Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
„Во целост ги поддржувам приватните специјализанти во барањата за покачување на примањата, согласно растот на платите. Тие го бараат само она што и го заслужуваат“ – напиша Венко Филипче на својот Фејбук профил и им даде поддршка на приватните специјализанти кои најавија протест за покачување на приходите. Поранешниот министер за здравство потсети дека заедно со нив во инклузивен процес за прв пат била обезбедена плата. Филипче вели одлуките за нивните права и барања мора да се носат заедно со нив, како што тој тоа го правел додека бил министер. „Обезбедувањето на плата за приватните специјализанти за прв пат во историјата,…
Во новото геостратешко опкружување, проширена ЕУ базирана на јасни цели, критериуми и заслуги, секогаш ќе претставува наша најдобра инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот на нашиот континент, изјави претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, по нејзиното учество на денешниот Самит на Унијата во Брисел. – Затоа време е да се отворат преговорите за членство на Босна и Херцеговина во ЕУ, порача Мецола. Таа нагласи и дека ЕУ мора да продолжи да го прави сето она што е потребно за да и помогнеме на Украина да се одбрани. – Имаме колективна одговорност да ги забрзаме и интензивираме нашите напори за…
Јулија Навални, сопругата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, денеска изјави дека судот ја отфрлил тужбата против затворот во кој тој почина, бидејќи, според неа, тоа би значело објавување на видео-снимката и други информации за околностите на неговата смрт. Навални на платформата Икс (Твитер) напиша дека верува дека случајот е затворен, бидејќи во спротивно ќе ги принуди затворските власти да дадат детални информации за тоа што се случило на 16 февруари, кога починал нејзиниот покоен сопруг, пренесува МИА. Претходно денеска поранешниот помошник на Навални, Иван Жданов, изјави дека тужбата на мајката на починатиот руски опозиционер, во која се наведува дека…
Екипата на Внимание, внимание– зборуваат граѓаните“, ги праша битолчани: „Дали Битола се држи јако, или и падна газо?“, мислењата кај битолчани се поделени. Некои велат „и падна газот“, други велат „и така и така“, трети „се држи јако и ќе се држи јако“, „Битола се држи на најјако ниво досега“, но има и такви што сметаат дека : „Не баш да падна газо скрос, ама тука негде.“ На прашањето, ако Битола е главен град, кои институции од Скопје би ги префрлиле во Битола, граѓаните даваат изненадувачки одговори. Неколку од прашаните битолчани одговорија дека би сакале тоа да биде Македонската опера…
Во интервју за „Локално“ , министерката за одбрана, Славјанка Петровска зборува за набавката на хеликоптерите за армијата. Таа вели дека, се работи за повеќенаменски хеликоптери кои покрај транспортот ќе може да изведуваат и друг широк спектар на операции – мисии за огнена поддршка, извидување, задачи со специјални сили, поддршка на цивилни институции во услови на елементарни непогоди и кризни состојби. „Нашите експерти од воздухопловниот ВИНГ на брифингот за новинарите покажаа со какво вооружување ќе бидат опремени хеликоптерите. Тоа значи дека припадниците на Интегрираниот проектен тим внимавале на се и добро се погрижиле хеликоптерите да одговорат на сите евентуални потреби на…
„Секогаш во судството и обвинителството треба да ги гледаме поединците.Така ќе тргнеме и со СЈО, не може да ја обвиниме целата постапка за формирање на законот, на СЈО, само заради еден што се огрешил во СЈО, кој сега лежи во затвор. И нашиот стратешки партнер САД ја ставаат на црна листа кој што не знаеме, не е конкретизирано за влез во САД, меѓутоа, не знаеме што понатака ќе произлезе од самата порака. Затоа, оваа влада кога веќе тераше борба за корупција бидејќи 11 години гледавме корупција, и законите кои ги донесовме, поминаа многу на бивши политичари на кои предметите стоеја…
Климатскиот инвестициски фонд (ЦИФ) го одобри Инвестицискиот план на Северна Македонија за забрзана енергетска транзиција од јаглен кон чиста енергија во вредност од 85 милиони евра. Со одобрување на овие средства од ЦИФ, како што велат од Министерството за економија, се обезбедуваат првите фондови за реализација на Инвестициската платформа за праведна транзиција на Северна Македонија во вредност од три милијарди евра која што беше лансирана на COP 28 во Дубаи на крајот на минатата година. Министерството за економија денеска во Владата пред претставници на комитетот на Климатскиот инвестициски фонд, ЕБРД, Светска Банка, ИФЦ и Развојната Банка го презентираше Инвестицискиот план…
„Господинот Пендаровски е победнички кандидат на претседателските избори и тој е победнички кандидат затоа што е поддржан од сите прогресивни партии во државата. Второ тој се покажа како претседател на сите, во неговиот пет годишен мандат немаше ниту една стратешка грешка. Тој ги поддржа сите стратешки процеси во државата, немаше ниту една афера што се однесува на него. Претседателот Пендаровски се однесуваше кон сите граѓани еднакво без разлика на нивната етничка или било каква припадност. Има едно прекрасно семејство кое што јас имав можност да го запознаам, да ја запознаам неговата сопруга Елизабета, неговиот син кој што е одличен инженер…
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски денеска ја поддржа можноста Украина да добие крстосувачки ракети „Таурус“ и ја обвини Германија за двоумење во испораката на нови системи за вооружување. Испраќањето на ракетите „Таурус“, кои имаат дострел од 500 километри, би имало „материјален ефект врз способноста на Украина да се брани“, изјави Сикорски за германската новинска агенција ДПА. „Со британските и американските ракети, Украинците успеаја да ги натераат Русите да ги преместат своите логистички центри, нивните складишта за муниција, нивните командни и контролни центри, нивните транспортни врски подалеку од фронтот. А германските ракети би ги присилиле да одат уште подалеку”,…
Техничкиот премиер Талат Џафери, заедно со министерот за образование и наука Јетон Шаќири и градоначалникот на Општина Чашка Горан Стојановски, денеска го посети ООУ „Тодор Јанев”, каде по претходните бојкотирања е изнајдено соодветно решение за надминување на проблемите околу одвивањето на наставата. Џафери порача дека наставата тече онака како што е договорено да се спроведе, додека општината и Министерството за образование и наука се во тековна процедура и постапка за решавање на просторните потреби за новоформираното училиште на албански јазик. – Со тоа фактички ќе се овозможи од наредната школска година наставата да се изведува во издвоени два посебни, засебни,…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во свое обраќање на третиот Самит за демократија ги повика сите народи во светот да учествуваат на Глобалниот самит за мир со цел заеднички да ги направат светските безбедносни правила одново ефективни, пренесува Укринформ. „Клучните столбови на денешниот свет заснован на правила, за жал, се ослабени, ако не и скршени. Светот сега повеќе се обложува на силата, а не на правилата. Сепак, силата и правилата меѓусебно не се исклучуваат. Без моќта да се казни кршењето на правилата, правилата се неефикасни. И без правила кои ја ограничуваат моќта, моќта полудува. И токму тоа се случи со…
Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер, побара да се промени начинот на спроведување на Регулативата на Централната банка на Косово (ЦБК) со која се забранува употребата на српскиот динар во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина. По денешната средба со косовскиот вицепремиер и главен преговарач во дијалогот со Србија, Бесник Бислими, Ховениер рече дека гледа позитивни знаци од средбата што главните преговарачи на Косово и Србија, Бислими и шефот на канцеларијата за Косово при владата на Србија, Петар Петковиќ ја имаа вчера во Брисел, заедно со посредникот на ЕУ во дијалогот, Мирослав Лајчак. Американскиот дипломат повтори…