Author: Marta Pesevska

ЏАБИР ДЕРАЛА Самитот на 20-те најголеми економии во светот (Г20) е важен глобален настан кој им дава такт на светските економски, но и општествено-политички збиднувања и процеси. Оваа година, самитот се одржа во индиската престолнина Делхи, на тема „Една планета – едно семејство – една иднина“. На овој голем настан не учествуваа шефовите на Русија и Кина, но имаа свои претставници. Тема инспирирана од древните упанишади Како што пишува на веб страницата на Г20, темата на индиското претседателство со Г20 – „Васудаива Кутумбакам“ или „Една земја · едно семејство · една иднина“ – е извлечена од античкиот санскритски текст Маха Упанишад. Во суштина,…

Read More

Европската Унија и нејзините земји членки ви искажуваат целосна солидарност во овој тежок момент, се наведува во писмото што лидерите на ЕУ го упатија до мароканскиот крал Мохамед Шести, изразувајќи сочувство до него и до Владата и народот на Мароко за жртвите од катастрофалниот земјотрес што ноќта меѓу петокот и саботата го погоди централниот дел на земјата. – Ваше височество, ние, членовите на Европскиот совет, сакаме да го споделиме со вас нашето најискрено сочувство за страшната загуба на животи по страшниот земјотрес. Длабоко сме натажени од разорните последици од овој трагичен настан. Нашите мисли се со сите Мароканци кои загубија…

Read More

ДЕСТАН ЈОНУЗИ Во историјата на човештвото имаме многу настани и примери кои докажуваат дека народот често греши и лесно може да се манипулира. Во антиката, приказната за Сократ докажува таква вистина, а низ историјата на човештвото имаме и многу примери кои докажуваат дека мнозинството, поистоветено со народот, лесно греши. Историјата на христијанството е поврзана токму со оваа тема. Ерусалимците се тие што го чекаат Христа со цвеќиња и ловорики, со песни и ора, а по неколку дена истиот народ му се потсмева и на крајот го распнува. Затоа, мудрите рекоа и повторија дека „мислењето на десет илјади луѓе е безвредно,…

Read More

Од 1 декември 2021 година употребата на пластични кеси за еднократна употреба на пазарот во земјава е забранета, а во маркетите и на пазарите дозволени се само биоразградливи кеси кои се наплаќаат по 15 денари. Согласно Законот за управување со пакување и отпад од пакување, средствата од продажбата на кеси се собираат во посебен фонд на Министерството за животна средина и просторно планирање, а до крајот на 2022 година по овој основ се собрани речиси два милиони евра. Законот предвидува средствата собрани во овој фонд да се искористат за еколошки проекти, а од МЖСПП за МИА велат дека собраните средства…

Read More

Во организација на Јуроп хаус Скопје во партнерство со Центарот за научно истражување и промоција на културата – ХАЕМУС, денеска во Градскиот парк – Скопје ќе се одржи настан „Митската авантура – скопските шумски суштества и како да ги пронајдеш”, интерактивно гамифицирано социјално искуство наменето за деца и млади. Домаќин на настанот ќе биде м-р Василка Димитровска, директор на ХАЕМУС, сертифициран тренер интерпретатор и национален координатор на Interpret Europe. „Деновите на европското наследство” претставуваат заедничка акција на Советот на Европа и Европската комисија која, како широко прифатена манифестација, придонесува за зближување на луѓето и истакнување на европската димензија и вредноста…

Read More

Ќе се интензивира комуникацијата со секој пратеник во наредниот период. Ние очекуваме до септември-октомври јасно да се издвојат двата политички блока, едниот којшто е за членство во ЕУ што побрзо и другиот којшто е против членство во ЕУ и којшто смета дека имаме време за чекање. Чекањето е стратегија што ќе ја испразни нашата земја од млади луѓе и којашто ќе ја убие надежта за ЕУ, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервјуто за „Специјал на денот“, на МРТВ 2. Маричиќ укажа дека доколку навистина сакаме да продолжиме со државите кои преговараат и да се задржиме со тој…

Read More

Канада не ги признава руските незаконски избор на привремено окупираните територии на Украина, соопшти канадскиот премиер Џастин Трудо, јави дописникот на Укринформ. „Неделава, Владимир Путин се обиде да одржи таканаречени избори на окупираните украински територии кои претставуваат циничен обид да се легитимира воено освојување под маската на демократијата. Но, Украинците не се залажуваат, ниту ние. Канада не ги признава, и никогаш нема да ги признае резултатите од овие лажни избори или обидот за нелегална анексија на Украина од страна на Русија“, рече Трудо. „Лажниот избор што им се нуди на луѓето во регионите Доњецк, Луганск, Запорижја и Херсон, како и на…

Read More

ЕРОЛ РИЗАОВ Има повеќе злорадост, отколку лажен оптимизам и нереална проценка во јавните лицитации на темата: кога Македонија ќе стане членка на ЕУ. Двете крајности надвладуваат во поделбата и на јавноста и на политичките партии и на институциите на системот. Потрошивме залудно скапоцено време на јалови расправи и меѓупартиски пресметки, наместо за подготвеноста за остварување на реформите кои означуваат побрз економски, демократски развој, подобар живот на граѓаните, што е најсилната гаранција за побрзо членство на Македонија во ЕУ. Дали тоа требаше да биде 2005, 2008, 2011, или сега, како што се прогнозира во 2030 година, или 2035, или пак никогаш, е расипан…

Read More

Руските незаконски „избори“ одржани во привремено окупираните територии на Украина нема да имаат никакви правни последици и нема да го променат статусот на украинските територии заземени од страна на руските војници, соопшти украинското МНР, јави дописникот на Укринформ.

Read More

Советот на ЕУ денеска одлучи да воведе санкции кон шест лица одговорни за „сериозни прекршувања на човековите права во Руската Федерација и на териториите на Украина кои Русија привремено ги окупираше, вклучително и за кршење на слободата на мислење и изразување“. Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, меѓу шестмината има обвинители и судии во „судовите основани од страна на руските окупаторски сили на незаконски анектираниот Крим“, кои учествувале во „политички мотивираните судски постапки“ против новинарот Владислав Јесипенко, кој беше осуден на шест години затвор и против лидерот на кримските Татари, Нариман Џељалов. – Рускиот режим го користи…

Read More

Најмалку четири лица загинаа, а десетици се повредени во денешните руските напади врз градови и села во Украина, соопштија украинските власти. Тројца цивили загинаа, а четворица се повредени кога бомба падна на Одрадокамјанка во јужниот регион Керсон, напиша министерот за внатрешни работи Игор Клименко на Телеграм. Во Криви Рих, родното место на украинскиот претседател Володимир Зеленски на југот на земјата, во бомбардирањето беше погодена административна зграда, а Службата за вонредни ситуации соопшти дека едно лице загинало, а 44 се повредени. Извор: МИА

Read More

ЕУ силно ја поддржува Украина и врши притисок врз Русија, затоа што „војната на Кремљ“ уништува животи на само на украинска територија, туку и многу подалеку и поради неа над 250 милиони луѓе ширум светот се соочуваат со акутен недостиг на храна, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на прес-конференција пред почетокот на Самитот на Г20 во Њу Делхи. Според него, со намерното напаѓање на украинските пристаништа преку кои оди извозот на прехранбени продукти од Украина, Русија ги лишува од храната оние луѓе на кои таа им е очајно потребна. – Скандалозно е што Русија, откако ја суспендира…

Read More