Author: Marta Pesevska

Специјалните полициски единици на Косово веќе ја завршија акцијата во Бањскиот манастир, при што се уапсени десетици терористички напаѓачи, кои во моментов се задржани во полициската станица. Полицијата сѐ уште е на местото на настанот. Во меѓувреме се отвори и патот кој води до манастирот. Министерот за внатрешни работи на Косово – Џељаљ Свечла соопшти дека се убиени 3 српски криминалци, 6 се уапсени, а 2 од нив се повредени. Во меѓувреме, Свечла рече дека 30-те Срби заробени во манастирот се ослободени. „Изразувам искрено и најдлабоко сочувство до семејството, пријателите и колегите на Африм и граѓаните на Косово. Одговорот на…

Read More

Косовската полиција го потврди убиството на тројца припадници на српската радикална групата во северно Косово. Според косовските медиуми, еден од убиените Срби е идентификуван – се работи за Радомир Почуча. Што е познато за него? Радомир Почуча служел како портпарол на специјалната антитерористичка единица во Србија, а е познат и осуден од српските судови, како учесник во странски војни. Тој учествуваше во војната во Донбас на страната на сепаратистите поддржани од Русија во 2014 година. По враќањето од украинскиот фронт бил ангажиран во фондацијата „Капетан Драган“, која го носи името на српскиот воен злосторник, а бил и член на српската…

Read More

Специјална единица на косовската полиција ја презела вечерва контролата врз православниот манастир во селото Бањска во северно Косово, каде што се засолни групата која рано утрово ја нападна косовската полиција, убивајќи еден и ранувајќи уште еден полицаец. Повеќе приштински медиуми, повикувајќи се на сигурни извори во полицијата, јавија дека на страната на напаѓачите досега има најмалку тројца убиени и четворица уапсени. Според официјална Приштина, вооружената криминална група, составена од над 30 лица, била позиционирана во Бањскиот манастир во Звечан и користела и други приватни објекти од каде што ја напаѓала косовската полиција. КФОР излезе со одговор дека се во околината…

Read More

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел денеска телефонски разговараше во косовскиот премиер Албин Курти и со српскиот претседател Александар Вучиќ. Високиот претставник Борел изрази сочувство до семејството, колегите и најблиските на полицаецот кој го загуби животот за време на службената должност, а на повредените полицајци им посака брзо закрепнување, соопшти канцеларијата на Борел. Високиот претставник на ЕУ најостро ја осуди „денешната агресија“ и го повтори својот повик до напаѓачите веднаш да се предадат и да ги ослободат верниците во манастирот Бањска, за тие безбедно да заминат. Тој повика на враќање на смиреноста и стабилноста. ЕУЛЕКС…

Read More

Министерството за надворешни работи информира дека во раните утрински часови, преку дежурниот телефон на МНР, добиена е информација за седум државјани на Северна Македонија, од кои едното од нив дете, кои се сместени во хотел, во непосредна близина на манастирот во селото Бањска, каде е извршен вооружен напад врз косовските полициски сили. Како што соопшти МНР, Амбасадата на Северна Македонија во Приштина е во комуникација со преставници на Министерството за внатрешни работи на Косово како и во директна комуникација со нашите граѓани. Во текот на денот, во неколку наврати министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари директна комуникација со неговата…

Read More

Белград и Приштина да се посветат на дијалогот додека не биде предоцна. Од современите политички лидери се очекува да донесат мир и просперитет, а не поделби и конфликти. Мудорста на политичарите е да не потпаѓаат под провокации и да не влегуваат во сценарија кои не му носат добро на регионот, а тие две држави ќе ги вратат децении назад. Целосна поддршка за КФОР и сите нивни идни активности кои се во насока на гарантирање на мирот и стабилноста во регионот, изјави за ЦИВИЛ МЕДИА, Министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Read More

СООПШТЕНИЕ, 24.09.2023 ЦИВИЛ со загриженост ја следи ситуацијата во Косово, каде што ескалацијата доведе до човечки жртви на 24 септември. Мирот во Косово е предуслов за мир во регионот, сите чинители во земјата, но и во регионот и на меѓународно ниво, имаат обврска одговорно и смирено да придонесат кон мирно и ненасилно надминување на конфликтните состојби. Сите чинители мораат да вложат максимални напори за итен прекин на оруженото насилство и почитување на законите, редот и мирот. Предност мора да им се даде на дијалогот и одржливи политички решенија, за доброто на сите заедници, на државата, како и регионот во целост. ЦИВИЛ…

Read More

Албанскиот премиер Еди Рама, во реакцијата по последните случувања во северниот дел на Косово оценува дека „трагедијата со загубата на животот на косовскиот полицаец е најголемото алармно ѕвоно досега за тековниот ризик долготрајната криза да прерасне во вооружен конфликт“. Додава дека „криминалците кои му го одзедоа животот на невин човек, кој служеше под државната униформа на силите на редот на Република Косово, мора да бидат изведени пред лицето на правдата“. -Евро-атлантската заедница мора да ја собере целата своја импозантна сила и неповратно да ги смести Косово и Србија на масата на дијалогот за нормализација. Свикувањето на вонредна мировна конференција, под…

Read More

Меѓународните мировни сили на Косово (КФОР) денеска соопштија дека продолжуваат внимателно да ја следат ситуацијата во Бањска по нападот врз припадниците на косовската полиција во кој беше убиен еден полицаец. Како што пренесе Бета, командата на КФОР соопшти дека војниците на оваа воена организација се присутни на подрачјето на Бањска и нејзините припадници се подготвени да одговорат доколку има потреба. – Косовската полиција, како линија која прва реагира во вакви ситуации, има примарна одговорност за справување со инцидентот на терен. Командантот на КФОР е во близок и континуиран контакт со сите меѓународни актери, вклучително и со Европската унија (ЕУ), началникот…

Read More

Првиот вицепремиер Артан Груби и министерот за надворешни работи Бујар Oсмани го осудија убиството на припадник на полицијата на северот од Косово и изразија сочувство до семејството на загинатиот и апел за брзо пронаоѓање на сторителите и стабилизирање на ситуацијата.

Read More

Пратеничката во македонското собрание Санела Шкријељ на третиот модул „Управување со време и приоритети“ од Програмата „Future is Feminist“ што викендов се одржа во Охрид потенцираше дека најважната работа кај делегирањето задачи е довербата, а крајната цел е да се научи како да се управува со важни задачи пред тие да станат итни, информираат од СИГА. Таа посочи дека истражувањата покажуваат дека жените се и многу поодговорни како лидерки и се помалку подложни на корупција. „Не можеме да зборуваме за оддржлив развој ниту за праведно општество доколку жените не се подеднакво присутни во процесите на одлучување и управување и во…

Read More

СДСМ со ефикасни мерки обезбедува силна поддршка за земјодлеството, а особено за младите земјоделци, стои во партиското соопштение. На располагање се над 50 милиони евра од ИПАРД програмата, како и мерката „Млад земјоделец“. Во тек е нов повик за млади земјоделци за поддршка од 10.000 евра по корисник, од Националната програма за рурален развој. Од годинава, за прв пат младите земјоделци добиваат авансна исплата од 40% од грантот веднаш по потпишување на договорот. Во тек е програмата ИПАРД 3 која нуди дури до 70% кофинасирање во инвестиции. Мерките на СДСМ ги мотивираат младите земјоделци да инвестираат во својата татковина и…

Read More