Author: Marta Pesevska

Премиерот на Косово, Албин Курти, кој е во неофицијална посета на земјава, денеска присуствуваше на преименувањето на улицата „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“ во општина Чаир. Во обраќањето, Курти рече дека пред пред две недели е одбележана петгодишнината од смртта на Демачи и оцени дека е од особено значење тоа што Демачи ќе има своја улица во Северна Македонија. Попладнево, Курти е во посета на Тетово. Според агендата, тој денеска ќе се сретне со албанските опозициски партии, но не се најавени средби со државниот врв или владините партии од албанскиот блок.

Read More

Германски државјанин идентификуван само како Томас Х. е уапсен денеска во Кобленц под обвинение дека се обидел да шпионира за Русија, а неговиот стан и работното место биле претресени, соопштија федералните власти. Германскиот сојузен обвинител во кратка писмена изјава наведе дека човекот работи за германската војска, во Канцеларијата за опрема, информатичка технологија и сервисна поддршка на Армијата. Од мај тој човек во неколку наврати самоиницијативно се обратил до рускиот конзулат во Бон и до руската амбасада во Берлин, нудејќи соработка. Истрагата е водена во соработка со Федералната канцеларија за воено контраразузнавање и домашната разузнавачка служба на Германија, Сојузната служба за…

Read More

Брана на норвешка река денеска делумно се урна, а водата почна да се излева низ процепната дупка во средината на објектот. На инцидентот му претходеа повеќедневни силни поплави во областа. Браната Браскерајдфос на реката Глома, најголемиот воден пат во Норвешка, не можела да ги отвори вратите откако нејзината контролна соба се поплавила. Полицијата претходно размислуваше да ја крене во воздух една од затворачките порти на 45-годишната брана за да помогне да се олесни ситуацијата, но на крајот се одлучи да не го стори тоа, бидејќи ќе беше тешко да се одржи експлозијата под контрола. Норвешка евакуираше илјадници луѓе бидејќи реките…

Read More

Усогласување на Колективниот договор со законот и со општиот колективен договор што ќе значи и зголемување на платите на царинските службеници, како и изготвување на заеднички план за борба против корупцијата со Синдикатите, најави денеска директорот на Царинската управа Стефан Богоев. Во гостување на ТВ 21 Богоев посочи дека царинските службеници треба да добиваат 30 проценти додаток поради посебните одговорности кои произлегуваат од нивната работа. Поддршка, како што рече, има и од Министерството за финансии, каде се свесни за тоа колку е круцијална работата на царинските службеници кои полнат скоро половина од Буџетот на државата. -Практично сега сме во фаза…

Read More

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево во близина на Трговскиот центар „Бисер“ во Општина Аеродром во Скопје, потврдија за МИА од МВР. Од МВР потенцираат дека во 15:06 часот, возило „тојота“ удрило во жардињера на булеварот кај ТЦ „Бисер“ во Аеродром. Екипите на брзата помош излегоа на местото на несреќата, а возачот е пренесен за укажување на лекарска помош. Извор: МИА

Read More

Партнерскиот и инклузивниот пристап во креирањето и спроведувањето на економските политики на Владата дава резултати, преку Законост за финансиска поддршка на инвестиции Владата на Република Северна Македонија од неговото воведување, односно во периодот од 2018 до 2022 година, со околѕ 57 милиони евра, поддржа 630 компании кои инвестираа над 340 милиони евра. Довербата на деловните субјекти во институциите и нашите економски политики од година во година се зголемува, бројот на потпишани договори за финансиска поддршка на компаниите континуирано расте. Од стапувањето на сила на законот во 2018 година, заклучно со минатата година беа потпишани вкупно 630 договори за финансиска поддршка.…

Read More

Единаесет лица се пронајдени под урнатините во одморалиштето за возрасни лица со посебни потреби во францускиот град Винтзенхајм, откако претходно во него избувна пожар, изјави попладнево Натали Килвасер, заменик јавен обвинител на блискиот град Колмар, пренесе ДПА. Претходно, 10 лица со инвалидитет и негувател се водеа како исчезнати по пожарот во оддалечениот кварт Винтценхајм. Не се знаеше дали луѓето имале потешкотии да излезат од куќата поради нивната попреченост, рече Килвасер. Пожарот во одморалиштето избувна утринава  околу 6:30 часот,а  во тоа време во него престојувале 28 лица, додаде германската агенција. Локалната префектура јави за две возрасни групи, вклучувајќи и лица со…

Read More

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира лозаропроизводителите дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања, за произведено и предадено грозје во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија. Исплатени се 199,4 милиони денари како дополнителна поддршка до 5.851 лозаропроизводител. Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделски стопанства кои имаат површини под лозови насади и остварено производство на винско грозје од реколта 2022 година, кое е предадено во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија, или е преработено за потребите на сопствениот…

Read More

Преку својата хуманитарна фондација, Лука Дончиќ се вклучи во помагањето на најпогодените од страшните поплави во неговата Словенија. Голем дел од Словенија е под вода, а дел од селата се отсечени од светот, веќе за жал се бројат и жртви. Лука е помеѓу првите големи имиња што се јави да помогне на своите сонародници. Фондацијата стапила во контакт со локалните самоуправи и наскоро тие би требало да ги добијат потребните средства. „Фондацијата Лука Дончиќ ја потресоа катастрофалните поплави кои предизвикаа хаос во Словенија, уништувајќи куќи и одземајќи животи. Ќе продолжиме да даваме помош се додека е потребно. Нашата најдлабока благодарност…

Read More

Високи претставници на околу 40 држави, меѓу кои и САД, Кина и Индија, денеска во саудискиот град Џеда почнаа преговори, кои, како што Киев и украинските сојузници се надеваат, треба да резултираат со договор за клучните принципи за ставање на крај на војната во Украина. Дводневниот состанок е дел од дипломатските напори на Украина да допре до земјите од „глобалниот југ“ кои не сакаат да заземат страна во конфликтот, иако тој влијае врз глобалната економија. Се уште не е јасно дали средбата ќе резултира со заедничка изјава. На средбата во Џеда не присуствува руски претставник, но Кремљ најави дека внимателно…

Read More

Во Белград се одржа четиринаесеттиот протест „Србија против насилството“, со блокада на центарот на Белград и на автопатот на мостот Газела, јави дописникот на МИА од Белград. Протестот во Белград, почна од платотото пред Народното собрание, од каде граѓаните со блокада на сообраќајот по централните белградски улици и покрај силниот дожд се шетаа до автопатот на мостот Газела, кој претходно беше блокиран од еколошките активисти. Протести се одржаа и во Краљево и во Бачка Паланка. Овонеделниот протест против насилството е посветен на новиот Закон за планирање и градење. Барањата на протестите Србија против насилството се: смена на Советот на РЕМ…

Read More

Директорот на Царинската управа Стефан Богоев донел одлуки за кадровска реконструкција на клучни позиции во системот на раководење на управата. Ова за МИА го потврди Богоев без да ги коментира причини за кадровската реконструкција. Направени се измени на раководната функција на секторот Акцизи, во одделот за акохол, алкохолни пијалоци  и тутунски производи, а промени има и на шефовските позиции на граничните премини „Блаце“ и „Табановце“. Стефан Богоев стана директор на Царинската управа пред извесно време. Пред него со оваа институција раководеше Славица Кутиров. Извор: МИА

Read More