Author: Marta Pesevska

Русија ги усоврши инструментите на теророт и прогонот што ги применуваше на Крим во текот на изминатите девет години и сега вршат злосторства во градовите и селата низ цела Украина, од кои многу претставуваат воени злосторства, порача денеска претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел во своето видео обраќање на Третиот самит на Кримската платформа. – ЕУ ќе продолжи да повикува на целосна одговорност за овие злосторства, вклучително и за кривичното дело агресија и нема да признае каков било незаконски обид за промена на статусот на териториите на Украина, вклучително и на Автономната Република Крим и градот Севастопол, бидејќи почитувајќи…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерката за одбрана Славјанка Петровска, денеска оствари средба со делегација на Hyundai Motor Group, предводена од извршниот директор Еуисун Чунг и јужнокорејскиот амбасадор, Бае Јонинг. На средбата се разговараше за потенцијалот кој Северна Македонија го има за странските инвестиции, како и за владините политики за создавање на поволна бизнис клима за привлекување странски инвестиции. На состанокот се потенцираше дека Северна Македонија нуди низа предности за инвестирање, меѓу кои и стратешка локација, блискост до…

Read More

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Австрија, Н.Е. Мартин Памер на која разговараа за текот на скрининг процесот, за уставните измени и важноста да се задржи европскиот дискурс на државата во овој момент. Вицепремиерот Маричиќ на средбата посочи дека членството во Европската Унија е од национален интерес и дека Владата е посветена и прави напори државата да ја задржи на европскиот пат. Тој додаде дека „сме подготвени на тешки и темелни реформи за побрзо да ги достигнеме европските стандарди“ и дека за тоа помош имаме и од нашите европски партнери. Новоименуваниот австриски…

Read More

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска го посети  Научниот Институт за тутун во Прилеп, којшто е една од најстарите научни институции на Балканот и следната година го слави својот 100-ти роденден. Институтот за тутун е важна научна институција во производството на тутун и сите овие години успешно ја извршува своја научна дејност. Преку Програмата за рурален развој, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), обезбеди финансиска поддршка за Институтот во вредност од  5.740.000 денари, за поставување на систем за наводнување (капка по капка) на опитните полиња. Системот наводнува 14 хектари површина на која се сади сортата “Прилеп 66”, која…

Read More

Крајот на војната и обновувањето на територијалниот интегритет на Украина не треба да биде далечен сон, туку опиплива цел која бара наша непоколеблива посветеност и колективна посветеност. Одлуките што ги носиме и активностите што ги преземаме денес, заедно со сета поддршка што континуирано ја даваме за Украина, можат да ја обликуваат траекторијата на нацијата и нејзиниот народ за генерациите што доаѓаат. Уште повеќе, нашите колективни напори ќе придонесат за одржување на траен мир и стабилност низ европскиот континент.

Read More

Паркот на ветерни електрани Миравци, две фотонапонски електрани во кругот на ТЕЦ Битола, модернизација и надградба на комплексот Енергетика и соларна топлификација Битола, се проектите за кои од КФВ банката изразија интерес за поддршка на реализација во нашата земја. На средбата помеѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими со директорот на Секторот за Југоисточна Европа и Турција во КфВ, Клаус Милер беше разговарано тековното портфолио на проекти, како и идната соработка со банката. Тековно КФВ финансира проекти во вредност од речиси 200 милиони евра. Министерот за финансии на средбата изрази благодарност за поддршката што РС Македонија ја добива од КфВ банката.…

Read More

Четворица просветни работници загинаа, а четири лица се повредени во руски напад врз училиште во градот Ромни во североисточна Украина, изјави министерот за внатрешни работи Ихор Клименко. Тој додаде дека спасувачите од урнатините ги извлекле телата на директорот на училиштето, заменик – директорот, секретарот и библиотекарката. „Четворица мештани се повредени додека минувале покрај училиштето, рече Клименко. Тој сподели и фотографии кои прикажуваат како вработени од Итната помош носат тела на носилки. Регионалната воена управа соопшти дека дрон испукан од Русија го погодил училиштето во 10:05 часот по локално време. „Училишната зграда беше уништена и тоа непосредно пред учебната година, која…

Read More

Остануваме силно посветени на нашата агенда во изградба на безбедна и модерна патна инфраструктура низ целата земја и од тоа не отстапуваме, потенцираше министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, при денешната посета на неготинско Војшанци. Министерот заедно со директорите на Јавните претпријатија за патишта, Рустеми и Ацевски и пратеничката Лолита Ристова, извршија увид во комплетната рехабилитација на патниот правец Неготино – Дуброво – Војшанци и притоа остварија средба и со локалното население. Инвестицијата за рехабилитација на овој пат изнесува 75 милиони денари, средства обезбедени преку централната власт. „Ме радува што денеска ги гледам жителите собрани во толкав број, тоа…

Read More

Пишува: МАРЈАН ЗАБРЧАНЕЦ Мицкоски преку денешното интервју упати пораки со кои како да сака да го условува целото општество дека прво требало да му се дадат избори, за тој потоа да го соопштел наводното решение за македонско-бугарските односи. Тој вели: „Ќе понудиме патриотско, компаративно гледано, крајно исправно решение кое ќе ги зачува, заштити и унапреди интересите на Македонија. Но, за да го направиме тоа потребни се ПРВО избори.“ Или, во превод, дајте ми власт, па ќе ви кажам што ќе правиме. Бре мајката!? Мицкоски нема план за МК во ЕУ. Да имаше, ќе го соопштеше. Но дали денес Мицкоски, можеби за…

Read More

Хуманитарниот координатор на ОН за Украина го осуди денешниот руски ракетен напад врз центарот на градот Чернихив, во кој загинаа најмалку седум луѓе и ранети се над 100, оквалификувајќи го како „грозоморен“,и  повикувајќи ја Москва да ги прекине нападите врз „населените области“. Во нападот рано утрово беше погоден драмскиот театар на централниот плоштад во Чернихив . „Грозоморно е да се напаѓа главниот плоштад на голем град, наутро, додека луѓето се шетаат, некои одат во црква за да го прослават верскиот ден за многу Украинци“, рече Дениз Браун, хуманитарна координаторка на ОН за Украина. Таа мислеше на православниот празник Преображение Господово…

Read More

Двајцата пациенти заразени со конго-кримска хеморагична треска (ККХТ) се стабилни. Според лекарите, најкритичната фаза од болеста кај нив поминала и не се очекува влошување на нивната состојба. Нема други суспектни случаи ниту, пак, кај некои од контактите е потврдено присуство за ККХТ, соопшти Министерството за здравство. Потсетува на заклучокот од  последниот состанок со Комисијата за заразни болести што се одржа минатата седмица – да се препорачаат превентивни мерки за заштита на граѓаните од конго-кримска хеморагична треска која се пренесува со каснување од крлеж. Преветивните мерки за заштита, главно, се однесуваат на информирање на граѓаните и на здравствените работници на кој…

Read More

Новата варијанта на коронавирусот БA.2.86, која има голем број мутации, досега се појави во четири земји – САД, Велика Британија, Данска и Израел. Научниците се во состојба на готовност, истражувајќи до каде е раширена новата варијанта и како таа реагира на антителата.

Read More