Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Грчката полиција, по уапсените две лица за учество во убиството на новинарот Јоргос Карајваз пред две години, трага по моралниот сторител, односно нарачателот на убиството, според портпаролката на полицијата Константина Димоглиду, јави дописничката на МИА од Атина. Говорејќи за грчката телевизија ЕРТ, Димоглиду рече дека полицијата истражила над 300 видео снимки за убиството на новинарот, а истрагата продолжува. „Очигледно е дека постоеле и соучесници, но она што ја интересира полицијата е да го пронајде моралниот сторител. Постојат информации за тоа какви контакти имал конкретниот новинар, бидејќи кога еден новинар се занимава со организиран криминал не може да добива информации само…
ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, го назначи Неџат Курт за нов Генерален директор, од 1-ви мај 2023 година. Метин Батак ја напушта позицијата на Генерален директор и ќе биде назначен за член на Извршниот одбор на компанијата ТАВ Тунис, која што управува со аеродромите Енфида Хамамет и Монастир. Неџат Курт работи во воздухопловниот сектор 23 години, а уште од влезот на ТАВ на македонскиот пазар е дел од високиот менаџмент на ТАВ Македонија. Во 2008 година беше назначен од страна на ТАВ Аеродроми како еден од менаџерите кои го водеа проектот за концесија во Македонија. Тој работеше на скопскиот…
Српската премиерка Ана Брнабиќ ја повика Босна и Херцеговина да размисли за приклучување кон иницијативата Отворен Балкан, наведувајќи дека оваа иницијатива нема никаква врска со политика, туку дека ќе придонесе за намалување на тензиите. „Ги замолувам сите од Босна и Херцеговина да размислат за приклучување кон иницијативата Отворен Балкан. Тоа нема никаква врска со политика, освен што ќе ја намали тензијата“, рече Брнабиќ во говорот на Меѓународниот бизнис саем во Мостар. Наведувајќи дека во врска со Отворениот Балкан „би било добредојдено поголемо вклучување на Црна Гора“, таа истакна дека оваа иницијатива е поврзана со отворање на границите, протокот на луѓе,…
Над 100.000 бегалци преминале од Судан во соседните земји за да побегнат од конфликтот што избувна во таа земја минатиот месец, изјави претставничката на Високиот комесаријат на ОН за бегалци Олга Сарадо. Се проценува дека повеќе од 100.000 бегалци се меѓу оние кои досега преминале во соседните земји, предупреди таа на брифингот во Женева. Десетици илјади Суданци и странци се уште се обидуваат да побегнат од земјата зафатена со конфликт, која запаѓа во хаос. Иако во текот на две недели, од првата ескалација на непријателствата меѓу воените фракции, беа објавени три примирја, ниту едно не траеше. извор: МИА
Издавачката куќа Сакам Книги објави дека познатиот автор на трилери Крис Картер доаѓа во Скопје како дел од неговата турнеја. Неговите изданија досега во Македонија се продадени во над 10 000 примероци за релативно краток период од околу две години. Крис Картер со неговите читатели ќе може да се дружи на 7. мај со почеток од 12 часот во салата Борис Трајковски, во рамки на Саемот на книга, каде ќе потпишува примероци од неговите книги за читателите, како и наредниот ден во Синеплекс со почеток во 18 часот. Разговорот со Крис Картер ќе го води Јордан Коцевски, автор на психолошки…
Повеќе од една деценија зад името на Славче Таневски стојат потписите на дизјанираните модели на Mercedes – Benz. На почетокот на автомобилите GLC Coupe и Concept EQA, па до најновите модели како Maybach EQS SUV i Mercedes-AMG SL. Во историјата на светот постојат малку имиња што се потпишани како дизајнери на модели на марката со сребрената ѕвезда. Меѓу нив спаѓа и Славче Таневски кој им се придружува на овие светски славни имиња. Што значи за еден дизајнер, да го создаде изгледот на автомобил од фамилијата Мерцедес? Секако е голема честа и задоволството да се работи за еден од најреномираните и…
Во пресрет на вонредните парламентарни избори во Црна Гора, закажани за 11 јуни, движењето „Европа сега“ предлага програма за воведување седумчасовно работно време. „Европа сега“ објави дека податоците покажуваат дека вработените во Црна Гора имаат една од најдолгите работни недели во Европа, во просек над 42 часа, што е повеќе од просекот во земјите на ЕУ за шест часа неделно. Тие потсетуваат дека според податоците на Евростат за 2021 година, вработените во земјите на ЕУ на возраст од 20-64 години работеле во просек по 36,4 часа неделно, а таа бројка варира од 32,2 часа во Холандија, 33,7 часа во Австрија…
Бугарија има неверојатна сличност со Русија во раните години на Путин, кога владеењето на правото се користеше против неговите политички противници. Сега Бугарија стана истата мафијашка држава, пишува британскиот конзервативен неделник „Спектатор“. Еве го текстот: Денес Бугарија, која е членка во Европската унија наликува на авторитарна деспотска држава, која се соочува со егзистенцијална криза. Таа стана автократија управувана од политичка елита која го заобиколува независното судство и ја овековечува културата на неказнивост. Во суштина, тоа е новата Русија. Со оглед на нејзините историски врски со Русија, не е чудно што поддршката на Бугарија за Украина е двосмислена и неволна. За…
В петок, на 5 мај, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонска филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Вилает“ на кој како солист ќе настапи хорнистот Боштјан Липовшек од Словенија, а диригент е маестро Јерухам Шаровски од Израел. На програмата се „Унгарски танц“ бр. 1 и Четвртата симфонија од Јоханес Брамс и Концертот за хорна и оркестар од Реинхолд Глиер. Германскиот композитор и виртуоз на пијано Јоханес Брамс (1833 – 1897), кому Роберт Шуман ќе му помогне да се афирмира како автор, се смета за еден од претставниците на романтизмот, иако структурата на неговите дела во најголем дел е – класична. Унгарски танци…
Трогнат од судбината на жителите на Украина, кои поради руското гранатирање биле принудени да бараат засолништа и во станиците на метроата, меѓу другото, 75-годишен Јапонец од Токио решил да остане меѓу нив. Со месеци, како што рече, живеел во метростаница во Харков, каде што доброволно им делел храна. „Јуни, јули, август, септември, октомври, ноември, декември – седум месеци живеев под земја, во метростаница, спиејќи и јадејќи со многу други Украинци. „Фуми кафе“ опслужува околу 500 луѓе дневно“, рече Цучико. Со помош на неговите украински пријатели, Цучико отвори бесплатен ресторан во населбата Салтивки во градот – главно, благодарение на парична помош…
Поранешниот премиер Зоран Заев пристигна на „Делфи форумот“ со својот мотор од 1600 кубици, во придружба со поранешниот министер за здравсто Венко Филипче. Како што изјави Заев за грчкиот интернет портал Вориа, патувањето почнало на 22 април од Скопје. Оттаму со својот голем мотор возел низ областите на Западна Грција, а потоа отпатувал за Пелопонез. На прашањето на Вориа.гр, дали за време на неговата посета на Грција се среќава со луѓе кои сé уште се против Договорот од Преспа, Заев рече дека многу Грци велат дека позитивно размислуваат, додека други велат „Не ми се допаѓа Договорот, но ми се допаѓате…
Републичкиот завод за статистика на Србија ги објави конечните резултати од пописот. Во нив интересно е што вкупно 136.198 од попишаните не одговориле на прашањето за нивната националност, додека националноста на вкупно 322.013 останала непозната. Во случајот на лица кои не се изјасниле, станува збор за лица кои го искористиле своето уставно загарантирано право и можноста да не се изјаснат за својата националност. Меѓу оние кои се изјасниле за својата регионална припадност, станува збор за лица кои се декларирале како жители на Шумадија, Војводина, Врање, Ужице, Пириќ и слично. Кај оние чија националност останала непозната, станува збор за лица кои…