Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
МТСП: Еднократното покачување не е решение, новата методологија овозможува постојан раст на пензиите
Според Министерството за труд и социјална политика на интензивните средби со пензионерите, на маса се неколку теми за заштита на нивниот животен стандард, отворено се разговара за напорите да се амортизира растот на цените, да се утврди висината на минималната пензија, се разговара за финансиските пакети за поддршка во справување со енергетската и економската криза, како и за воведување на проектот Помош и нега во домот. Од Министерството за труд и социјална политика сметаат дека барањето за линеарното покачување на пензиите не е решение. Во одговор за Локално оттаму велат дека поради ова и континуираната соработка со Здружението на пензионери,…
Невремето се приближува кон Македонија. На српската интернет страница „vremeradar“ можеме да видиме кога точно опасниот облак ќе стигне во Македонија. Невремето ни доаѓа од северозапад и во моментов има зафатено белови од Босна и Хецеговина и Албанија. printscreen/vremeradar.rs Еден час предходното невремето ја имаше поклопено Црна Гора, Подгорица во 11 часот и 30 минути беше зафатаена од силно невреме. printscreen/vremeradar.rs Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека невремето со интензивен дожд за кратко време, силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град, најавено за попладне и во ноќните часови почнувајќи од запад, можно е да дојде…
Во јули годинава во големите пожари во Грција изгореле 50.791 хектари земјиште, а само на островот Родос изгорената површина е 18 илјади хектари, според проценките на оперативната единица BEYOND на Институтот за астрономија и астрофизика на грчката Национална опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Врз основа на податоците, конкретните шумски пожари предизвикале значително поголемо уништување во споредба со пожарите во истиот период во последните 13 години, со оглед на тоа што опожарените површини во јули 2023 година се три пати поголеми од јули 2022 година и четири пати повеќе од истиот месец во 2021 година. За време на топлотниот…
Едно лице загина, а 17 се повредени во пукотница што се случила нешто пред полноќ во барот „Бон Вивант“ во Приштина. Како што потврдија од косовската полиција, се работи за лица на возраст од 20 до 40 години. Портпаролот на Регионалната полиција на Приштина, Агрон Боровци, за медиумите изјави дека околу 23 часот и 30 минути било пријавено пукање во кафеана на улицата Реџеп Луча во Приштина, пренесе Бета. -Полицијата веднаш излегла на местото на настанот и според првичните информации постои сомневање дека некои се повредени од огнено оружје, а други од фрагменти од стакло, рече Боровци. Тој изјави дека…
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски им се заблагодари на граѓаните кои се вклучија во проектот Отворен Кабинет во чии рамки тој посети повеќе полициски станици и центри за обука во земјата. Тој, во своја објава на Фејсбук, најави продолжување на проектот. -Отворен Кабинет за средби со граѓаните го започнавме во СВР Штип, ОВР Струга, ОВР Кавадарци, СВР Тетово, СВР Битола, Камп за обука Лазарополе, Центарот за обука во Идризово – проект во рамки на концептот МВР за граѓаните за нивните идеи за подобрување на безбедноста во заедницата, на работењето на полицијата, сето она што нѐ засега сите нас. Ги…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи објави видео на својот профил на Фејсбук со кратко објаснување, како што посочува, на суштината на преговарачката рамка за преговори со ЕУ. -Прво, преговарачката рамка е поделена во два дела – општ и специјален дел. Во општиот дел се т.н. општи одредби од преговарачката рамка за коишто ниту се прави писмен извештај од Европската Комисија, ниту е потребно гласање од страна на Европскиот совет, т.е., од стана на земјите-членки на Унијата. Во специјалниот дел се наоѓаат 35-те поглавја, за кои постојат одредници кои мора да се исполнат и за кои Европската Комисија подготвува извештај, а…
Новите централи за производство на електрична енергија од обновливи извори што се изградени во последните 19 месеци, може да ги задоволат потребите за струја на близу 120.000 домаќинства, информираат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Во периодот од јануари 2022 година заклучно со јули 2023 година РКЕ има издадено лиценци на вкупно 605 централи со вкупна инсталирана моќност од 316,4 мегавати. – Со овој нов инсталиран капацитет што е ставен во функција во последната година и седум месеци, може да се задоволат потребите за електрична енергија на домаќинства со просечна потрошувачка од 14 градови од земјава: Охрид,…
УХМР предупредува дека невремето со интензивен дожд за кратко време, силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град, најавено за попладне и во ноќните часови почнувајќи од запад, можно е да дојде до поројни истекувања на помалите водотеци и суводолици и до несакани излевања на водите, кои би можеле да предизвикаат локални проблеми како на крајбрежјето, така и на патната инфраструктура, на одредени места можна е и појава на свлечишта и одрони. – Доколку се остварат овие врнежи со голем интензитет за кратко времетраење на одредени помали сливни површини, во вечерните часови, па и во раните часови…
ДПМНЕ е криминална партија, која освен што ги крадела граѓаните, правела проневери и со пари од европски фондови, велат од партијата. Последен доказ е случајот на Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) која констатирала неправилности и сега препорачува државата да ги врати парите, за проект во министерството за земјоделство од 2015 година вреден 660.000 евра. Ова се случувало во време кога премиер бил Никола Груевски, а негов советник за енергетика Христијан Мицкоски. Актуелното раководство на Министерството за земјоделство до надлежното обвинителство достави конкретен предмет со конкретни правни дејства. Обвинителството за гонење организиран криминал да постапи по овој случај и…
Инфлуенсерот на социјалните мрежи Каи Сенат е обвинет за потткнување бунт и незаконско собирање на толпа луѓе, откако илјадници млади луѓе се собрале на Јунион Сквер во Њујорк да учествуваат на неговото дарување, пренесе Си-Ен-Ен.
АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ Традиционалната Италијанска вечер на фестивалот „Охридско лето“, која секоја година е организирана со поддршка на Амбасадата на Италија во Република Северна Македонија, годинава се одржа на големиот национален празник Илинден. Симболиката на оваа вечер, беше уште поголема заради тоа што во годината на државното одбележување на 120-годишнината од Илинденското востание, се одбележуваат и триесет години од воспоставувањето на македонско-италијанските дипломатски односи. По поздравниот говор на директорката на фестивалот Наташа Поповиќ, која ја истакна поддршката што „Охридско лето“ ја добива од страна на дипломатските претставништва во земјава, во духот на празничната атмосфера, присутните ги поздрави и амбасадорот на Италија,…
Најмалку три лица загинаа во невремето и катастрофалните поплави што ја зафатија Словенија, објави Словенечката новинска агенција СТА. Еден Словенец загина во областа Камник, а двајца Холанѓани во планините во околината на Крањ. Рекордните врнежи од дожд кои главно предизвикаа поплави во северниот дел на Словенија не се ни при крај, предупредуваат метеоролозите. Црвен аларм е прогласен за северозападниот, североисточниот и централниот дел од земјата. Невремето се движи низ источна Словенија, а почната е евакуација на населението во Целје, каде без електрична енергија останаа речиси 12.000 корисници, додека во западиот дел од државата хидролошката состојба се смирува, но реките Пољанска…