Author: Marta Pesevska

Најмалку 11 лица, меѓу кои пет деца, загинаа, а осум се ранети вчера во руски напад врз градот Покровск во источна Украина, изјави гувернерот на областа Доњецк, Вадим Филашкин. -Русите ја нападнаа областа со ракети С-300, при што загинаа 11 лица, а уште осум беа повредени. Главниот напад беше на Покровск и Ривне во општина Мирноград, напиша регионалниот гувернер на „Телеграм“. Тој објави фотографии на кои се гледа како спасувачите бараат преживеани во урнатините. Според него, во штрајкот оштетени се шест куќи. Градот Покровск, кој пред војната имаше 60 илјади жители, веќе беше цел на особено смртоносен напад во август…

Read More

Смртта на заменик-лидерот на Хамас, Салех ал-Арури ги отежнува преговорите за постигнување договор за ослободување на заложниците кои ги држеше палестинското движење во Појасот Газа, јави ДПА, повикувајќи се на катарските власти. Катар, заедно со Египет и САД, се посредници во војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа. Американското издание Аксиос, повикувајќи се на катарски функционер и израелски извор, објави дека катарскиот премиер и другите катарски официјални лица им кажале на семејствата на шесте американски и израелски заложници дека смртта на Ал-Арури ги отежнува напорите да се постигне нов договор. Катарскиот премиер Шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани им…

Read More

Судот постапува пред се врз основа на приложената документација/докази доставени од ОЈО и МВР и врз основа на слободно судиско убедување, посочуваат од Основен кривичен суд Скопје по реакциите кои произлегоа од неправосилните одлуки на Судот за случувањата во М-НАВ. Од Кривичен нагласуваат дека јавноста мора да се запознае со релевантните податоци за настанот, внимавајќи притоа и на тајноста на истрагата, а со единствена цел да се отфрлат сите непроверени шпекулации кои се пласираат, а со кои се влијае врз судско обвинителската постапка. – Имено,  неспорно е дека настан од кривично правен аспект постоел, па затоа со цел да се…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во чест на големиот христијански празник, Рождество Христово – Божиќ, во име на Владата и во свое име, упати телеграма со честитки до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, до Светиот архиерејски синод, свештенството и монаштвото и до сите граѓани кои денеска празнуваат. „Раѓањето Христово – Божиќ, секоја нова година, симболизира нов почеток и со тоа отвора нова можност, поискусни, помудри и со чисти мисли да пристапиме кон нови добри дела, што носат добро за сите. Само солидарни, истрајни во вербата и со…

Read More

Повеќе лица се застрелани во средното училиште Пери, изјави шерифот на округот Далас, Адам Инфанте на прес-конференција. Полицијата го идентификувала напаѓачот, но не соопштува повеќе детали за пукањето во тоа средно училиште што се наоѓа во американската држава Ајова. Силно полициско и медицинско присуство има околу гимназијата, на околу 60 км северозападно од центарот на Де Моин во округот Далас, јавија американските медиуми. Извор: МИА

Read More

Шефот на британската дипломатија Дејвид Камерон денеска ја нагласи важноста од одржување на мирот и стабилноста на Западен Балкан, со 45 милиони фунти (57 милиони долари) за зајакнување на безбедноста во регионот. За време на посетата на Косово, негова прва како прв дипломат на Велика Британија, тој се сретна со политичките лидери во Приштина и ги посети британските војници. По разговорите со неговата косовска колешка, Доника Гервала-Шварц, Камерон ја истакна „важноста на стабилноста на Западен Балкан“. „Тоа е нешто во што Британија инвестира, со 45 милиони фунти оваа година. Тоа е нешто што е многу важно за нашиот национален интерес“,…

Read More

Европската Унија најостро ги осудува експлозиите во иранскиот град Керман, наведе денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во писмената изјава по повод вчерашниот инцидент во кој според последните податоци загинаа 84 лица. – Овој шокантен чин на терор чинеше животи на невини цивили и многу повредени. ЕУ ја изразува својата солидарност со иранскиот народ. Нашите мисли се со жртвите и нивните семејства, наведе Борел во кусата изјави. Експлозиите се случија во градот Керман во југоисточниот дел на Иран, во близина на гробот на влијателниот ирански генерал Касем Сулејмани за време на комеморативната церемонија по…

Read More

САД се судираат со уште еден Ковид-19 бран и бројни јавни здравствени институции, како оние во Лос Анѓелес и Чикаго, повторно воведуваат препораки за носење маски. Се работи за новата доминантна варијанта ЈН.1 која што се утврдува дека лесно се адаптира кај вакцинираните и оние кои биле претходно инфицирани. Примероци од коронавирус се детектирани во канализацискиот одвод, а тоа е најдобро мерило дека инфекциите се бујни. По социјалните мрежи повторно се појавуваат фотографии со позитивни тестови од коронавирс, но за разлика од пред една година помалку луѓе сега завршуваат во болница. Според Центрите за контрола и превенција на заболувањата (ЦДЦ),…

Read More

Министерството за транспорт и врски континуирано ја следи состојбата во М-НАВ, а од апсект на надлежности, нема законска надлежност да влијае врз интерните постапки за вработување, ниту, пак, да влијае врз финансиската самостојност на АД М-НАВ, информираат за МИА од ресорното Министерство. -Во неколку наврати, Министерството за транспорт и врски апелираше на соработка меѓу Синдикатот, вработените и менаџметот на Друштвото. Уште еднаш апелираме на професионалност и стручност во функционирањето на М-НАВ, притоа состојбите со административните постапки во претпријатието не смееат да влијаат на тековното работење на оваа витална институција за државата, велат од Министерството за транспорт и врски. Нагласуваат дека…

Read More

Новите министри и заменици-министри во грчката Влада, по вчерашната мини реконструкција на премиерот Кирјакос Мицотакис, попладнево положија свечена заклетва во Претседателската палата, јави дописничката на МИА од Атина. Тројцата министри и тројцата заменици положија религиозна заклетва пред претседателката Катерина Сакеларопулу и во присуство на грчкиот премиер, а веднаш потоа во Министерствата за заштита на граѓаните, здравство, труд и образование се одржа церемониите на примопредавање на функциите. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вчера направи промени во четири Министерства, откако го смени министерот за заштита на граѓаните, надлежен за полицијата Јанис Иконому, кој остана вон владиниот состав, а на негово место дојде Михалис…

Read More

НАТО денеска најави дека ќе им помогне на своите членки да купат до 1.000 американски ракети „Патриот“ за подобро да се заштитат бидејќи Русија ги засилува воздушните напади врз Украина. Агенцијата на НАТО за поддршка и набавка соопшти дека ќе поддржи група земји, меѓу кои Германија, Холандија, Романија и Шпанија, во купувањето на ракети „Патриот“, кои се користат за одбрана од крстосувачки и балистички ракети и од авиони. Според извори во воената индустрија, договорот би можел да биде вреден околу 5,5 милијарди долари. Купувањето може да им помогне на сојузниците повеќе од нивните сегашни одбранбени системи да и ги дадат…

Read More

Европската унија побара сторителите на двeте експлозии во кои загинаа најмалку 103 луѓе во толпата собрани за да го одбележат убиството на генералот Касем Сулејмани да бидат изведени пред лицето на правдата. „ЕУ најостро го осудува денешниот бомбашки напад во градот Керман во Иран. ЕУ ја изразува својата солидарност со иранскиот народ. Овој чин на терор донесе шокантна бројка на цивилни жртви и повредени“, наведе портпаролот на ЕУ во соопштение. „Нашите мисли сега се со жртвите и нивните семејства. Насилниците мора да одговараат“, додаде тој. Извор: МИА

Read More