Author: Marta Pesevska

Ал Џезира денеска го осуди убиството и „таргетирањето“ палестински новинари во Газа, откако двајца репортери кои работеа за телевизијата загинаа во напад врз нивниот автомобил. Хамза Ваел Дахдух, фоторепортер и син на нивниот дописник од Газа, Ваел Ал-Дахдух, и Мустафа Турија, видео стрингер за новинската агенција АФП, кој работеше за Ал Џезира, загинаа во нападот во Рафа. „Медиумската мрежа Ал Џазира силно го осудува таргетирањето на автомобилот на палестинските новинари од страна на израелските окупаторски сили“, се вели во соопштението на компанијата. Тие го обвинија Израел за „кршење на принципите на слободата на печатот“. Ваел Дахдух (52), шеф на бирото…

Read More

Јавниот обвинител во својата жалба до Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје детално ги образложи причините поради кои смета дека одлуката на судијата на претходна постапка да не определи мерка притвор за осомничените во случајот со М-НАВ е неоснована, информираат од Јавното обвинителство. -Обвинителството ги има и ги приложи сите докази дека постои реална опасност четворицата осомничени кои се лишени од слобода да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоци (вклучувајќи ги и оштетените, но и осомничените кои се уште се недостапни), како и да го повторат делото. Во однос на обележјата на кривичното дело – Загрозување на…

Read More

Претседателот на Собранието Талат Џафери на сите припадници на православната вероисповед, упатува искрени честитки по повод големиот христијански празник, Христовото раѓање – Божиќ, со желби празникот повторно да ги собере околу себе семејствата, пријателите, соседите и познаниците за дружење, споделување среќни мигови и заедничка трпеза. – Нека празникот, со сето свое волшепство рефлектира топлина во овие зимски денови, нека ги грее срцата со човештво, солидарност, взаемна почит и разбирање меѓу сите граѓани, и меѓу оние што го слават овој голем празник, и меѓу оние што изразуваат почит кон него. Важно е да се споделува благородна мисла, убава желба и топла…

Read More

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска ги поздрави одлуките на Белград и Приштина за регистарските таблички со кои се овозможи укинување на режимот на налепници и слободно движење на возилата. „ЕУ ги поздравува одлуките на Косово и Србија официјално да ги признаат меѓусебните регистарски таблички на возилата и целосно да го укинат режимот на налепници“, изјави Борел, соопшти Европската служба за надворешни работи. Тој оцени дека таа одлука претставува позитивен чекор во имплементацијата на Договорот за патот кон нормализација, како и во досегашните обврски од дијалогот за слободата на движење. „Тоа покажува дека е…

Read More

Париз в понеделник ќе именува улица по музичката легенда Дејвид Боуви, првиот град во светот кој ќе му оддаде почит на пејачот кој почина пред осум години. Rue David Bovie, именувана по еден од највлијателните  музичари на 20 век, официјално ќе биде отворена во 13-тиот арондисман на Париз на левиот брег на градот. Улицата неодамна беше изградена како дел од големо реновирање на кварт што ја вклучува и модернистичката универзитетска  Библиотека Франсоа Митеран. Улицата долга околу 50 метри, од претходно им била позната на градските планери под работното име „ VoieDZ/13 “. Не постои евиденција дека Боуви има своја улица…

Read More

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски присуствуваше на Архиерејска литургија по повод празникот Христово раѓање – Божиќ во Соборниот храм „Свети Климент Охридски” во Скопје, од каде во име на Владата и МВР на сите граѓани им посака многу здравје, среќа и единство. – На сите православни верници им посакувам честит Божик, духовен мир, многу здравје, среќа, единство што е најмногу потребно, а на сите граѓани да посакам здравје, среќа и заеднички да празнуваме, заеднички да ја градиме Македонија со просперитет и напредок за секој, изјави Спасовски, по богослужбата на Архиепископот г. г. Стефан. Лепче со паричка за Бадник, посочи…

Read More

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вчера изјави дека украинските власти подготвуваат нови форми на соработка со партнерите со цел да ги зајакнат воените капацитети со дронови. -Следната недела планираме значајни меѓународни состаноци и нови форми на соработка со партнерите, особено во однос на беспилотните летала, во смисла на зајакнување на нашите способности во користењето на беспилотни летала и во спротивставувањето на руските беспилотни летала, како и во зајакнувањето на способностите на радио-електронска војна, рече Зеленски, пренесуваат украинските медиуми. Зеленски вчера одржал многу состаноци, меѓу кои и состанок за безбедносните гаранции, што, според него, е еден од клучните приоритети на украинската…

Read More

На стратешките билатерални односи, за кои истакнаа дека се на толку добро ниво како никогаш досега, се осврнаа грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и американскиот државен секретар Антони Блинкен на нивната средба на Крит, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис и Блинкен се сретнаа синоќа во домот на грчкиот премиер во Ханиа на островот Крит, а разговарале за билатералните односи, за меѓународните и регионалните прашања со акцентот на случувањата на Блискиот Исток, за војната во Украина, како и за состојбата на Блискиот Исток. На почетокот на средбата, државниот секретар на САД рече дека има многу пријатели Грци во САД и…

Read More

Федералната воздухопловна администрација (ФАА) нареди денеска приземјување на околу 171 патнички авиони „Боинг 737-9 Макс“ („Boеing 737-9 Max 9“) низ целиот свет по инцидентот синоќа за време на лет на еден таков воздухоплов на авиокомпанијата „Алјаска ерлајнс“. -ФАА побара извршување на инспекција веднаш на некои авиони „Боинг 737-9 Макс“ пред да се вратат во употреба, изјави администраторот на агенцијата Мајк Витакер. Одлуката доаѓа откако лет на „Алјаска ерлајнс“ синоќа беше принуден да слета во Портленд, Орегон, шест минути по полетувањето, откако се откорнал прозорец и дел од патничката кабина. Авионот „Боинг 737-9 Макс“ бил произведен и добил сертификат пред само…

Read More

Русија минатата ноќ лансираше 28 беспилотни летала и три крстаречки ракети на украинска територија. Украинската противвоздушна одбрана уништи 21 од беспилотните летала, соопштија украинските воздухопловни сили. Тие додадоа дека Русија главно гаѓала цели во јужна и источна Украина. Украинското воздухопловство не прецизираше што се случило со трите руски крстосувачки ракети. Извор: МИА

Read More

Почнувајќи од денеска, па во текот на следната недела Белгија ќе биде зафатена од студен бран со температури под нулата, јави дописникот на МИА од Брисел. Како што соопшти белгискиот Кралски метеоролошки институт, Белгија ќе биде зафатена со најстуденото време од февруари 2021 година, при што температури ќе се движат од минус 5 до нула степени Целзиусови. Ваквото време е резултат на т.н. ефект „Москва-Париз“, предизвикан од комбинација на зоната под висок притисок над Велија Британија и Ирска и студените ветрови од реонот на Скандинавија, каде температурите изминативе денови се спуштија од -40 до -20 степени Целзиусови. Ветерот од скандинавскиот…

Read More

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел ќе се кандидира за избор во Европскиот парламент (ЕП) во јуни и ќе се повлече од сегашната функција доколку биде избран, соопшти вчера во интервју за белгискиот весник „Стандард“, пренесе БТА. -Одлучив да се кандидирам на европските избори во 2024 година“, вели Мишел, додавајќи: „Ако бидам избран, ќе седнам на моето место (во Европскиот парламент). Европскиот совет може да го предвиди развојот и да го одреди (мојот) наследник до крајот на јуни – почетокот на јули“. Четириесет и осумгодишниот Мишел е поранешен премиер на Белгија, а од крајот на 2019 година е на чело…

Read More