Author: Marta Pesevska

Европската унија продолжува да биде сè повеќе енергетски независна од Русија. Како што пишува Политико, залихите на природен гас во ЕУ во четвртокот достигнаа историски максимум, пополнувајќи се многу пред зимската грејна сезона. Таа ситуација ја остава Русија да се бори да ја закрпи дупката во нејзините финансии, оставена од одлуката на Кремљ да ги прекине врските со европските клиенти по почетокот на инвазијата на Украина минатата година. Но, помалку руски гас, исто така, ја отвора ЕУ за поголеми флуктуации на цените на глобалниот пазар на течен природен гас. Асоцијацијата на оператори со гасна инфраструктура на ЕУ, „Gas Infrastructure Europe“…

Read More

„Денес во Собранието стана кристално јасно кој навистина сака Северна Македонија да стане просперитетна држава, земја членка на ЕУ, а кој сака да ја блокира европската иднина на државата“ рече премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција. Тој додаде дека се потврди дека Владата и сите политички партии и чинители од проевропскиот фронт ѝ мислат добро на државата, граѓаните и се за интеграција на државата во ЕУ, како што беа и за НАТО. „Денес повторно се потврди дека единствената идеологија на ВМРО-ДПМНЕ е блокада и изолација и тоа проеврпски ориентираните граѓани нема да го заборават и простат. Ова блокирање кое тие долго…

Read More

Модернизација и проширување на граничниот премин Деве Баир, беше една од темите на кои се разговараше при денешната посета на директорот на Царинската управа, Стефан Богоев и заменик директорот, Муарем Асани, на граничниот премин Деве Баир, известуваат од Царинската управа. – Модернизацијата на преминот се реализира во рамки на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан, при што во првата фаза од проектот предвидена е изградба на објект на терминалот за стоково царинење и реконструкција на управната зграда. Во втората фаза планирано е проширување на преминот со две дополнителни сообраќајни ленти на влез и на излез од…

Read More

Амбасадорот на Северна Македонија во Мадрид, Шпанија, Едмонд Адеми во своја објава на Фејсбук по повод средбата со дел од организаторите на “Macedonian Music Festival” напиша: Денес, во амбасадата на Република Северна Македонија во Мадрид имав средба со дел од организаторите на “Macedonian Music Festival”. Овој фестивал е иницијатива на една група млади ентузијасти од Шпанија, кои веќе неколку години преку организација на истиот ја промовираат македонската култура и музика во својот роден град Кастељон. Во разговорот што го имавме, еден од организаторите сподели дека идејата за фестивалот се родила токму од искрената желба на оваа група млади да обезбедат…

Read More

За изградбата на коридорите 8 и 10д на конзорциумот „Бехтел и Енка“ ќе им бидат потребни околу две илјади работници од различни профили. Овој податок беше соопштен на првиот ден од саемот за вработување што се одржа попладнево во Агенцијата за вработување во Гостивар во американско-турскиот конзорциум. Меѓу гостите и заинтересираните граѓани беше и првиот вицепремиер Артан Груби. Тој посочи дека Коридорите 8 и 10д се како што рече најголемиот инфраструктурен проект во историјата на нашата држава и дека се потребни работници. – Би сакал да ги охрабрам сите луѓе не само од Гостивар, да аплицираат на дадените адреси и…

Read More

Бројот на загинати во шумските пожари на хавајскиот остров Мауи се искачи на 106, што го прави најсмртоносниот во Америка во последните 100 години, соопштија властите. Официјалните лица стравуваат дека бројот на жртви може да биде двојно поголем, бидејќи не се знае судбината на стотици исчезнати лица. Идентификацијата на жртвите ќе биде тешко спроведлива бидејќи пожарот бил толку силен што металните конструкции се стопиле, велат официјални лица. Се очекува наскоро да бидат познати имињата на загинатите, а досега се идентификувани првите три тела, велат надлежните кои повторно побарале од семејствата на исчезнатите да дадат примероци од ДНК. Гувернерот Џош Грин…

Read More

Избори, апсолутно не се излез ниту решение, единственото решение е да се пристапи кон уставни измени и тие да бидат поддржани од сите парламентарни партии. Овој став го искажа првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, во одговор на новинарско прашање за можноста доколку нема над 80 пратеници, дали излез би биле избори. – Не, апсолутно не се излез изборите. Изборите не се решение. Единствено решение коешто е добро за вас, за нас, за сите граѓани, за цела наша држава, за цел наш регион е да пристапиме кон уставните измени. Да ги поддржиме консензуално…

Read More

Пред неколку месеци со градоначалникот бевме тука во Пробиштип разговаравме со граѓаните, ги утврдивме нивните приоритети и особено ми е драго што веќе денеска проектите се реализираат на терен, порача министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска престојуваше во работна посета на општина Пробиштип, каде заедно со градоначалникот, Драган Анастасов потпишаа меморандум за реконструкција на две локални улици во градот. Станува збор за улиците „Христијан Тодоровски Карпош“ и „3 Април“, кои општина Пробиштип ги означи како приоритетни, а вкупната инвестиција за нивната реконструкција изнесува 29,5 милиони денари, средства обезбедени преку буџетот на Министерството за транспорт и врски. Бочварски…

Read More

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска е избран за полноправен член на глобалната Коалиција на министри за финансии за климатска акција. Коалицијата претставува глобална иницијатива, во која членуваат министри за финансии на 90 држави и претставници од 26 институционални партнери. Коалицијата е основана во април 2019 година, со цел да се координираат активностите на министрите за финансии во насока на почитување на преземените обврски од Парискиот климатски договор и Хелсиншките принципи за климатска акција. – Мисијата на Коалицијата е во целост компатибилна со Планот за забрзан раст 2022-2026 година, во кој една од приоритетните области е заштита на животната средина,…

Read More

Како напредуваме со преговорите со ЕУ, така нашата држава би напредувала и во новите пристапни фондови. Верувам во вас и знам дека вие ќе го одберете патот на развојот и напредокот, порача денеска од Дебар министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Николовски посочи дека министерството и Владата се силно посветени во остварување на целта земјата да има модерни системи за наводнување, а за ова, како што рече, потврда се и повеќето започнати капитални проекти во делот на водостопанството. -Во финална фаза од изградбата се браната Конско, која е најголемиот инфраструктурен проект изграден во последните 50 години и изградбата…

Read More

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска одржа координативен состанок со претставници на сите државни инспекторати, на кој присуствуваше и претседателката на Инспекцискиот совет Даниела Рендевска. На состанокот се разговараше за динамиката на дигитализација на инспекциската постапка Е-инспектор, преку која значајно се отстранува субјективниот фактор, а со тоа и се намалуваат и ризиците од корупција во инспекциските надзори. Вицепремиерката Грковска истакна дека е многу важно инспекторатите кои се уште ја немаат дигитализирано инспекциската постапка да ги направат сите неопходни подготовки за да се запази утврдената динамика. Како најголема пречка во секојдневното работење на…

Read More

Историска зграда денеска се урна во истанбулскиот кварт Бешикташ. Под урнатините на зградата има затрупано лице, објавија очевидци цитирани од турската државна телевизија ТРТ-Хабер. Трикатницата се урна при реставрација. Инцидентот се случил околу 15 часот и 30 минути. При уривањето биле затрупани две лица. Едно лице е извлечено од под урнатините од луѓето од околината, јави агенцијата Анадолија. Преземена е акција за спасување на потрупаното лице. Во областа се испратени полициски екипи, пожарникари, медицински лица, екипи на Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Во акцијата за спасување е вклучено и специјално обучено куче. Извор: МИА

Read More