Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Транзицијата кон зелена енергија е примерен фокус и потреба повеќе од било кога и во таа насока Министерството за транспорт и врски ја поедностави процедурата за поставување на фотоволтаици со што добиваме самоодржливи домаќинства и компании, но и го помагаме централниот електро -енергетски систем, истакна денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во Богданци од каде започнува кампањата за промоција на новите процедури за поставување на фотонапонски електроцентрали. Со новите поедноставени процедури кои се влезни на сила, покрај изработка на основен проект, до локалната самоуправа потребно е да се достави само известување за поставување на фотоволтаици со што се…
Во очекување на повиците од ИПАРД 3 програмата, разговараме со Никица Бачовски, директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Агротим: Во очекување на повици за ИПАРД 3, кажете ни до каде е постапката околу објавување на првиот повик? Бачовски: Агенцијата Заедно со целата ИПАРД структура прави максимални напори да добие акредитација од ЕК ДГ АГРИ за имплементацја на ИПАРД 3 Програмата. Ратификуван е Рамковниот договор за имплементација на ИПА 3 а во постапка е потпишување и понатаму ратификација на Секторскиот договор за имплементација на ИПАРД 3. Ова се две основни правни рамки пред да се…
На тема рурален туризам, ено-гастро концепт, еко туризам, дестинации на кои досега не сме им посветувале внимание, а кои треба да ги гледаме како светли точки за иднината на македонскиот туризам, разговаравме со директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. -Руралниот туризам мора да процвета. Треба да биде практикуван од локалното население кое директно треба да го види бенефитот. На тој начин ќе можеме да сметаме на поголема услуга, на повеќе мали бизниси, отворање на семејни бизниси и нови зелени работни места, бидејќи без тоа нема да можеме да сметаме на намалување на миграцијата. Потребно е да се…
Руските сили го гранатираа регионот Херсон 49 пати во четвртокот, на 24 ноември, при што загинаа десет луѓе, а уште 54 беа повредени, изјави Јарослав Јанушевич, шеф на регионалната воена администрација во Керсон, во објава на Телеграм, пренесува Укринформ. „Регионот Херсон. Информации за непријателските гранатирања за изминатиот ден, 24 ноември. Рашистите ја гранатираа територијата на Херсонската област 49 пати“, се вели во објавата. Според извештајот, станбените области во окрузите Тавријски и Житлоселишче во градот биле под масивен артилериски оган. Мета на Русите во градот беа приватни куќи и станбени блокови, бродоградилиште, училишна зграда и гасоводи. Непријателот ги гранатираше и Зеленивка, Чорнобаивка и…
Европскиот парламент денеска ги повика европските градови да донираат генератори на електрична енергија на Украина, која трпи големи прекини на електричната енергија поради руските напади врз инфраструктурата. Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола изјави дека „на Украинците сега им е потребна материјална поддршка за да ја преживеат зимата“ и додаде дека иницијативата наречена „Генератори на надеж“ е нова практична помош за Украина на почетокот на зимата. Градоначалникот на Фиренца и претседателот на мрежата на големи европски градови, Дарио Нардела, преку видео конференција објави дека европските општини „имаат неколку стотици генератори, дури и со индустриска големина, што можат да произведат електрична…
Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека очекува големо мнозинство од пратениците во Собранието да ја поддржат најавената реогранизација на Министерството за економија. – Јас сум убеден дека не само две третини, туку 120 пратеници треба да гласаат за вакви законски решенија кои се носат преку дебата со сите засегнати страни, со надворешни и внатрешни експерти. Ако во случај одредена политичка партија одлучи да не се прави ваква реформа и ние да се вратиме назад, а не да одиме напред, тоа е нивна одговорност. Иако јас не верувам дека во нашето Собрание, освен можеби една политичка партија, Левица на пример,…
„Пред десет месеци ја презедов одговорноста да ја предводам проевропската Влада, во време на економска и енергетска глобална криза, кога македонската економија беше под сериозен притисок од светската криза и неизвесноста беше огромна во светот, а не само кај нас“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Кочани. Тој додаде дека сето свое знаење и искуство го ставил на располагање на државата и спас на македонската економија. -Работевме ден и ноќ, со голема посветеност и макотрпна работа да направиме антиктизен пакет да ја спасиме економијата, да го спасиме животниот стандард на граѓаните…
Следната година инфлацијата се намалува, а економијата ќе се стабилизира, проекција на Народна банка
Народната банка со нови ревидирани проекции. Есенските проекции на централната банка покажуваат дека годинава би ја завршиле со инфлација од 14,3 проценти, а следната година се очекува постепено забавување на ниво од 8 до 9 проценти. На среден рок, инфлацијата ќе се намалува сведувајќи се на 2,4 проценти во 2024 година и на 2 проценти во 2025 година. Не се предвидува квартален пад на економијата. Според основното сценарио, стапката на раст за годинава би била 2,3 проценти, а за следната година 2,6 проценти, додека според второто сценарио, растот оваа година би изнесувал околу два процента и би забавил на 1,8…
„Булеварот Србија, во насока кон Гази Баба е тесно грло поради непуштениот мост Михајло Апостолски, а со реконструкцијата се прави и дополнително оптоварување надвор од градежната сезона, која ја најави самата градоначалничка“ изјави советничката во Град Скопје од СДСМ, Љубица Јанчева во „24 анализа“ на ТВ24. Таа додаде дека завршија сите три фази од предвидената градежна сезона, а реализација немаше, туку реконструкциите се вршат сега со почната учебна година, кога денот е помал. „Згора на тоа, работите не се одвиваат со интензивно темпо. Слична е ситуацијата и на излезот од општина Аеродром, бидејќи кон центар се реконструира булевар Кузман…
Според претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски придобивките од ЕУ се големи и значат сигурна иднина, подобар живот и побогати млади кои својот живот ќе го градат дома во својата земја. Тој на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Кочани дека се што правиме денеска, правиме за нашите млади утре. -Но, почитувани граѓани, на нашиот европскиот пат има голема и реална опасност. Тоа се Левица и Димитар Апасиев. Со опасниот популизам, со својата анти-ЕУ и запалива реторика Левица станува се посилна и повлијателна. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги имаат целосно земено како заложници затоа што Мицкоски е слаб, без визија и…
Германскиот производител на автомобили Ауди ја суспендираше целата активност на Твитер до понатамошно известување, објави денеска германската медиумска групација WirtschaftsWohe, цитирајќи извори од компанијата. Фолксваген, кој е сопственик на Audi заедно со брендовите VW, Seat, Cupra, Lamborghini, Bentley, Ducati и Porsche, на почетокот на оваа недела соопшти дека им препорачал на сите компании што ги поседува да го паузираат платеното рекламирање на Твитер до понатамошно известување, откако Илон Маск ја презеде таа социјална мрежа. Таа компанија нема објавено ниту еден твит од 1 ноември, а дотогаш твиташе речиси секој ден. Портпаролот на Фолксваген рече дека сите брендови го следеле советот,…
Во областа „Правда, слобода и безбедност“ е направен првиот чекор во „забрзување на интеграцијата“. Побаравме Северна Македонија да стане дел од Европската миграциска мрежа, што е доказ плус за добрата подготвеност во оваа област и посветеноста на македонскиот преговарачки тим на процесот, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во Брисел, каде денеска заврши тридневниот билатерален скрининг за Поглавјето 24 – Правда, слобода и безбедност. Според Маричиќ, со учеството во Европската миграциска мрежа земјава ќе има пристап до точни, најнови и ажурирани информации за движењата на границите, што е од високо значење и за безбедноста на нашите граѓани, но…