Author: Marta Pesevska

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, присуствуваше на седница на Советот за безбедност, свикана од страна на претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Read More

„Изминатата година беше година на предизвици. Руската агресија врз Украина покажа дека мирот и безбедноста не треба да ги земаме здраво за готово и дека овој конфликт има негативен ефект и врз економиите и енергетскиот сектор. Но, тоа беше година во која и НАТО направи вистински чекори – беше донесен новиот Стратешки концепт кој јасно укажа дека НАТО е одбранбена Алијанса и дека никој не треба да се сомнева во силата и одлучноста на Алијансата да ја одбрани секоја педа сојузничка територија“, рече министерката Славјанка Петровска во воведното обраќање на редовниот годишен брифинг со одбранбени аташеи организиран во Регионалниот центар…

Read More

Германија денеска ги испрати првите две од трите планирани единици за противвоздушна одбрана „Патриот“ во полскиот град Замошќ во близина на границата со Украина, каде ќе бидат распоредени за да се спречат напади со залутани ракети.

Read More

Најновиот развој на настаните во односите со Бугарија бил во фокусот на денешната седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, изјави по средбата шефот на државата Стево Пендаровски.

Read More

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска присуствуваше и на третата јавна расправа за Законот за работни односи што се одржа во Штип, се вели во соопштението на МТСП. На оваа расправа, учество зедоа претставници на работодавачите, вклучувајќи ги и претставниците на Организацијата на работодавачи на Македонија.

Read More

Сопственици, управители и директори од разни компании и занаетчии од Општина Крива Паланка ја прифатија поканата на градоначалникот, Сашко Митовски, и се вклучија во иницијативата за формирање Локален економски совет, тело кое преку генерирање добри идеи и бизнис анализи треба да влијае на економската слика во Крива Паланка, да привлекува инвестиции и овозможи отворање нови работни места.

Read More

Француската Влада денеска на состанок на Советот на министри ја усвои пензиската реформа, демонстрирајќи решеност да не попушта пред барањата на синдикатите, кои имаат намера да продолжат со протестите и штрајковите против водечкиот проект на претседателот Емануел Макрон.

Read More

Европската унија денеска и одобри дополнителна воена помош на Украина во вредност од 500 милиони евра, додека Берлин е под притисок на Кијив да му да испорача германски тенкови „Леопард“.

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски денеска најави дека Владата, во однос на уставите измени, планира да почне консултативен процес со кој, конкретно, ќе биде опфатена содржината на амандманите кои треба да бидат предмет на гласање во Собранието. Целта е, како што објасни, да се отвори јавна дискусија во која секој ќе може да го каже своето мислење за амандманите што треба да бидат предложени и усвоени.

Read More

Обвиненија за велепредавство се покренати против пет лица кои наводно планирале да го киднапираат германскиот министер за здравство и, според извештаите, биле подготвени да убијат за да ја соборат германската влада, соопшти денеска германскиот државен обвинител.

Read More

Учениците од второ одделение на почетокот на второто полугодие ќе ги добијат учебниците по математика и општетство, најави денеска Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири. Тој пред почетокот на второто полугодие истакна дека годинава ќе има и дел од учебниците за средно гимназиско образование, а речиси сите учебници за средно стручно образование ќе бидат целосно достапни и во електронска форма.

Read More