Author: Marta Pesevska

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон денеска ги повика американските конгресмени да одобрат нов пакет помош за Украина, на што инсистира и американскиот претседател Џо Бајден. Камерон ова го изјави на Светскиот економски форум во Давос. Тој нагласи дека одобрувањето на нова помош ќе биде во интерес на САД и дека обидите да се „вразуми“ Русија нема да функционираат. „Постои мнозинство во Конгресот за усвојување помош. Само треба да го најдеме и да го натераме да гласа, рече Дејвид Камерон во Давос. Кон крајот на минатата година, САД ја објавија последната транша од воената помош за Украина, но сега…

Read More

Албанија е на прагот на епидемија во однос на респираторните инфекции. За една седмица лекарска услуга побарале над15 илјади лица, потврдуваат од Институт за јавно здравје. – Кривата на инфекции е во пораст, бидејќи кај нас циркулираат два вируси на грип А h1 N1 и Ah2 n3, вирусот ковид и бројни вируси кои го зголемија оптоварувањето на болниците во земјава. Бројот е многу повисок бидејќи има граѓани кои не се јавуваат кај лекар, додаваат од Институт за euronews.al. Според истиот извор од недела во недела бројот на заболени се зголемува за најмалку 2000 случаи  а пикот се очекува во првите…

Read More

Контролата на североисточната граница на Италија долж границата со Словенија ќе биде продолжена за уште пет месеци, изјави италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси, пренесува италијанската агенција АНСА. Мерката ќе стапи во сила на 19 јануари, објасни тој во пораката испратена до властите на ЕУ и министрите за внатрешни работи на земјите-членки. Одлуката „е мотивирана од континуираниот ризик од терористичка инфилтрација меѓу лицата кои нелегално пристигнуваат во Италија и од фактот што најголемите текови на балканската рута транзитираат преку копнената граница со Словенија“, рече Пјантедоси. Извор: МИА

Read More

Вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска одржа средба со шефот на мисијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир, на која, како што информира, било разговарано за активностите кои ги спроведува Кабинетот кој таа го предводи и за низа актуелни прашања поврзани со реформските процеси, кои се клучни за пристапување кон ЕУ и се основа на севкупниот развој на општеството. Грковска, како што информираат од владината прес-служба, на средбата го информирала амбасадорот Гир за новата Стратегија за транспарентност на Владата, која беше подготвена во соработка со граѓанскиот сектор, како и за измените на Законот за рестриктивни мерки…

Read More

Пет лица загинаа кога камион ги покоси среде заледен автопат во североисточна Пенсилванија, додека се движеле пеш откако ги оставиле своите возила поради судир, соопшти денеска американската полиција. Загинатите се лица кои се превезувале со комбе кое поради снегот се лизнало и удрило во оградата на патот, и од автомобилот кој удрил во него. Тие ги оставиле хаварисаните возила и тргнале пеш да се симнат од патот, но биле покосени од камион. Во североисточна Пенсилванија е многу студено, а метеоролошката служба предупредува на замрзнати и лизгави патишта. Извор: МИА

Read More

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска оствари средба со  министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Игли Хасани во рамки на неговата официјална посетата на земјава. Како што информира собраниската прес-служба, Џафери истакна дека Република Северна Македонија и Република Албанија споделуваат заеднички цели и интереси на надворешно-политички план во врска со членството во Европската унија, соработката во рамките на НАТО и продлабочувањето на регионалната соработка. Интензитетот на реализирани билатерални посети на сите нивоа, според Џафери, е еден од најдобрите показатели за одличните односи меѓу двете држави. -Претседателот на Собранието нагласи дека двете земји меѓусебно…

Read More

 Минатата година во Шпанија беа извршени повеќе трансплантации на органи отколку кога било досега, објави Министерството за здравство на таа држава. Според извештаите, извршена е вкупно 5.851 таква процедура, што е за девет отсто повеќе во однос на 2022 година. Шпанија е глобален лидер во трансплантација на органи повеќе од три децении, а меѓу причините за тоа се постоењето на координатори за трансплантација во болниците и напредокот постигнат на полето на донирање органи. Во исто време, Шпанија има најголем број донатори на органи во светот со стапка од 48,9 донатори на милион луѓе, според Министерството за здравство. Извор: МИА

Read More

Претседателот на Светска банка Аджај Банга на Светскиот економски форум во Давос рече дека светот се соочува со „егзистенцијална климатска криза“ и претстави план од пет точки за борба против климатските промени. На оваа тема зборуваше претседателката на ММФ, Кристалина Греоргиева, која рече дека цената на емисиите на јаглерод до 2030 година ќе достигне 85 долари за тон. Првата точка предвидува Светската банка да одвои 45 отсто од средствата за климатски цели до 2025 година, од кои половина ќе бидат наменети за ублажување на емисиите на штетни гасови, а другата половина за адаптација на климатските промени. Друга обврска преземена од…

Read More

На затворска казна од осум години е осуден 33-годишен маж во Грција за убиство на две бездомни мачки во атинска населба, а паралелно изречена му е и парична казна во висина од 20.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Read More

Седницата на Надзорниот одбор во националниот давател за воздухопловни услуги М-НАВ за смена на раководството продолжува и утре, се до комплетирање на целокупната документација, информираат од М-НАВ. Надзорниот одбор во М-НАВ денеска попладне ја почна седницата за промените во раководството, согласно насоките што ги доби од Владата на 9 јануари, а по упадот во институцијата на почетокот на месецов –  да ги разреши претседателот на Управниот одбор Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор Љубе Стаменковски и на нивно место да ги именува Хекуран Асани и Милан Кораќ, потврдија за МИА од службата за информирање во М-НАВ. – Седницата на Надзорниот…

Read More

Јужна Африка соопшти дека повеќе од 50 земји ја изразиле својата поддршка за нејзиниот случај пред највисокиот суд на ОН, во кој оваа земја го обвини Израел за геноцид врз Палестинците во војната во Газа. Други земји, вклучително и САД, го отфрлија обвинувањето на Јужна Африка дека Израел ја прекршува Конвенцијата на ОН за спречување и казнување на злосторството геноцид, а многумина не кажаа ништо. Реакцијата на светот на сослушувањата во четврток и петок во Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг ја покажува очекуваната поделеност околу 75-годишниот израелско-палестински конфликт. Повеќето земји кои ја поддржуваат Јужна Африка се од арапскиот…

Read More

Управата за јавни приходи ги демантира новодите на ВМРО-ДПМНЕ за работата на УЈП и за постапката која што ја водат надлежните институции за злоупотреба на даночниот систем. -Управата за јавни приходи остро ги демантира наводите од страна на ВМРО – ДПМНЕ, во кои се изнесуваат невистини за работата на УЈП и постапката која што ја водат надлежните институции за злоупотреба на даночниот систем, се посочува во соопштението од УЈП. Од Управата наведуваат дека изнесувањето неточни и лажни информации од страна на ВМРО – ДПМНЕ со кои „се манипулира и доведува во заблуда јавноста“, нанесува штета на работењето на УЈП. -Институциите…

Read More