Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Авганистанската администрација под контрола на талибанците денеска им нареди на сите локални и странски невладини организации (НВО) да им забранат на жените вработени во нив да доаѓаат на работа. Министерот за економија Абдулрахман Хабиб по тој повод објави дека на жените вработени во невладиниот сектор им е забрането да работат до понатамошно известување. Споиред него, тоа е бидејќи некои жени не се придржувале до толкувањето на талибанците за исламскиот кодекс на облекување. Не е прецизирано дали тоа важи и за организациите на ОН кои имаат големо присуство во Авганистан. Одлуката е објавена неколку дена откако раководството на талибанците им…
Новиот трансформатор за Блок 3 во РЕК Битола кој се изработуваше во фабрика во Турција пристигна во РЕК Битола. Министерот за економија Крешник Бектеши во објава на Фејсбук истакна дека после долги години РЕК Битола ќе работи со целосен капацитет и ќе произведува струја од сите три блока. 400-киловолтниот трансформатор со тежина од 240 тони се пренесуваше со специјална композиција преку патен транспорт низ Турција, бродски и патен транспорт низ Грција, и патен од преминот Меџитлија до РЕК Битола.
Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска ќе се одржи прием за семејствата на припадниците на Армијата кои извршуваат задачи во мировни операции во странство и поделба на новогодишни пакетчиња на децата на армиските припадници. Како што е најавено, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски на пладне заедно со семејствата ќе воспостават видео-конференциска врска со припадниците на Армијата кои извршуваат задачи во операциите во Косово, Босна и Херцеговина, Летонија, Романија, Бугарија, Либан, Централноафриканската Република и Ирак. Потоа ќе следи поделба на новогодишни пакетчиња на децата на мировниците. Со пристигнување на Дедо Мраз со армиски хеликоптер ќе следи…
Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ Пред некој ден седев на кафе со еден истакнат дипломат. Убав муабет си направивме. За светот и за Македонија. Најмногу за Македонија во светот и за светот во Македонија. Се разбира, специјално на фонот на војната во Украина и на геополитичките конвулзии и контракции во кои се крчка композицијата на новиот свет. Оти овој е расклатен како мост кој секој момент може да се урне. Во страотната руска агресија, но и други мајстори вадат пилони и копаат по коловозот. Не ме изненади кога ми рече: Тричко, Македонија е спакувана, ние сме вцртана маркичка во новиот урбанистички план на…
Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ, упати честитка до Киро Стојанов, скопски бискуп и струмичко-скопски епарх и до сите верници кои го прославуваат Божиќ според грегоријанскиот календар.
Најмалку 19 лица загинаа во САД во невремето опишано како „циклонска бомба“ што се случува еднаш во генерација, јавија американските медиуми. Температурите паднаа и до минус 45 Целзиусови степени во делови од државата, предизвикувајќи наноси од 10 метри од снег и илјадници откажани летови. Повеќе од 240 милиони Американци се соочија со предупредувања за временски услови од Националната метеоролошка служба на САД кои ги предупредија луѓето дека се соочуваат со можни смрзнатини, хипотермија доколку останат надвор предолго. Најмалку десет од тринаесетте смртни случаи поврзани со временските услови биле предизвикани од фатални сообраќајни несреќи во држави вклучувајќи ги Кентаки, Мисури,…
Најавите на директорот на Платежната Агенција, Никица Бачовски, за исплата на заостанатите дополнителни субвенции за предадено кравјо, овчо или козјо млеко кај регистриран откупувач, се реализираат.
Рокенрол мјузиклот „Архангелот над Скопје“ вечер во 20 часот премиерно ќе биде изведен во Македонскиот народен театар (МНТ). Режисер и дизајнер е Наташа Поплавска, а претставата е работена по музиката на нашиот најголем рок-бенд „Архангел“, создадена од Ристо Вртев. Покрај музиката, лириката и текстот се на Вртев.
САД склучија договори со одбранбени компании, вклучително и еден вреден повеќе од милијарда долари за Локхид Мартин, соопшти американското Министерство за одбрана.
Околу половина милион луѓе дневно се заразуваат со коронавирусот само во кинескиот град Чингдао, изјави здравствен претставник на градот, наведувајќи во напис што набрзо беше цензуриран, објави Гардијан.
Искусниот фудбалски стратег Клаудио Раниери (71) е нов тренер на Каљари, објави италијанскиот второлигаш.
Американскиот Конгрес го смени законот стар речиси 150 години со кој се регулира официјализирањето на резултатите од претседателските избори. Потегот е преземен со цел да се спречат идни обиди за оспорување на изборните резултати, како што тоа го направи во 2021 година поранешниот претседател Доналд Трамп.