Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски вечерва изјави дека претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на два пати повторил дека има кокретна одредница за проширувањето на ЕУ – 2030 година, како и дека оние кои се побрзи во своите реформи, први ќе влезат во 2030 година во Европската унија. -Сакам на почетокот да расчистиме три дилеми: Прво дека после долго време претседателот на Европскиот совет во Блед и повторно на телевизија Словенија кажа дека има конкретна одредница за проширување на Европската унија а тоа е 2030 година и тоа е истата година за која што ние велиме дека Северна Македонија ќе…
Австриската министерка за Европа, Каролине Едштадлер, денеска изјави дека нејзината земја се залага за интеграција на земјите-кандидати во Европската унија во фази, така што дури и пред формалното членство ќе им биде дозволено „да седнат на масата на ЕУ“ и да учествуваат во дијалог, иако без право на глас. Во интервју за австриското државно радио, Едштадлер рече дека сега е вистинско време за ваква промена во процесот на проширување на ЕУ. Таа потсети дека таа и шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг и претходно искажувале таква идеја, но оценила дека сега е време да се спроведе. -Живееме во многу предизвикувачко…
Европските здравствени власти регистрирале најмалку 134 случаи на салмонела, за кои веруваат дека се поврзани со контаминирано пилешко месо, јави ДПА. Европскиот центар за превенција и контрола на болести во Стокхолм соопшти дека случаи на салмонела биле откриени во 10 земји на ЕУ и Норвешка. Едно лице почина од последици од салмонела во Австрија. Најголем дел од случаите се регистрирани помеѓу јануари и август 2023 година. Интервјуата со пациенти во Австрија и Данска сугерираат дека инфекциите со салмонела веројатно се поврзани со консумирањето пилешко. Пред две недели, австриските здравствени власти изразија загриженост за можна поврзаност помеѓу болестите на салмонела и…
Технолошки гиганти, вклучително и ТикТок и Х (поранешен Твитер), не успеаја ефикасно да се справат со руската дезинформација на интернет во текот на првата година од војната во Украина, се наведува во денеска објавената студија на Европска Унија. ЕУ претходно предупреди за онлајн манипулации и мешање од страна на Русија насочени кон европскиот интернет по инвазијата врз Украина во февруари 2022 година. Независната студија за ЕУ доаѓа по усвоените построгите правила според Законот за дигитални услуги (ДСА) за најголемите онлајн платформи во светот. Извештајот се фокусираше на ризиците од проКремљ дезинформации на шесте платформи – Фејсбук, Инстаграм, Х, Јутјуб, ТикТок…
Министерството за правда изненадено прашува од кои причини по јавно усвоен извештај од ваша страна на 13.03.2023 година, место да преземате соодветни мерки, Вие, после толку месеци правите дополнителен извештај (23.06.2023) каде самите се демантирате со првиот извештај воведувајќи нова пракса, за во иднина, носители на функции (претседател на суд) да постапуваат несоодветно и спротивно на законот и етичкиот кодекс и да имаат можност да „поправат“, стои во реакцијата од Министерството за правда во однос на Судскиот совет за кандидатката за претседател на Основниот суд во Куманово, Снежана Манев, тврдејќи дека судија што не положил психолошки тест за личност и…
Вицепремиерот за европски прашања денес се сретна со Форумот на граѓанските организации на немнозинските заедници на која разговараа за нивното вклучување во процесот на подготовка на Патоказите и преговорите со ЕУ. Проактивноста на секој ќе биде клучна за напредокот во процесот на ЕУ интеграцијата. Процесот на преговори и членството во ЕУ отвора можност да се направи нешто за интересите на заедниците, рече на состанокот Маричиќ потенцирајќи дека улогата и активноста на немнозинските заедници е особено важна во подготовката на Патоказите и Акцискиот план за заштита на правата на припадниците на малцинствата и заедниците, со кои ќе се унапредат прашањата од…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска оствари телефонски разговор со премиерот на Канада, Џастин Трудо. На разговорот присуствуваше и министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Премиерот Ковачевски изрази задоволство што токму денес во посета на нашата земја е министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли, што говори за активниот и континуиран дијалог меѓу нашите две земји по важни теми од интерес на двете земји, на Европа и пошироко. На разговорот беа опфатени неколку теми во насока на натамошно продлабочување на билатералните односи, како и соработката во рамките на НАТО и мултилатералната сцена. Премиерот Ковачевски нагласи дека…
Премиерот Димитар Ковачевски, во рамки на посетата на Словенија по повод учеството на Бледскиот стратешки форум, вечерва присуствуваше на работна вечера во организација на словенечкиот премиер Роберт Голоб. -Лидерите ја искористија можноста за дискусија врзана со европската интеграција на земјите од Западен Балкан како и напредокот на реформските процеси што се смета за најдобра инвестиција за земјите од регионот, јави известувачот на МИА од Блед. На работната вечера покрај премиерот Ковачевски учествуваа претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, како и премиерите на Албанија Еди Рама, на Хрватска Андреј Пленковиќ, на Бугарија Николај Денков, на Косово Албин Курти, на Србија Ана…
Во живописното место Блед под алпите и кај истоименото езеро, туристичка атракција во Словенија, привршуваат подготовките за Бледскиот стратешки форум на кој учествува и премиерот Димитар Ковачевски. Дводневниот форум на тема „Солидарност за глобална безбедност“, неформално почнува вечерва со работна вечера на покана и во организација на премиерот на Република Словенија, Роберт Голоб на која ќе учествува и премиерот Ковачевски. Како што е најавено, тој ќе оствари и билатерална средба со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. Како што јави известувачот на МИА од Блед, се очекува на средбата да стане збор, меѓу другото, и за актуелната состојба во земјата…
Српската државна телевизија РТС отворено се вклучи во пропагандата против уставните измени во Македонија кои се задолжителен услов за почеток на преговори во Скопје за членство во ЕУ, пишува денес БГНЕС од Белград.
Министерот за правда Кренар Лога денеска разговорал со државниот обвинител на Швајцарија, Стефан Блатлер во насока на зајакнување на капацитетите за борба против криминалот и корупцијата. Лога за разговорот информира преку објава на Фејсбук, што ја пренесе Министерството за правда. -Ги зајакнуваме капацитетите за бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, користејќи ја поддршката и искуството на нашите пријатели. Во исто време, отвораме нов прозорец на државни и професионални односи со швајцарските тела за кривично гонење, благодарение на нашата проактивна улога. Отворен, пријателски разговор, во доверба, за нови патеки за соработка со државниот обвинител на Швајцарија, г. Стефан Блатлер. Борба против…
Министерството за надворешни работи денеска во соопштение истакна изборот на компанијата во процесот на адаптација на салата „Борис Трајковски“ за ОБСЕ е целосно транспарентен и согласно процедурите. Владата, појаснуваат, го задолжила Министерството за надворешни работи, како носител на буџетот за претседавањето со ОБСЕ во 2023 година, да спроведе постапка за набавка на градежни и други работи и услуги за реализација на внатрешната адаптација и надворешно уредување на Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ за одржување на Конференцијата на министерскиот совет на ОБСЕ. Како што соопштуваат од МНР, станува збор за најголемиот меѓународен политички настан кој некогаш се организирал во државата на кој…