Author: Marta Pesevska

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се обратил на Првиот европски куп во џудо, што се одржува во Скопје, на покана на претседателот на Џудо федерацијата на Република Северна Македонија, Владимир Трпаноски, а во присуство на претставници на Европската џудо федерација, Владата на Република Северна Македонија, на дипломатско-конзуларните претставништва, Агенцијата за млади и спорт, МОК, како и учесниците на Купот. – Навистина радува сознанието што оваа наша спортска федерација успеа во идејата која ја донесе до моментот во наредните денови да биде домаќин на над 230 јуниори од 30-тина земји не само од Европа, туку од целиот свет. И,…

Read More

Новинарот и аналитичар Зоран Иванов инспиран од посетата на косовскиот премиер Албин Курти во Скопје и Тетово во објава на Фејсбук напиша: Курти вчера дојде, се прошета по Скопје и Тетово, со своите локални домаќини навредливо ја поништи македонската антифашистичка епопеја и борбата за држава и државност, поплука малку по власта, се изгушка со етно опозицијата, подели памет со кого македонските граѓани да се дружат, а кого да игнорираат, посоли уште по троа памет, ја поздрави големоалбанската иконографија на вознесените организатори, ја премости или тунелски ја проби Шар Планина, не беше баш јасен околу овој инфраструктурен проект во фаза на идеја и,…

Read More

ЦИВИЛ побара коментар од кабинетот на премиерот Ковачевски за посетата на косовскиот премиер, Курти, при чија посета во Тетово беа игнорирани протоколите, меѓу кои е и обврската да се истакне македонското знаме. Кабинетот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија посочи дека, пред сѐ, се работи за приватна посета на премиерот на Косово, Албин Курти, така што, за деталите од поканата, протоколот и организација на посочениот настан, упатуваат да се побараат одговори кај организаторот. „Во секој случај, Кабинетот на премиерот смета дека истакнувањето знамиња кои не се државните, е спротивно на протоколите и законите за организирање настани во присуство…

Read More

Музичката програма на годинешното 63-то издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со украинската вечер во чии рамки ќе одржи солиситички концерт на пијанистот, маестро Алексеј Ботвинов. Алексеј Ботвинов е исклучителен пијанист, музички иноватор и продуцент. Тој е еден од најзначајните украински пијанисти и се смета за еден од најдобрите интерпретатори на музиката на Сергеј Рахмањинов. Ботвинов, истовремено е и единствениот пијанист повеќе од 300 пати ги има изведено „Голдберг варијациите“ на Бах. Ботвинов има концертирано на сцени во повеќе од 46 земји ширум светот, а неговите неодамнешни настапи вклучуваат концерти во салите на Берлинската филхармонија, во „Гевандхаус“ во Лајпциг, „Тонхале“…

Read More

Околу два часа откако властите ја евакуираа Ајфеловата кула поради закана за бомба, на посетителите им беше дозволено да се вратат, објавија странските агенции, повикувајќи се на извор од француската полиција. „Тоа беше лажна тревога, луѓето можат да се вратат внатре“, посочија од полицијата. Кулата покрај реката Сена ја посетуваат околу 7 милиони луѓе секоја година. Ајфеловата кула и околните области на француската престолнина денеска беа евакуирани по закана за бомба. На местото на настанот беа испратени експерти за деактивирање бомби, објави весникот  „Паризиен“. Извор: МИА

Read More

Најмалку шестмина мигранти се удавија денеска кога нивниот чамец потона во Ла Манш, според новиот официјален извештај за несреќата. Портпаролот на француската поморска полиција изјави дека петмина до 10 патници се водат за исчезнати и по нив се трага. Брзата помош згрижила 55 мигранти. Во спасувачката акција биле ангажирани пет бродови и еден француски хеликоптер, како и два британски брода. Повеќе од 100.000 мигранти илегално го преминале Ла Манш со мали чамци од 2018 година. Извор: МИА

Read More

Властите на американскиот архипелаг Хаваи отворија истрага за одговорот на локалните власти на разорните шумски пожари на островот Мауи, во кои загинаа најмалку 80 лица, покажуваат мајновите податоци. Во претходниот биланс се зборуваше за 67 жртви. „Бројот на загинати се зголеми  на 80“, соопштија локалните власти, додавајќи дека повеќе од 1.400 луѓе се евакуирани. Пожарот е најлошата природна катастрофа на Хаваите од цунамито во 1961 година кога загинаа 61 лице на Големиот остров. Извор: МИА

Read More

Делегација на Сојузот за стопански комори на Македонија – ССК предводена од претседателот Трајан Ангелоски, потпретседателите, Горан Ѓеорѓиевски, Орце Симов и Сашо Дукоски, заедно со директорот на Агенција за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски, остварија посета на македонската винарија „Имако“ лоцирана во штипскиот регион. Како што соопштуваат од Сојузот, менаџерот за развој на винаријата Никола Љуботенски, ги преставил производствените капацитети за произвоство на вино, дестилеријата за производство на традиционални ракии и вињаци. -Ќе се согласиме дека не постои единствена формула за високо квалитетно македонско вино, бидејки треба да се има многу љубов и посветеност кон лозарството произведувајќи  врвна…

Read More

ДРАГАН МИШЕВ Перјаницата на груевите „к**тон портали“, и сегашниот истакнат (про)вмровски и (про)опозициски портал „Република“, познат по жирењето на дезинформации, по налог на неговите газди, повторно манипулира со вистината и спинува, односно безочно лаже. Во својата објава од 11 август, „обработува“, или поточно, „одработува“ анализа на Фондацијата за демократија на Вестминстер објавенана во рамки на конференцијата „Младински состојби и финансирање на младинските политики во Македонија”. Република, произволно, и сосема неточно изведува заклучок ( во насловот и во содржината на објавата) од анализата дека „Иселувањето од Македонија, посебно на младите е зголемено со доаѓањето на власт на СДСМ“, иако и самите,…

Read More

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски преку објава на Фејсбук им го честита Меѓународниот ден на младите. Од 2017 до 2022 година ️841 решение е доделено за мерката млад земјоделец во износ од 10.000 евра, за поддршка и развој на младите. Во текот на месец август следува нов јавен повик за поддршка од 10.000 евра на млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност. Доделивме стипендии во износ од 18.000 денари за студенти запишани на додипломски студии од областа на земјоделството, шумарството и ветеринарството. Ги вклучуваме студентите во изработка на програми и закони, преку волонтирање во рамките на МЗШВ…

Read More

Нашата врвна спортистка Дуња Иванова ќе се натпреварува заедно со 84 натпреварувачки од цел свет, во женска сениорска конкуренција во дисциплината „Хронометар“ во Глазгов, а во недела (13.08) ќе се натпреварува на друмската трка во должина од 150 километри. Во историјата на македонскиот велосипедизам ова ќе биде прв пат женски претставник да настапи на Светско првенство. Делегацијата на ЕУ одлучи да го поддржи нејзиниот пат кон нови победи. View this post on Instagram A post shared by EuropeHouseSkopje (@europehouseskopje)

Read More

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Меѓу оние забелешки на она што јас го објавувам на социјалните мрежи во последните години, често дадени во тон што не можам да го оценам како непријателски, се насочени кон мојот внимателен однос кон она што го пишува министерот за финансии за работата на својот кабинет. За разлика од моите критичари во овој домен, јас тврдам дека Фатмир Бесими има доктринарен пристап кон решавање на проблемите од негов домен. Практично, тој, како лондонски студент, ги користи сите сознанија кои постојат во развиениот западен свет и кои значат борба со трите „ламји“ на совремието – светската епидемија на вирусот…

Read More