Author: Соња Крамарска
Турското Министерство за одбрана потврди дека е пукано врз авион кој слета на аеродромот Вади Сеидна во Судан, но дека нема повредени, пишува Гардијан. Министерството во објава на Твитер наведе дека било пукано во авионот за евакуација Ц-130, кој одел кон Вади Сеидна во мисија да ги евакуира нашите граѓани заглавени во Судан, каде што продолжија конфликтите. „Нашиот авион слета безбедно. Иако нема повредени меѓу нашиот персонал, се вршат потребните проверки на нашите авиони“, се вели во соопштението. Суданската војска, според Гардијан, претходно тврдеше дека силите за брза поддршка (РСФ) пукале во авионот, при што е повреден еден член на…
Шефот на Би-Би-Си денес поднесе оставка, откако се дозна дека не пријавил потенцијален конфликт на интереси во врска со неговата улога како банкар во договарањето заем пред повеќе од две години за Борис Џонсон, кој во тоа време беше британски премиер. Јавно финансираниот национален радиодифузер беше под политички притисок откако беше откриено дека директорот Ричард Шарп додека бил вработен во банката Голдман Сакс, му направил услуга на Џонсон помагајќи да се организира кредитната линија неколку недели пред да биде назначен на функцијата Би-Би-Си по препорака на владата. Кредитната линија од 1 милион долари дојде од богатиот канадски бизнисмен Сем Блит,…
Папата Франциск утрово пристигна во тридневна посета на Унгарија. Предвидено е римокатоличкиот поглавар да се сретне со претседателката Каталина Новак и премиерот Виктор Орбан во текот на утрото во Будимпешта. Папата (86) денеска ќе зборува пред унгарските власти и пред дипломатскиот кор. Очекувано, на агендата на посетата ќе биде темата за миграцијата и војната во Украина. За време на престојот во Унгарија, Папата ќе се сретне и со сиромашните, младите, претставниците на културата и универзитетите, а предвидено е во недела да предводи миса на отворено.
„Врховниот суд на Република Северна Македонија како и целата јавност внимателно ги следи случувањата во Судскиот совет на Република Северна Македонија“, беше објавено денес во соопштението со кое Судот го пренесува ставот на претседателката Беса Адеми. „Врховниот суд како највисок суд во државата и носител на судската власт истакнува дека во овој клучен период за државата, сите чинители во судството мора да го насочат своето дејствување кон остварување на препораките нотирани во релевантните извештаи за напредокот на Република Северна Македонија, како што се извештајот на Европската комисија и извештајот на Стејт департментот“, се наведува во писмената изјава на претседателката на…
Австрискиот парламент одлучи да го прекине печатењето на „Винер цајтунг“, еден од најстарите дневни весници во светот, што во иднина ќе се чита само во дигитална форма. Дневниот весник, со 320-годишна традиција, отсега да се печати само како месечник одлучи конзервативно-зелената коалиција, и покрај острите критики од уметниците и од опозициските партии. Дневниот весник е основан во 1703 година, тогаш под името Wienerisches Diarium (Виенски дневник) и бил службен весник на Хабсбуршката монархија. Во 2021 година, владејачката коалиција одлучи весникот, во сопственост на австриската Влада, да престане да објавува огласи на компании, што беше главниот извор на неговото финансирање. „Весникот…
Тренерот на кошаркарите на Партизан, Жељко Обрадовиќ, изрази задоволство од предноста на неговиот тим од 2-0 во четвртфиналната серија во Евролигата против Реал и додаде дека масовната тепачка со која предвреме беше означен крај на синоќешниот втор натпревар во Мадрид не смее веќе да се повтори. Партизан поведе со 2-0 во серијата до три победи, откако триумфираше со 95-80 во вториот натпревар, кој поради масовна тепачка меѓу играчите од двата тима беше прекината во самиот финиш. „Ова не е добра слика ниту за Реал, ниту за Партизан, тоа не смее веќе да се повтори. Играчите имаат емоции, но ова не…
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска ја предводи македонската делегација во Брисел по повод почетокот на билатералниот скрининг состанок за Поглавје 25, „Наука и истражување“ од третиот кластер, „Конкурентност и инклузивен раст“. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ ќе ја искористи еднодневната работна посета на Брисел за да одржи координативен состанок со директорката за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Микела Матуела, а ќе се сретне и со Сајмон Мордју, советник за надворешна политика на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. „Скрининг процесот…
Земјоделскиот институт – Скопје одржа научна конференција насловена како „Кратошија – винско наследство на Балканот“, со цел промоција и афирмација на балканската винска сорта Кратошија. На конференцијата оваа сорта беше претставена како симбол на тесната меѓусебна поврзаност на балканските народи и сведок на заедничките традиции и културно наследство, каде што оваа сорта опстојува многу одамна на овие територии. Затоа за оваа сорта говореа еминентни научни експерти од земјава и регионот (Италија, Словенија и Црна Гора), од областа на лозарството и винарството, кои ги споделија своите искуства и истражувања поврзани за Кратошијата. Конференцијата ја следеа претставници од научно-образовната фела, УКИМ, од…
Пратениците денеска ги осудија настаните во Судскиот совет и ги оценија како крајно негативни. Пратеникот Мартин Костовски од СДСМ не сакаше да ги коментира случувањата во Судскиот совет, но рече дека таквото однесување е негативно. „Републичкиот Судски совет е независна институција и мислам дека прашањето за оваа ситуација треба да го поставите таму. Јас сум пратеник од СДСМ и не сакам да навлегувам во коментирање и анализа на едно независно тело“, рече пратеникот Костовски. Ние, додаде тој, правиме се во овие изминати години колку сме на власт да може и во пракса граѓаните да почувствуваат што значат европски манири, навики…
Договорот со „Бехтел и Енка“, како и секој договор подразбира приватност и доверливост. Тоа го има секој договор потпишан меѓу која било влада со која било меѓународна голема мултинационална компанија, во кои одредени делови мора да бидат доверливи, рече премиерот Димитар Ковачевски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања. Одговарајќи на пратеничко прашање на Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски посочи дека се работи за странски сериозни и реномирани компании и додаде дека ова е пракса и на другите договори кои тие ги практикувале и во други земји. Тие доверливи информации се однесуваат на технологијата на работа на секоја договорна…
Во Културно-информативниот центар (КИЦ) на Северна Македонија во Софија денеска, по повод 18-тиот роденден, се одржа поетско матине. Делегацијата на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) предводена од претседателот Христо Петрески, претседателката на Собранието на ДПМ, Кристина Николовска и членот на претседателството на ДПМ, Бранко Цветковски читаа своја поезија. Преводот на бугарски јазик го читаше Георги Георгиев-Антика, кој изведе и популарна македонска музика на пијано. Беа присутни познати бугарски поети и пријатели на КИЦ, а настанот го отвори директорот на Центарот, Сашко Насев. Како гостин на настанот бугарската поетеса Маја Манолова прочита своја песна посветена на Скопје, а Кристина Николовска…
Руското Министерство за надворешни работи денеска го отфрли барањето на САД за конзуларна посета на Еван Гершкович, новинар на Волстрит журнал, кој е во затвор под обвинение за шпионажа. Министерството соопшти дека го одбило барањето за посета на 11 мај – како одмазда поради тоа што САД одбиле да им дадат визи на руските новинари кои планирале да го придружуваат рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Обединетите нации. „Беше упатена протестна нота во врска со провокативното однесување на американската дипломатска мисија, која спречи издавање визи на претставници на медиумите кои требаше да го придружуваат рускиот министер за надворешни…
