Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Албанија стана полноправна членка на механизмот за цивилна заштита на Европската унија, објави премиерот Еди Рама. -Албанија ги исполни сите услови и стана полноправна членка на Европскиот механизам за цивилна заштита, што значи дека секоја наша природна катастрофа е истовремено и природна катастрофа на Европската унија, која веднаш го става во движење европскиот механизам за заштита, ангажирајќи за Албанија средства, луѓе и средства за справување со вонредни состојби, напиша Рама на Фејсбук. Додава дека “денеска сме чекор поблиску до ЕУ, а ЕУ е чекор поблиску до нас, на пат кој секој ден станува се позаеднички”. – Благодарност до европскиот комесар…
Работиме на решенија за заедничките проблеми, борба со нелегалната миграција, одбрана на нашите граници и стабилност на Западен Балкан, напиша на Твитер вицепремиерот и министер за надворешни работи на Италија Антонио Тајани по средбата со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина.
Од 24 февруари, кога започна воената операција на Русија во Украина, до 15 ноември, во европските земји пристигнале вкупно 7.841.359 украински бегалци, соопшти денеска канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), пренесува МИА. Најмногу бегалци прими Русија (2.852.395), потоа Полска (1.497.849), Германија (1.019.789), Чешка (460.415), Италија (173.231), Шпанија (153.054), Бугарија (145.560), Турција (145.000). Британија (143.100), Франција (118.994) и Словачка (100.783). Во другите земји, бројот на украински бегалци не надминува 100.000, а вкупно 4.725.612 бегалци од Украина се вклучени во привремените национални програми за заштита и поддршка. Во извештајот на УНХЦР се наведува дека до 24 февруари, 15.354.147 луѓе ја напуштиле Украина, а 7.747.450 се вратиле во земјата.
„Меиловите со најави за поставени бомби се праќаат од надвор, преку VPN адреси и креирани виртуелни мејлови. За истрагата мора да одиме преку меѓународна правна помош, од интернет провајдерите добиваме информациите кои потоа ги проследуваме до секторот за тероризам“ изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „24 анализа“ на ТВ24.
Шведскиот парламент денеска ги изгласа измените на Уставот заради зајакнување на борбата против тероризмот, што Турција го бара за да го поддржи влезот на земјата во НАТО. Парламентот денеска, исто така, изгласа и уставни амандмани за шпионирањето и собирањето информации, што предизвика загриженост во медиумите, пренесува МИА.
Потпретседателот на Европска комисија, Франс Тимерманс денеска најави дека ЕУ и четири нејзини земји-членки ќе и дадат на Африка над една милијарда евра за адаптирање на климатските промени, пренесува МИА. Тимерманс помошта за Африка ја најави на Самитот на Обединети нации КОП27, што се одржува во египетското летувалиште Шарм ел Шеик. – ЕУ и четири земји-членки – Франција, Германија, Холандија и Данска ќе обезбедат повеќе од една милијарда евра за поддршка на адаптацијата на Африка, посочи Тимерманс.
Во вечерашното ТВ соочување на министерката за одбрана Славјанка Петровска со пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ во „Само вистина“, опозицискиот пратеник ја обвини дека во анкетниот лист испратен до Државната комисија за спречување корупција не пријавила имот во скопско. -Немам непријавен имот ниту недвижен, ниту движен. Барам да ми се извините. Ако постои таков имот уште утре ќе го донирам на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи и онака со судска наредба на вашата партија и се одзема имотот, кажа Петровска. Министерката пак, го праша пратеникот Ковачки во гостувањето дали бил унапреден за полковник пред време и бе да ги исполнува критериумите. Тој одговори…
Во Домот на културата во Урошевац, Косово, вчера беше претставена изложба на македонски стрип автори, пријавени преку јавен повик и обезбедени авторски права, пренесува МИА.
Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок оцени дека Русија е одговорна за смртоносниот ракетен напад во Полска, пренесува МИА.
Собранието попладнево во рамки на 91.седница ги донесе Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство, како и измените и дополнувањата на законите за даночна постапка и за регистрирање на готовински плаќања, пренесува МИА. Пратениците од власта и од опозицијата беа едногласни дека законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство заслужува внимание, бидејќи таргетира група жртви на семејно насилство, оди во насока на нивни поголеми права и поедноставување на процедурата за нивно обесштетување. За измените и дополнувања на неколку закони меѓу кои за придонеси од задолжително социјално осигурување, за…
Формула 1 тимот Алпин го отпушти својот правен директор Бенедикт Мерсер, кој беше тесно поврзан со загубата на Оскар Пјастри како возач за 2023 година, пренесува МИА.
Драган Барјактаревиќ Кому и зошто му пречат Македонците и СР Македонија? Дали зад негирањето на националниот идентитет на Македонците и македонскиот јазик заправо се кријат територијални претензии кој Југославија? Михајло Апостолски е човек за роман и историја, а не за весници. Според неговиот богат животопис исто така би можела да се напише богата и бурна историја на македонскиот народ во овој век, и обратно, се разбира. Имено, од детските денови во Штип, од почетокот на веков до денес, Апостолски е сведок и учесник на таа историја. Ѝ припаѓа на старата гарда која имаше среќа да не ја учи историјата од…