Author: Marta Pesevska

На површина од 1800 метри квадратни во кривопаланечката населба Баглак е уреден простор со спортски терени, игралиште за фудбал и кошарка, детско катче и паркинзи. -Од буџетот на Општина Крива Паланка инвестиравме милион денари за уредување на просторот кај Метеоролошка станица. На површина од 1800 метри квадратни направени и уредени се: ново детско урбано катче со бројни реквизити за детски игри, уредено е постојното фудбалско игралиште, уреден е терен за баскет, останатите површини во околината на просторот се хортикултурно уредени и направени се паркинг простори за оваа локација. Урбано и модерно катче какво што заслужуваат сите граѓани. Место што ќе…

Read More

Францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер изјави дека доколку до крајот на годината не се пристапи кон уставни измени, Северна Македонија не ќе може да пристапи кон следната фаза за членство во ЕУ. -Тоа значи дека во тој момент ризикуваме да се соочиме со блокада и треба да се има на ум дека се наоѓаме во момент на забрзана политика на проширување и освен Северна Македонија има други заинтересирани земји кандидатки. Тоа е причината поради која имате толку голем број министри и претставници на властите, кои патуваат, особено доаѓаат во посета овде минатата и оваа година, за да ја упатат истата порака.…

Read More

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, во врска со истрагата на Европската служба против измами (ОЛАФ) за злоупотреби на средстава од европските фондови во земјава против 17 субјекти во државава, рече дека е важно е да се види за какви субјекти се работи и повика тоа да се расчисти докрај. -Впрочем, во нашиот систем знаеме дека е тоа и посебно кривично дело – малверзации или злоупотреба на европските пари и имало многу држави во регионов коишто имаат и повеќе случаи – Романија, Бугарија, Хрватска имала проблеми во одредени фази, но ги надминале и ги искористиле средствата и со ИПА, а…

Read More

Mинистерката за животна средина и просторно плaнирање, Каја Шукова одржа прес-конференција на која информираше за распределбатa на средства на општините од заемот од Европската инвестициона банка за подобрување на водната инфраструктура на општините во нашата држава. Вкупната вредност на заемот за проектот изнесува 50 милиони евра и истиот ќе се отплаќа од Буџетот на Република Северна Македонија. Крајни корисници на средствата од заемот се општините и општините во Градот Скопје. Шукова информираше дека Mинистерството за животна средина и просторно плaнирање (МЖСПП) со секоја општина ќе склучува договор за донација, а средствата ќе се распределуваат по утврдена методологија за реализација на…

Read More

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше средба со експертот за правни прашања Бранко Хрватин, кој ќе го предводи експертскиот тим делегиран од Европската Унија што ќе спроведе оценска мисија на Судскиот совет на Република Северна Македонија. Хрватскиот врховен судија е во посета на нашата земја, со цел да направи воведни подготовки во пресрет на оценската мисија на ЕУ, што ќе се реализира во септември и која ќе ја испитува институционалната рамка на Судскиот совет и ќе предложи краткорочни и среднорочни мерки. Вицепремиерката Грковска изрази благодарност за поддршката што нашата држава ја…

Read More

Девет бугарски навивачи се уапсени во Скопје пред почетокот на натпреварот меѓу Фудбалскиот клуб „Шкупи“ од Скопје и Левски од Бугарија, информура Фронтлајн. МВР соопшти дека бугарските државјани се уапсени поради нарушување на јавниот ред и мир. – Од страна на Единицата за брзо распоредување приведени се Г.Б, З.З., В.Д., Г.К., Б.А., В.Ј., И.К., Д.П.Д. и А.В.И., сите бугарски државјани, кои го нарушија јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои вршеа службени дејства на стадионот „Тодор Проески“, непосредно пред почетокот натпреварот од второто квалификациско коло во Конференциската лига помеѓу Шкупи и Левски Софија, кој вечерва се…

Read More

На помалку од еден час до почетокот на мечот меѓу Шкупи и Левски Софија, бугарските навивачи приредија нов бран инциденти, овој пат на арената „Тодор Проески“, во судир со полицијата, пренесува Екипа. Извор. Екипа.мк Како што пренесуваат медиумите, фудбалскиот натпревар меѓу Шкупи и Левски беше прогласен за меч од висок ризик. Се работи за пресметка во второто квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА. Во текот на денот полицијата имаше полни раце работа за да обезбеди безбедност на навивачите од Бугарија кои дојдоа во солидна бројка. На патарините за влез во главниот град се претресуваа сите бугарски автомобили, а по…

Read More

Во тек е дистрибуција на игли во сите инсулински аптеки во државата. Веќе е склучен договор за набавка на ленти и глукометри за пациенти со дијабет 1 и дијабет 2, по што следи рок за испорака до инсулинските аптеки, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски на собраниската седница за пратенички прашања. Дел од доцнењето, како што рече, не се однесувало на работата на Министерството за здравство или на Владата, туку на жалбените постапки што ги имале понудувачи на тендерот за набавка. Во однос на сензорите за континуирано мерење на гликемија, Ковачевски информира дека минатата недела е донесена одлука за избор на…

Read More

Полицијата постапува секогаш кога се исполнети законските овластувања за нејзино постапување. И утрово полицијата имаше интервенција, меѓутоа секогаш кога за тоа има причина и врз основа на направени проценки, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од собраниската говорница околу случувањата во Слупчане и во неколку места во Липково каде жители не им дозволуваат на екипите на ЕВН да работат на мрежата. – Во однос на тоа што се случува не само во Слупчане, туку и во неколку места во Липково, тоа е состојба којашто, според мене, е недозволена и во тој дел апсолутно не еднаш, туку неколку пати постапувала…

Read More

Од собраниската прес-служба попладнево соопштија дека претседателот на Собранието го примил известувањето од тројцата пратеници кои најавија дека ќе дејствуваат како независна пратеничка група. – Претседателот Џафери, веднаш по добивање на известувањето, писмено ги извести дека: „согласно член 33 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Пратеничката група ја сочинуваат најмалку пет пратеника кои припаѓаат на една или на повеќе политички партии. Следствено на горенаведената одредба, немате можност да формирате пратеничка група, ниту да определите координатор и заменици координатори, се вели во соопштението. Џафери, како што се посочува, ги известил тројцата пратеници дека секој индивидуално може да достави…

Read More

Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска денеска во Собранието на седницата посветена на пратенички прашања, рече дека на средбата во Брисел со претставниците на Европската служба против измами – ОЛАФ било укажано дека тие се задоволни од соработката со институциите во земјава, а таа нагласила дека ги охрабрува нивните истраги. Таа одговори на пратеничко прашање во врска со извештајот на ОЛАФ во однос на злоупотребите на европските фондови. -Од страна на претставниците на ОЛАФ, тогаш ни беше соопштено дека се задоволни од соработката со нашите институции, а од моја страна беше кажано дека ги охрабрувам да продолжат со…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски на седницата за пратенички прашања во Собранието на Република Северна Македонија, изнесе споредба за економските параметри сега и во времето на претходната Влада до 2017 година. Премиерот Ковачевски, истакна дека согласно статистичките параметри, растат платите, инфлацијата се намалува, а тоа значи дека се подобрува и животниот стандард и во услови на најголемата светска економска криза. Дополнително, подвлече дека новите инвестиции носат мноштво придобивки за животниот стандард на граѓаните, создаваат можности за работа, ја намалуваат невработеноста и обезбедуваат стабилни извори на приходи, што резултира со повисоки плати и подобрување на куповната моќ на граѓаните. Премиерот истакна дека тенденцијата…

Read More