Author: Marta Pesevska

Од нови вештачки острови до уништување на животната средина предизвикано од пробивањето на браната Каховка во Украина – вака човештвото го промени ликот на нашата планета во текот на изминатата година. Останаа малку места на Земјата каде луѓето не оставиле некаков белег. Се проценува дека 95% од копното на нашата планета – не вклучувајќи го Антарктикот, иако човештвото оставило свој отпечаток и таму – сега покажува некои знаци на човечка активност. Според една неодамнешна анализа, околу 16 отсто од тоа земјиште е силно модифицирано, објави Би-Би-Си.

Read More

Во регионот Харкив, руската инвазивна армија го гранатирала Вовчанск во раните утрински часови, употребувајќи минофрлачи и фрлајќи воздушна бомба, изјави Олех Синиехубов, шеф на регионалната воена администрација, пренесува Укринформ.

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски и актуелен лидер на СДСМ, лидерот на ДУИ Али Ахмети и поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев имале средба во Скопје. Информацијата за МИА ја потврдија извори од СДСМ кои посочуваат дека средбата поминала во конструктивна и позитивна атмосфера. Средбата траела околу четири часа и на неа е разговарано за европскиот фронт и за претстојните претседателски и парламентарни избори.

Read More

Украина интензивно работи со своите партнери за да го врати воздушниот сообраќај кој е суспендиран речиси две години, со главен фокус на меѓународниот аеродром Бориспил, недалеку од главниот град Кијив, изјави денеска Ростислав Шурма, заменик-шеф на украинскиот претседателски кабинет. Воздушниот простор на Украина е затворен од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година поради безбедносни ризици за цивилната авијација и секој што патува во Кијив, го прави тоа по автопат или железница од соседните земји. Киев смета дека обновувањето на воздушниот сообраќај е многу важно за економијата. – Не сакам да создавам премногу очекувања… но можам да ви кажам…

Read More

Албанскиот премиер Еди Рама денеска беше во посета на Баварија, Германија, на покана на баварскиот премиер Маркус Седер, како учесник на традиционалниот состанок на почетокот на годината на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), каде раководството на Унијата ги презентира европските предизвици. По средбата со пратеничката група на ЦСУ, премиерот Рама одржа заедничка прес-конференција со баварскиот премиер Содер, со претседателот на пратеничката група на ЦСУ Клаус Холечек и со пратеникот во Европскиот парламент, Манфред Вебер. Задржувајќи се на прашањето за илегалната имиграција, Рама оцени дека „Албанија не е решението, но Албанија може да го заврши својот дел да придонесе за ова решение, како…

Read More

Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ денеска се договорија да се намали дозволената емисија на јаглерод диоксид од моторите на тешките товарни возила и да воведат општа одредба за „нулта емисија“ за градските автобуси со цел борба против климатските промени. Емисиите на гас од тешките возила продадени од 2030 година мора да се намалат за најмалку 45% во споредба со 2019 година, а потоа да се намалат за 65% во 2035 година и 90% во 2040 година, според текстот одобрен од европратениците. Новите регулативи поставија специфична цел за градските автобуси да бидат 100% нулта емисија од 2035 година, односно намалување…

Read More

Заменикот генерален секретар на ОН, Мартин Грифитс, повика да се соберат 4.2 милијарди долари хуманитарна помош за настраданото од војна население на Украина, како и за украинските бегалци и заедниците во регионот кои ги примаат тие бегалци. Според него, таква помош годинава ќе биде потребна за 40 отсто од населението на Украина. -Идниот месец ќе настапи третата година од оваа сеопфатна војна и окупација, изјави Грифитс, кој е заменик на генералниот секретар по хуманитарните прашања и координира итна помош. Тој истакна дека иако војната во источна Украина започна пред десет години, „ескалацијата во 2022 година придонесе кон сосема ново ниво…

Read More

Повеќе од 20 високи функционери за надворешна политика на ЕУ ја повикаа претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен да ги истражи наводите за измама на изборите одржани во Србија на 17 декември, еден ден по дискусијата на која тоа го побараа и одредени европратеници, пишува порталот Политико. Во средата вечерта во Европскиот парламент, европратениците побараа меѓународна истрага за „изборна измама во Србија“, а некои од нив ги повикаа земјите-членки на Европската унија да не ги прифаќаат резултатите од изборите, чии нерегуларности беа посочени од меѓународните набљудувачи и дел од српската опозиција. „Ја повикуваме ЕУ да спроведе независна истрага за…

Read More

Триесетдневен притвор му одреди Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје на петтиот осомничен за упадот во објектот на Контролата на летање на аеродромот во Скопје на 4 јануари. – Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје против решение на судија на претходна постапка со кое на 12.01.2024 година на Љ.Ќ. за кој постои основано сомнение дека учествувал во настаните во М-НАВ, му определи мерка куќен притвор и дополнителна мерка за претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, донесе решение со кое жалбата на јавниот обвинител се уважува…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утре ќе присуствуваат на одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Скопје, соопшти владината прес-служба. Ковачевски и Спасовски, според најавата, ќе пристигнат на мостот „Слобода“ во 11:30 часот и ќе присуствуваат на осветувањето на водите на реката Вардар и положување на светиот крст.

Read More

НАТО е посилен и поподготвен од кога и да било досега и заедно постигнавме значително зајакнување на нашата колективна безбедност, но сакаме и мораме да сториме повеќе со цел да се справиме со сите потенцијални закани, изјави претседателот на Воениот комитет на Алијансата, адмирал Роб Бауер на прес-конференцијата по завршувањето на дводневното заседание на ова тело кое ги вклучува началниците на Генералштабовите на Вооружени сили на земјите членки на Пактот. Тој истакна дека сојузниците во НАТО работат на подобрување на спроведливоста на новите воените плановите, со цел тие да можат да се спроведуваат со минимален ризик. Според него, за остварување…

Read More

Денеска во Приштина, Косово, се одржа средба меѓу генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ, претседателот на СДММ Марко Михаилоски и генералниот секретар на партијата Самоопределување, Алим Рама придружуван од секретарот за меѓународна соработка од оваа партија, Хајрула Чеку, стои во соопштението на СДСМ. На средбата се разговараше за понатамошната соработката меѓу двете партии, за регионалната соработка и дијалогот како клучни столбови за стабилност и европската иднина на Западен Балкан. Взаемно беше истакната заложбата за продлабочување на соработката меѓу партиите во рамки на ПЕС, откако Самоопределување стана придружна членка на Партијата на европски социјалисти,…

Read More