Author: Marta Pesevska

Поради можноста од појава на интензивни поројни врнежи во текот на попладневните и вечерните часови, кои на места се очекува да бидат проследени со невреме, ги предупредуваме граѓаните на внимателно движење, соопштија попладнево од Општина Центар. Оттаму истакнуваат дека членовите на Штабот за заштита и спасување се во комуникација и координација, а општинските служби ја следат состојбата и спремни се да одговорат со сите расположливи ресурси на терен. -Упатувам апел до граѓаните да бидат претпазливи и да внимаваат во периоди на поројни дождови. Избегнувајте движење надвор додека трае невремето, затворете ги прозорците и доколку во вашиот објект протекува, соодветно обезбедете…

Read More

Илинден е еден од најсветлите празници во македонската историја. Светилник на нашата борба за посебност и независност. И тоа не може да го смени и одземе декларација на која било партија. Во или вон Македонија. Илинден е дел од секој Македонец и од целиот македонски народ, на 2ри август ќе го прославиме со полно срце и гордост како 120 години до сега. СДСМ ќе предложи Резолуција за Илинден во македонското Собрание во вторник, вели пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.

Read More

Со низа културни настани во рамките на проектот „Скопје во пет и седумнаесет“, Министерството за култура се вклучува во одбележувањето на 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје. Официјалната програма на „Скопје во пет и седумнаесет“ започнува со вечерен концерт на 25 јули (вторник), од 21 часот, во паркот „Ибни Пајко“, на кој ќе настапат: Оркестарот на Здружението на џез-музичари и слободни уметници, Драган Мијалковски, Андријана Јаневска, Светлана Јовановска и Џон Илија Апелгрин. Скопјани и сите љубители на македонските евергрин- композиции ќе се потсетат на најубавите песни и стихови посветени и на градот. Во Музејот на современата уметност на…

Read More

Според првичните процени на полицијата, на грчкиот остров Родос поради големиот пожар, досега, превентивно биле  евакуирани околу 19.000 лица, туристи и локално население, објави грчката новинска агенција АНА-МПА  и коментира дека станува збор за најголемата акција за евакуација на жители и туристи што досега била спроведена во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Мнозинството од евакуираните, 16.000 лица по копнена пат со возила и автомобили биле пренесени на безбедни локации, а останатите 3.000 по морски пат, со чамци и бродови на крајбрежната служба, но и приватни и туристички. Досега биле превентивно беа евакуирани 11 населени места, но и големи…

Read More

По последната одлука на Талибанската влада да се затворат фризерските салони и центрите за убавина на жените, која значи сериозно ограничување на правата и слободите на авганистанските жени и девојки,  авганистанките своето незадоволство го изразија преку протест. За време на мирниот протест, тамошните власти употребија сила и огнено оружје со цел насилно замолчување и растурање на протестот. Целосната забрана за активности за жените надвор од домот, забраната за пристап до образование, забрана за работа, забрана за слободно движење, и брутално тепање на секое искажување на незадоволство против овие насилни политики и репресија се факти кои говорат дека талибанците водат…

Read More

Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, во своја објава на Твитер напиша дека има жртви и повредени деца во руски ракетен напад кој се случил ноќеска врз украинскиот град Одеса. Блокирањето на Црното Море и договорот за жито за да се создаде вештачки глас е уште една цел на Русија, Русија има крваво искуство во создавањето на гладомори, напиша амбасадорката Дир. Ноќта на 23 јули,Русија ја погоди Одеса со ракети-Калибар, Оникс, Х-22,Искандер-К,Искандер-М. Ноќта на 23 јули, Русија jа погоди Одеса со ракети-Калибар, Оникс, Х-22,Искандер-К,Искандер-М. Ноќта на 23 јули,jа погоди Одеса со ракети-Калибар, Оникс, Х-22,Искандер-К,Искандер-М. Има жртви, повредени деца.Блокирањето на Црното…

Read More

Пишува: ДЕСТАН ЈОНУЗИ „Црната листа“ ја составува Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД. Досега, дел од оваа листа беа околу 12 имиња, главно политичари, но од април 2022 година беа додадени поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков. Деновиве, ним им се придружи и Орце Камчев. Јордан Орце Камчев е роднина на поранешниот директор на македонската тајна полиција Сашо Мијалков и поранешниот премиер Никола Груевски, кои исто така се осудени на долгогодишни затворски казни за злоупотреба на службената положба, а се соочуваат и со други судски…

Read More

Безбедноста е врвен приоритет во едно демократско општество. Владата на Република Северна Македонија го осудува чинот на палење на возилото кое го користел првиот заменик претседател на Владата, Артан Груби и смета дека истото е акт на насилство кој е целосно неприфатлив и недозволив во едно демократско општество кое се залага за европски вредности. Сите надлежни институции, истражните и судските органи, во рамките на своите надлежности постапуваат без одлагање, одлучно и професионално со цел целосно разрешување и расчистување на овој случај во најбрз можен рок.

Read More

Претседателот на државата Стево Пендаровски во придружба на сопругата Елизабета Ѓоргиевска,  престојува во еднодневна работна посета на Албанија, во општините Пустец и Подградец. Пендаровски во Пустец  е пречекан од неговиот албански колега Бајрам Бегај и градоначалникот Пали Колефски. Шефот на државата  присуствуваше на културно-уметничка програма во изведба на уметници од Пустец, по што оствари средба со локалните власти и ја посети  црквата Св.„Архангел Михаил“. Во агендата е и посета на училиштето во оваа општина по што се најавени изјави за медиуми од двајцата претседатели. Шефот на државата  ќе го посети и селото Голомбок и ќе се сретне со претставници на…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека побарал од шефот на НАТО да свика состанок на Советот НАТО-Украина на кој ќе се разговара за безбедноста на Црното Море, особено за коридорот за извоз на украински житарки. Средбата, на барањето на Украина, е закажана за в среда, потврдија од кабинетот на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. „Целта е да се консултираме за најновите случувања и да разговараме за транспортот на украинското жито преку Црното Море“, изјави  портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску, пренесе ДПА. „Средбата треба да се одржи на амбасадорско ниво“, додаде таа. Зеленски и Столтенберег претходно имаа телефонски разговор…

Read More

Министерката за одбрана на Северна Македонија Славјанка Петровска во телефонски разговор со нејзиниот грчки колега Никос Дендиас ја изразила подготвеност на нашата земја да ѝ помогне на Грција во справувањето со пожарите, јави дописничката на МИА од Атина. За телефонскиот разговор министрите вечерва информираа преку социјалните мрежи. -Во телефонски разговор со мојот грчки колега Никос Дендиас, изразив подготвеност да помогнеме во справувањето со пожарите кои го имаат зафатено нашиот сосед и сојузник во Алијансата. Се согласивме дека како соседи, но пред сѐ како пријателски и сојузнички земји, многу е важно взаемно да си помагаме, напиша на Фејсбук министерката Петровска. Дендиас,…

Read More