.
Владата донесе одлука за распоредување на приходите од игрите на среќа и од забавните игри во 2023 година за финансирање на програмските активности на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, на здруженија за борба против семејно насилство и Црвениот крст на Република Северна Македонија.
Спасовски: Секој кој на некаков начин ќе ги навреди македонската држава или народ ќе сноси последици
Секој кој ќе помисли на кој било начин, со транспаренти или знамиња на туѓи држави, да ги навреди македонската држава и македонскиот народ, нема да може да го стори тоа и за тоа ќе сноси последици, нагласи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, зборувајќи за создадените тензии околу чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Владата денес донесе одлука со која го задолжи Комитетот за преговори за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 да ги започне преговорите со стратешкот партнер на 6 февруари 2023 година.