Author: Marta Pesevska

Преку одговорен пристап, со навремени и ефикасни мерки, Владата предводена од СДСМ на дело покажа успешно менаџирање со последиците од глобалната енергетска криза, истакна Каевски на прес-конферецијата на СДСМ. Истовремено, Христијан Мицкоски покажа целосно непознавање за енергетиката и се што заложникот на Апасиев и Левица кажа, на крајот излезе погрешно. Мицкоски свесно и намерно ги лажеше граѓаните дека енергетскиот сектор само што не пропаднал, дека за оваа зима нема да имаме доволно електрична енергија и енергенси. Денес, за првпат во 70 години, со полн капацитет работат сите енергетски постројки во државата и задоволуваат 100 проценти од потребите. За прв пат…

Read More

Високи американски функционери ја советуваа Украина да се воздржи од преземање голема офанзива против руските сили се додека не заврши нова испорака на модерно американско оружје и обука за негова употреба, изјави извор од администрацијата на претседателот Џозеф Бајден.

Read More

Учениците од четврто одделение од основното општинско училиште „Илинден“, Крива Паланка, од паралелката на наставничката Живка Стоилковска петта година по ред се дел од интернационалниот проект „Магична мрежа на пријателство“ што го основа наставничката од Србија, Жељана Радојчич Лукиќ, финалистка на Глобалната награда за наставници ( Global teacher prize), 2018 година.

Read More

Министерот за образование, полиција и за јавни служби на Нов Зеланд Крис Хипкинс ќе биде нов премиер на таа земја бидејќи тој беше единствениот кандидат да ја наследи Џасинда Ардерн на чело на Лабуристичката партија.

Read More

И покрај предизвикот на личниот идентитет кој сите го имаме, убавината е во прифаќањето на различностите и заедничкото делување за заедно да преминеме кон она што го посакуваме, а тоа е целокупен развој на нашата држава, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во изјава за ЦИВИЛ медиа, на единаесетта меѓународна научна конференција „Предизвици на идентитетот, културното наследство, одржливиот развој или туризмот поврзани со нови кризи“во Охрид. -Концептот едно општество за сите е полн со предизвици, јас бев вклучен во овој проект од самиот почеток, дури и бев дел од креаторите на Стратегијата. За жал реалноста е таква што според…

Read More

АД ЕСМ вчера произведe 16.048 мегават часови електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти.

Read More

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, синоќа изјави дека имал многу конструктивни разговори со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград за француско-германскиот предлог за решавање на косовското прашање и дека следната средба на преговарачите во Брисел може да се одржи наскоро.

Read More

Германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон во заедничка статија во германското издание „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ истакнаа дека се залагаат за брз и конкретен напредок во процесот на проширување на ЕУ, јави ДПА.

Read More

Припадниците на Министерството за внатрешни работи минатата година заплениле 2,4 тони дрога со вкупна вредност од околу шест милиони евра, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Read More

Нови протести во Франција се планирани денеска против контроверзната пензиска реформа, откако левичарската партија „Непокорна Франција“ и разни младински организации најавија дека свикуваат собири, јави ДПА.

Read More