Author: Marta Pesevska

САД поднесе значајна тужба против Епл, обвинувајќи го технолошкиот гигант за монополизирање на пазарот на паметни телефони и уништување на конкуренцијата. Во правната постапка, одделот за правда тврди дека компанијата ја злоупотребила контролата врз продавницата за апликации за iPhone за да ги „заклучи“ клиентите и програмерите. Епл вети дека „енергично“ ќе се бори против тужбата и ги негира тврдењата. Оваа жалба, поднесена до федералниот суд во Њу Џерси претставува еден од најголемите предизвици досега за Епл, кој се брани од зголемените жалби за своите практики во последниве години. Се тврди дека Епл користел „низа правила“ и го ограничил пристапот до…

Read More

Одредени медиуми се обидоа да креираат лажен наратив за поделби и фракции, но синоќешниот Конгрес на партијата, сепак, помина во мирна и конструктивна атмосфера, оценуваат во СДСМ. Имало конгреси на СДСМ во минатото кога делегати пуштаа брифови по медиуми и негативни статуси. Овој пат, ништо од тоа, брифираа од Бихаќка.

Read More

На помалку од една недела откако Владимир Путин го обезбеди својот петти претседателски мандат, Русија е потопена во масакр и неред, анализира Метју Ченс на Си-Ен-Ен.

Read More

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ Сѐ е жал за силата што ја снемува, по животните сокови кои пресушуваат, по телото кое вене, по мозокот чиј ликвор се претвора во баричка по која се влечат црви, збир на слики на гордата декаденција, грозната раскош. Не сакам да кажам на што овој опис е слика, но би сакал да го препорачам како огледало на разочараните Македонци. На тие од ману и професорските загубености, на народот кој тргнал по вмро и на вмро кој му ги нуди кадрите на осилените Албанци кои му земале сѐ, на Европа која му брка во окото на идентитетот и Бугарија…

Read More

Посветено работиме за да ја финализираме подготовката на апликацијата за Единствената  област за плаќањa во евра – СЕПА, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за регионалната новинска агенција Сињуз (SeeNews). Како што соопштија од кабинетот на гувернерката, таа посочи дека нашата земја направи голем исчекор кон членството во СЕПА, со усвојувањето на новиот Закон за платежни услуги и платни системи, како и 26 подзаконски акти донесени од централната банка и усогласени со ЕУ регулативата. -Преку интеграцијата на земјата во СЕПА, граѓаните и фирмите ќе може да вршат безготовински плаќања во евра кон земјите членки на ЕУ, како…

Read More

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, на 25-годишнината од почетокот на интервенцијата на НАТО против воените и полициските сили на тогашна Југославија, им се заблагодари на земјите од Алијансата што „не ги затворија очите пред страдањата на луѓето од Косово во тоа време“, јави дописникот на МИА од Приштина. За време на почестите што ги оддаде денеска, заедно со акредитираните амбасадори на земјите сојузнички, кај Споменикот на војниците на НАТО кои го загубиле животот за време на службата во Косово, Османи рече дека верува оти многу наскоро Косово ќе седне во НАТО покрај тие пријателски земји и ќе им се оддолжи…

Read More

Државната изборна комисија на денешната седница донесе одлука за објава на опис на избирачки места на веб-страната на ДИК, и ги усвои програмите за задолжителна едукација на изборните органи, граѓаните и други чинители во изборите. На 89. Седница ДИК донесе одлука да се објават описите на избирачките места на веб-страницата на ДИК и да ги информираат граѓаните за начинот на објавување. Во однос на Предлог – програмата за задолжителна едукација на изборните органи, тие посочија дека таа е со цел поголема професионалност и одговорност на изборните органи во спроведувањето на изборите. – Сите сертифицирани обучувачи, околу 130 врз основа на…

Read More

Во Икарија, Дајан Кочилас, готвачка со грчко-американско потекло нуди патоказ за луѓето кои сакаат да применат аспекти од медитеранската диета на „Сината зона“ во нивните животи. Како една од петте „Сини зони“ во светот, Икарија, мал грчки остров сместен на источниот дел од Егејското Море, има пониски стапки на хронични болести од повеќето други места, а неговите 8.000 жители се карактеризираат со најдолг животен век во светот. Всушност, една третина од Икаријците живеат повеќе од 90 години. Силните социјални и семејни врски, вежбањето што е интегрирано во секојдневниот живот и честото дремење се дел од причините зошто на овој остров…

Read More

Дијагнозата рак секогаш е проследена со голема вознемиреност, но повеќето од нас во таква позиција не се чувствуваат принудени да направат снимка што ќе ја гледаат милиони. Принцезата од Велс и нејзиното семејство побараа приватност, но наместо тоа, еден убав пролетен ден, директно обраќајќи ѝ се на камерата, сведочевме на изјавата на принцезата дека мора да се помири со шокантните вести.

Read More

Неврохирургот и поранешен министер за здравство Венко Филипче се враќа во политиката.Тој е носител на листа на СДСМ и Коалицијата во Изборна единица 4. Филипче најавува дека граѓаните ќе биде во негов прв план, без разлика дали е лекар или пратеник ќе се бори за нивните интереси. „Без разлика дали сум доктор или пратеник, мојата мисија е да им помагам на луѓето. Оваа вредност секогаш ме водела и ќе ме води во животот. Останувам посветен на моите пациенти како доктор, но како иден пратеник ќе имам можност да приднесам во креирање политики кои ќе имаат широко влијание во здравството и…

Read More

СДСМ вчера одржа седници на Централниот и на Извршниот комитет и конгрес на кој се донесе одлука за листите за пратеници за парламентарните избори 2024 на 8 мај. Носител на листата на партијата и коалицијата во Првата изборна единица е Димитар Ковачевски, а како втора ко-носителка е Моника Зајкова од ЛДП. во Втората изборна единица прв е Оливер Спасовски а зад него Фатмир Битиќи, во Третата Сања Лукаревска и Љупчо Николовски, во четворката Венко Филипче и Јована Тренчевска, во петката Јован Митрески и Бисера Костадиновска, додека во Шестата изборна единица листата ја предводи Славјанка Петроска а зад неа е Агрон…

Read More

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, одржа средба со претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер, на која се разговарало за можностите за зајакнување на координативната улога на Алијансата во поддршката на Украина, особено во зајакнувањето на постоечките одбранбени капацитети, соопшти прес-службата на претседателскиот кабинет, пренесува Укринформ. „Ви благодариме на вашата прва посета на Украина од почетокот на војната. Ова е сериозен сигнал за поддршка за нашето општество. Поддршката на НАТО и сојузниците е, пред сè, многу важна за моралот на нашите војници и украинските цивили. Навистина го цениме фактот дека можеме да сметаме на вас“, рече Зеленски. Тој…

Read More