Author: Marta Pesevska

Човекот кoj избоде шест лица во Сиднеј во минатото имал проблеми со менталното здравје и нема индикации дека идеологијата била мотив за нападот во еден од најпрометните трговски центри во градот, соопшти соопшти денеска полицијата, пренесува Ројтерс. Напаѓачот, идентификуван од полицијата како 40-годишниот Џоел Каучи, и бил познат на полицијата во соседната држава Квинсленд, а полицијата разговарала со неговото семејство по нападот во саботата, според полицијата од Нов Јужен Велс и од Квинсленд. Семејството на Каучи го препознало и ја контактирало полицијата во саботата откако ги видело извештаите за убиствата. Тој смртно избоде шест лица и повреди најмалку 12 лица…

Read More

Вкупните борбени загуби на Русија во Украина меѓу 24 февруари 2022 година и 14 април 2024 година достигнаа околу 453.650 војници, вклучително и 890 убиени или ранети во акција во изминатите 24 часа. Ова го соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина преку објава на Фејсбук, пренесува Укринформ. Покрај тоа, украинските одбранбени сили уништија 7.174 (+5) непријателски тенкови, 13.765 (+20) оклопни борбени возила, 11.552 (+34) артилериски системи, 1.046 (+1) повеќекратни ракетни фрлачи, 758 (+2) противвоздушна војна системи, 347 воени авиони, 325 хеликоптери, 9.235 (+34) тактички беспилотни воздушни системи, 2.089 (+1) крстосувачки ракети, 26 воени бродови/секачи, 1 подморница, 15.459 (+63) камиони…

Read More

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска преку статус на социјалните мрежи реагираше на прозивките од страна на функционерот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Совет на Град Скопје, Трајко Славески. Битиќи во својата објава порача дека ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ за наводно зголемување на пензиите може сериозно да го загрози Фондот за пензиско осигурување. „Вие и вашата партија сте познати само по движењето контра, и никогаш напред, сега доаѓате со бомбастично ветување кое многу лесно го прочитаа преку 334.000 пензионери, на кои им ветувате зголемување од 5.000 денари на пензиите без да кажете кога и во колкав временски период ќе се…

Read More

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска вети дека неговата земја ќе постигне победа откако војската соопшти дека ги соборила речиси сите над 300 беспилотни летала и проектили лансирани од Иран во острата ескалација на блискоисточниот конфликт, пренесува Ројтерс. Нападите на Техеран доцна во саботата, започнати по осомничениот израелски воздушен напад врз комплексот на неговата амбасада во Дамаск на 1 април, во кој загинаа офицери на елитниот Корпус на Исламската револуционерна гарда, ја зголемија заканата од поширок регионален конфликт. Иран се потпираше на своите полномошници низ регионот за да ги нападне израелските и американските цели во знак на поддршка за палестинската милитантна…

Read More

„Од другатата страна гледаме дека ништо не е променето. ВМРО-ДПМНЕ е истата партија од минатото, со истите луѓе. Со нив, не е можна никаква позитивна промена. Напротив, само враќање назад во мрачно минато. Она што се случува во Скопје откако власта ја презеде ВМРО-ДПМНЕ е најголема потврда што се случува кога ДПМНЕ е власт. Ветуваа модерно Скопје a испорачаа запустено Скопје, град полн со ѓубре, со јавни претпријатија потонати во долгови и хаос во јавниот превоз. После Скопје 2014 му приредија уште една катастрофа на главниот град. Е тоа е ДПМНЕ. Ама граѓаните гледаат и паметат,“ рече претседателот на СДСМ,…

Read More

Белгиското обвинителство го разгледува можното руско мешање во претстојните избори за Европскиот парламент по наодите што ги добиле од разузнавачките служби, изјави денеска премиерот Александар Де Кро, пренесува Ројтерс.

Read More

Скопје: Здружението на новинарите на Македонија ги осудува неоснованите приватни кривични тужби од страна на политичката партија ЛЕВИЦА кон новинарот и уредник Гоце Михајлоски и новинарката Михаела Димовска од Канал 5 телевизија.

Read More

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево, во рамки на 96. седница, со жребување го утврди редоследот на кандидатските листи за изборите. Број 1 е Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, број 2 – Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО- ДПМНЕ, број 3 – Коалицијата „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ, број 4 – Коалицијата Европски форнт, број 5 – Левица, број 6 – Коалицијата „Вреди“, број 7 – Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, број 8 – Единствена Македонија, број 9 – Нова алтернатива, број 10 – Аваја, број 11 – Европско граѓанско движење, број 12 – Македонска ера трета/Македонски…

Read More

Германскиот парламент усвои закон со кој на граѓаните и жителите им се олеснува законски да го променат полот. Во рамки на истиот закон се воведуваат и големи казни, во конкретни околности во случај наоткривање на нечие претходно регистрирано име или пол без согласност. Претходно, за промена на регистрираниот пол беше потребна лекарска потврда и одобрение од семеен суд. Сега лицата постари од 18 години можат да се променат пол во машки, женски, или опција за трет пол што веќе постои според германскиот закон. Три месеци по барањето за таква промена, апликантите ќе мора лично да се појават во матичната служба.…

Read More

Европа е „доволно богата“ за да купи оружје и муниција за Украина, изјави полскиот премиер Доналд Туск на заедничката прес-конференција во Варшава со неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис, јави дописникот на Укринформ.

Read More