Author: Marta Pesevska

Ферда Атаман, контроверзната комесарката за антидискриминација на германската федерална влада, назначена за борба против дискриминацијата, се соочува со критики затоа што ги признала само ЛГБТ+ жртвите на холокаустот, а не ги спомнала шесте милиони Евреи кои беа убиени од германскиот националсоцијалистички режим на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, пишува The Jerusalem Post. Ферда Атаман, комесарката за антидискриминација на германската федерална влада, во четвртокот издаде соопштение за печатот во кое се пофали дека „Германија конечно покажува почит кон квир-жртвите на националсоцијализмот“ по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот во петокот. Рабинот Абрахам Купер, вонреден директор на Центарот Симон Визентал, за The Jerusalem Post…

Read More

Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи на Република Бугарија Иван Демерџиев со придружна делегација, утре, ќе престојува во работна посета на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во рамки на која ќе се сретне со неговиот колега, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Read More

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск денеска го осуди растечкото насилство на Блискиот Исток и ги повика двете страни во израелско-палестинскиот конфликт „искрено да бараат мир“. „Спиралата на смртта која се зголемува од ден на ден само ја затвора трошката доверба која постои меѓу два народа“, рече Папата по традиционалната молитва на плоштадот „Свети Петар“. Папата апелираше за мир по двата вооружени напади во Источен Ерусалим во петокот и саботата, во кои загинаа седум лица, а петмина беа ранети, како и смртоносните судири на Западниот брег.

Read More

Претседателот на Партијата за демократска акција (СДА) Бакир Изетбеговиќ изјави дека владата во Федерацијата Босна и Херцеговина не може да се формира без СДА и Демократскиот фронт (ДФ) на Жељко Комшиќ. „Федерална влада не може да се формира без СДА и ДФ. Па, само СДА доби повеќе гласови од сите три партии – Тројка (СДП, Народ и правда и Наша странка) заедно“, вели Изетбеговиќ во интервју за сараевскиот портал Фактор. Тој додаде дека „Тројката“ може да продолжи, како што рече, со „детско инсистирање победничките партии да се повлечат на своја штета и да им овозможат да создадат владина структура во…

Read More

Редовните руски трупи најверојатно ќе ги заменат исцрпените платенички сили од Вагнер групата за да го интензивираат нападот врз Бахмут, објави тинк-тенкот Институт за проучување на војната (ISW) со седиште во Вашингтон во новата проценка на руската офанзивна кампања.

Read More

Она што предизвика војната во Украина е криза со енергенси, односно гас и електрична енергија, како и криза со храна, особено жито и житни производи, рече заменикот министер за финансии Филип Николоски, во емисијата „Детектор“.

Read More

Британскиот премиер Риши Сунак денеска го отпушти претседателот на неговата владејачка Конзервативна партија поради „сериозно кршење“ на министерскиот кодекс.

Read More

Француската премиерка Елизабет Борн денеска изјави дека планот на Владата за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години „повеќе не е предмет на преговори“. Како што пренесуваат агенциите, изјавата на премиерката дополнително ги „налути“ противниците и синдикатите кои планираат нови масовни протести и штрајкови оваа недела. Зголемувањето на старосната граница за пензионирање е дел од поширокиот закон што го спроведува францускиот претседател Емануел Макрон во неговиот втор мандат. Нацрт-законот наиде на широк отпор во јавноста, така што повеќе од милион луѓе протестираа против него на почетокот на овој месец, а незадоволството  е поттикнато и од тоа…

Read More