Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Канада ќе одвои 24,5 милиони долари за заедничка набавка на одбранбена опрема со Велика Британија за системи за противвоздушна одбрана за Украина, изјави канадскиот министер за одбрана Бил Блер. Блер истакна дека ова е дел од воената помош вредна половина милијарда канадски долари (околу 370 милиони американски долари), која премиерот Џастин Трудо и ја ветил на Украина за време на неговата посета на Киев во јуни. Канада, дом на една од најголемите украински дијаспори во светот, е гласен поддржувач на Киев. Од почетокот на руската инвазија, таа и обезбеди помош на Украина во износ од околу 6 милијарди американски долари,…
Нема да дозволиме покачување на цените за сместување преку самоволие и непочитување на прописите, соопшти денеска Министерството за образование и наука, откако вчера организацијата Студентски отпор објави дека се зголемени месечните кирии во студентските домови. МОН потенцира дека ниту еден студентски дом индивидуално не може да ја промени цената за сместување и на студентите избрани преку јавно објавени конкурси да им наплатува различен износ од утврдениот во Програмата. Доколку се утврди постапување спротивно на важечките акти, Министерството најавува дека ќе побара одговорност од директорите кои го направиле прекршувањето. МОН потсетува дека согласно со Законот за студентски стандард, цената за сместување…
ВОЈО МАНЕВСКИ Секое време има свои господари и свои слуги, ама секое време има и богови на кои се молат, господарите за власт, а слугите за правда. Господарите ни се видливи, веќе јасно се издвоени од останатите, тие ја имаат власта и моќта. Останатите, поданиците, сонуваат да ја достигнат состојбата кога ќе бидат граѓани, активни чинители на заедницата. За достигнување на тој статус не е доволно да го молат Бога, туку да бараат господарите да не го заземаат неговото место, да не се однесуваат како богови. Господарчињата си изгласуваат големи плати, одговорноста ја сведуваат на декларативна изјава, одговараат само на…
Идејата за заедничка валута за земјите од БРИКС, која ќе биде поддржана со злато „нема никаква смисла“, изјави економскиот стратегот Дејвид Ву. Групата големи економии во развој бараат начини да се стави крај на доминацијата на доларот како главна светска резервна валута, а некои мислат дека златните резерви би можеле да се искористат за да се поддржи нова валута, пренесува Маркетс инсајдер. Сепак, тој пристап би значел дека новата валута ја следи цената на златото наместо поединечните валути на БРИКС, според поранешниот шеф на одделот за глобални каматни стапки, девизи и стратегија за фиксен приход на новите пазари и економски истражувања…
Претседателот на државата Стево Пендаровски, од утре до 22 септември 2023 година, ќе ја предводи државната делегација на 78. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, САД. Како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, тој на 22 септември 2023 година, петок, ќе се обрати на Генералната дебата на 78. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, што се одржува на тема „Обнова на довербата и повторно стартување на глобалната солидарност: Забрзување на акцијата за Агендата 2030 и нејзините Цели за одржлив развој кон мир, просперитет, напредок и одржливост за сите“. Во рамки на учеството на Генералното собрание на…
ДЕСТАН ЈОНУЗИ Во Северна Македонија веќе неколку години владее антизападна енергија, која во одредени историски моменти, како што е во моментот со процесот на уставни измени, се претвори во деструктивна бура против нас. Веројатно, единствената вистина во оваа голема каша каде што Христијан Мицкоски и неговата дружина се обидуваат да ја стават државата, е фактот што опозицијата на лагите го продолжува својот аваз и не запира во оваа страшна намера за самоуништување. Ако не го прекинеме во оваа намера Мицкоски и неговата банда, луѓе, утре ќе биде доцна! Тврдењата на опозицијата дека власта станала плен на бугарскиот диктат никогаш не…
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска за време на нејзината посета во Ријад, вчера оствари средба со Шефот на Одделот за Европа и Северна Америка во Центарот за Светско наследство на УНЕСКО, Берта де Санкристобал. Од македонската делегација на работниот состанок учествуваа и министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова и директорот на Управата за заштита и културно наследство, Зоран Павлов, а меѓу присутните беа и Бесиана Кадаре, амбасадор, постојан делегат на Република Албанија во УНЕСКО и претставници од советодавните тела на УНЕСКО ИКОМОС и ИУЦН. Костадиновска-Стојчевска истакна дека се дискутираше за понатамошните чекори кои ќе следат во однос…
Во историскиот момент за евроинтегративниот процес на државата, кристално е јасно СДСМ е предводник на европскиот концепт на државата, додека од другата страна, ДПМНЕ е против ЕУ. СДСМ е за ЕУ, како основна стратешка цел на државата и важен чекор кон подобрување на животниот стандард на граѓаните, поголеми плати и пензии, пристап до европските фондови, подобри услови за компаниите, европски вредности и стандарди. Од друга страна ДПМНЕ е против ЕУ. Ги манипулира граѓаните со лаги за наводна бугаризација, асимилација, губење на идентитетот и јазикот, наводен бугарски диктат, со безаргументирано противење на уставните измени го блокира европскиот пат на државата и…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, од утре ќе учествува на неделата на висок сегмент на 78-то Генерално собрание на Обединетите нации, во Њујорк, каде во својство на министер за надворешни работи, но и како претседавач со ОБСЕ, А5 и ПСЈИЕ ќе земе учество на повеќе важни настани. -Оваа посета се реализира во историски момент за Северна Македонија, кога земјата во исто време претседава со три различни процеси кои се од големо национално значење: ОБСЕ, САД – Јадранската повелба (А5) и Процесот за соработка во Југоисточна Европа – ПСЈИЕ, на кои претседавач е министерот Османи. Во таа насока, Османи ќе…
Во рамки на „Европската недела на мобилност“, што годинава се одбележува од 16 до 22 септември, денеска во Брисел се организира манифестацијата „Ден без автомобили“, при што во целиот град ќе биде забрането движење на возила, со цел да им се даде простор на локалните жители и туристите „да го откријат задоволството на пешачењето, возењето велосипед или патувањето со јавен превоз“. Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, забраната за движење на возила ќе трае 09:30 до 19:00 часот, период во кој „неговото величество автомобилот“ ќе им отстапи простор на пешаците и велосипедистите да се движат слободно низ…
Преку енергетска транзиција од увозник земјава ќе се трансформира во извозник на електрична енергија
Од увозник на електрична енергија земјава преку зелената енергетска транзиција, поттикната од енергетската криза која придонесе за зголемување на инсталираниот капацитет за повеќе од 30 проценти во изминативе години, полека но сигурно се движи во насока да стане извозник, вели во разговор за МИА претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. -Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) од 1 јануари 2022 година до сега има издадено преку 600 лиценци за производство на електрична енергија од кои 99 отсто се за фотоволтаици со што новоинсталираниот капацитет изнесува 420 мегавати, а до крајот на годинава се очекува да достигне до 600 мегавати,…
По реакција на поголем број на родители, наши граѓани, по последните немили настани изминативе неколку денови и неколку недели, во координација со МВР одлучивме да се засилат полициски присуства во Општина Центар, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на заедничка изјава за медиумите со портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски. Информираше дека во следниот период ќе имаме засилени полициски контроли, присуство на полиција во регионот тука во Дебар Маало, но и низ целата Општина Центар со цел на превенција од насилство и деликвенција која често се случува во ноќните часови. -Се договоривме уште повеќе да ја интензивираме…