Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензиите за месец јануари 2023 година, на предлог на Министерството за труд и социјална политика, која треба да овозможи пензионерите да може да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 30 јануари.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека Европската Унија треба да и даде приоритет на интеграцијата на Западен Балкан и дека не може да дозволи овој регион да остане долго време надвор од ЕУ. Конференцијата „Италија-Западен Балкан“ се одржа во Трст, на североистокот на земјата, во организација на италијанското Министерство за надворешни работи, со цел да се доближи италијанската политика и деловниот свет до тој регион. – Како соседна земја, Италија е свесна за виталното значење на овој регион за иднината на цела Европа. Од искуство знаеме дека сè што се случува надвор од Јадранот во моментов влијае на…
Проектот „Клин брет“ („CleanBREATHE“), мешано истражување за загадувањето на воздухот со помош на технички и едукативни решенија, има за цел да го направи загадениот воздух видлив и да иницира долгорочни промени во однесувањето на општествените чинители.
Германскиот канцелар Олаф Шолц уште утре би можел да и дозволи на Полска да ги извезе своите тенкови „Леопард“ од германско производство во Украина, наведуваат извори запознаени со прашањето.
Ахмети оствари средба со британскиот амбасадор: Сојузот за Европа на прогресивните партии е иднината
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска оствари средба со амбасадорот на Велика Британија во земјата, Метју Лосон.
На 100 000 жени на годишно ниво, според податоците од последните неколку години, 20-21 заболуваат од рак на грло на матка, што е доста висок процент. Потребно е подигање на јавната свест за што посмасовна ХПВ вакцинација кај девојчињата и ХПВ примарен скрининг кај жените на возраст од 25 до 65 години, беше истакнато на денешната прес-конференција што се одржа по повод Недела на борба против ракот на грлото на матката, на која беше наведено и дека во „Мој термин“ се воведува секција „женско здравје“, каде ќе бидат внесени сите извештаи од гинеколошките прегледи, како и од ехо на дојка…
Се вели дека сообраќајната култура е реален одраз на цивилизираноста на една земја, па ако ова е вистина и ако судиме по нашата сообраќајна култура можеме да дознаеме какви сме навистина.
На денешен ден пред пет години се одржа првата средба помеѓу поранешните премиери на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас кои за помалку од шест месеци познавање решија тридецениски спор меѓу двете држави.
Зголемувањето на минималната плата директно влијае на зголемувањето на просечната плата, според податоците на Државниот завод за статистика просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2022 година изнесува 33.011 денари, а во истиот период износот на минималецот е 18.000 денари. За споредба, пред само десет години, во ноември 2012-тата година, просечната плата била 20.857 денари, додека пак минималната 8.050 денари. Оттогаш започнуваат иницијативите на Сојузот на синдикатите за утврдување минимален износ на плата, кога во првичната верзија на законот минимална плата е дефинирана како најнискиот месечен износ на основна плата која работодавачот е должен да му ја исплати…
Во рамките на 99 седница пратениците во Собранието со 54 гласа „за“ го усвоија Законот за финансиска инспекција во јавниот сектор и со 55 гласа „за“ Законот за изменување и дополнување на Законот за гранична контрола.
„Не мислам дека случувањата во ДУИ со т.н. огнена група ја загрозуваат Владата и насоката во која се двожи државата. Претставниците на огнената група од ДУИ се на ставот дека државата преку уставни измени треба да продолжи кон ЕУ“ изјави потпретседателот на СДСМ, Стефан Ботоев во „Топ тема“ на Телма.
Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска во Брисел изјави дека прифаќањето на предлозите претставени од претставниците на „големата петорка“ во Белград и Приштина е „единствениот начин да се стави крај на циклусот на кризи на теренот.“