Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Албанското Министерството за Европа и надворешни работи (МЕНР), информираше дека во Брисел успешно е завршен процесот на проверка познат како „скрининг“. – Овој процес траеше 14 месеци со 777 презентации, со учество на над 1.500 албански и 1.000 експерти од Европската комисија. Од 2022 година, беа одржани 300 објаснувачки и билатерални состаноци, се наведува во соопштението на МЕНР. Исто така се додава дека овој процес ја приближува Албанија до Европска Унија и ја прави земјата поподготвена за понатамошните фази на интеграција. Следниот чекор, се посочува во соопштението, е отворање на првата група поглавја за основни прашања и се оценува дека…
За ДПМНЕ Левица беше Хамас, но додека сабајле го пишуваат тоа во нивните соопштнија Мицкоски навачер зборува за коалиција токму со нив, велат од СДСМ. Дури Мицкоски рече дека за вредностите со Левица ќе седнел на маса и ќе преговарал. За кои вредности Мицкоски ќе преговара за коалициски брак со Левица? За проруските вредности на Левица, или за анти-ЕУ и анти-НАТО ставовите? Мицкоски да не се крие туку да излезе пред граѓаните и да одговори, стои во партиското соопштение.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека конечно има разврска за пресметките кои во минатиот период се случија во Скопје, имајќи предвид дека тие банди и криминални групи се градени 30 години. -Се отвори конечно едеш широк фронт на борба од страна на МВР против овие структури и за тоа постојат конкретни факти и докази и арументи. Ако ги погледнете криминалните структури, борбата со трговијата со дрога, борбата со трговијата на оружје, кои се лицата коишто се уапсени, кои се тие коишто се наоѓаат на издржување на казни затвор, тоа се структури кои потекнуваат од тие криминални структури коишто…
Посветеноста кон пензионерите се манифестира преку превземањето на нови мерки во Владата со што ќе се овозможи сериозна финансиска помош за овој важен сегмент од населението, истакнал вицепремиерот Бојан Маричиќ на синоќешната средба со пензионерите во општина Кисела Вода. На средбата, во заедничка дискусија и отворен разговор со пензионерите, Маричиќ ги информирал дека на оваа Влада пензионерите и се многу важни. Финансиската помош ќе биде поголема за оние кои примаат помали пензии, односно реципротитетно за оние кои земаат повеќе. -Односот кон пензионерите кажува во какво општество живееме и како сме воспитани. Наша цел е да не зависите од било кој…
ДРАГАН МИШЕВ По старата испробана тактика „ они ка’о не напаѓаат, ние ка’о се браниме“ (на којa, да бидеме искрени, авторско право и не му припаѓа на Мицкоски, тој кутриот само го „копипејстира“ својот ментор кој го октроиса како претседател во ВМРО – ДПМНЕ), лидерот на најголемата опозициска партија, на својот коалиционен партенер, лидерот на Беса, и сличните нему, околу барањето за ревидирање на постојната химна, им порача: „ако не им се допаѓа слободно нека ја напуштат земјата и нека одат таму каде што повеќе им се допаѓа“. Патриотизам на батерии “par excellence“. Истата коалиција ВМРО – ДПМНЕ – Беса…
Катар се надева дека примирјето меѓу Израел и Хамас ќе биде продолжено по истекот на договорените четири дена, изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Мајед ал Ансари. – Она што се надеваме е дека ослободувањето на заложниците во текот на четиридневниот прекин на огнот ќе ни овозможат да го продолжиме примирјето и понатаму и да почнеме посериозни дискусии за преостанатите заложници, наведе Ал Ансари. Со посредство на Катар, Хамас вчера ја ослободи втората група заложници. Првата група беше ослободена во петокот. Сегашниот договор предвидува примирјето меѓу Израел и исламистичката група да трае најмалку до утре, до кога треба…
Вкупно 2 037 повици за итни случаи регистрирал Центарот за управување со кризи (ЦУК) во изминатото деноноќие, што е речиси двојно повеќе од претходниот ден. ЦУК информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно и непречено во зимски услови по влажни коловози. На подрачјето на СВР Охрид има забрана за тешки товарни возила само на патниот правец Дебар – Маврово. Според вонредното известување од Регионалниот ЦУК – Битола, во 09:40 часот патниот правец Прилеп – Македонски Брод (превој „Барбарас“) има забрана за возила потешки од три тони, a регионалниот пат Прилеп – Витолиште (Мариово) се уште не е исчистен…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Тарифен систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувачот во краен случај со кој се утврдува дека евтината дневна тарифа стартува од 1 декември 2023 година во периодот од 13 часот до 15 часот. -Со воведување на дневната евтина тарифа домаќинствата ќе имаат на располагање вкупно 11 часа евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие од понеделник до сабота и 24 часа во ден недела. РКЕ по направените анализи оцени дека се создадени…
Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати на дискусијата насловена „Заедничка иницијатива за климатска акција“, што се одржува во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот 28. Самит за климатски промени. На дискусијата, како што оопшти кабинетот на Пендаровки, ќе учествуваа претставници на граѓански организации и климатски активисти, коишто ќе ги акцентираат прашањата поврзани со климатските предизвици, ќе ги презентираат сработените активности и ќе претстават идеи и можни решенија со цел заедничко дејствување против климатските промени.
Израел доби список на заложници кои треба да бидат ослободени во недела во согласност со договорот потпишан со Хамас, соопшти кабинетот на израелскиот премиер, објави Си-ен-ен. Според соопштението, безбедносните службеници го проверуваат списокот, а информацијата е пренесена до семејствата на заложниците. Списокот го означува третиот ден од објавувањето на примирјето. Според договорот, вкупно 50 заложници се очекува да бидат ослободени во текот на четирите дена, во замена за одреден број палестински затвореници. Дваесет и четири заложници – вклучувајќи 13 израелски цивили и 11 странски државјани, беа ослободени во петокот, а потоа уште 17, од кои 13 Израелци и четворица тајландски државјани,…
Левица во стартот беше резултат на изборниот инженеринг на Груевски – пред помалку од една деценија – да ја кусури тогашната левата опозиција. Сега се чини одново се случува експремиеровата јасна намера да се потпира на оваа партија, во судир со своите опоненти во земјава. Наместо да формира своја партија, за што постоеше најава, тој сака да ги искористи своите пулени и да го казни Мицковски со потпирање на постојната политичка инфраструктура. Врските на Левица со кметицата на Скопје засега се откриваат преку отворените врати на порталот Инфомакс, додека промената на вордингот на шефот на ВМРО-ДПМНЕ кон Левица открива дека…
Во Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ (Скопје) се одржа панихида за жртвите на Гладоморот од 1932-1933 година во Украина. Амбасадата на Украина и украинската заедница во Северна Македонија го почитуваа споменот на жртвите на Гладоморот-геноцид врз украинскиот народ, убиени со глад милиони Украинци и неродени деца.