Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Седум години по референдумот за Брегзит, повеќе од 50 отсто од Британците сметаат дека земјата направила грешка, покажува најновото истражување на јавното мислење, цитирано од ДПА. Истражувањето е спроведено на почетокот на јуни врз репрезентативен примерок од 1.525 возрасни лица, од кои само 34 отсто и натаму сметаат дека Брегзит е вистинската одлука. Резултатите, објавени од Институтот Тони Блер, исто така, покажуваат дека 18 отсто од оние кои гласале за напуштање на ЕУ сега сметаат дека одлуката била погрешна. Речиси 80 отсто сметаат дека Обединетото Кралство во иднина треба да има поблиски односи со ЕУ, при што 43 отсто сакаат…
Македонска православна црква организира протест под мотото „За нашите деца, за нашата иднина“. Протестот се организира против предлог-Законот за родова еднаквост и измените на Законот за матична евиденција. Според МПЦ-ОА, овој закон наметнува менување на биолошката и објективна реалност. Тие велат дека постојат само два пола кои не може да се променат. „Да не дозволиме нашите деца да бидат индокринирани дека можат да си го променат својот пол со помош на сомнителни невладини организации и дека наместо мајка и татко имаат родител 1 и родител 2“, се вели во најавата. Протестот е најавен за 29 јуни, пред Соборниот храм „Св. Кирил…
Претседателот на Бугарија, Румен Радев пред денешната посета на Австрија се осврна на несогласувањата со извршната власт, истакнувајќи дека новата Влада ја турка земјата поблиску до војната. – Не сметам дека е соодветно политичарите со скромна изборна поддршка да зборуваат и да преземаат толку тешки обврски во име на Бугарија. Некои политичари на оваа војна гледаат како да се во театар и удобно се сместиле во публиката и се во заблуда дека ќе останат само гледачи. Во интерес на цела Европа е веднаш да ги прекине непријателствата и да ги бара сите можни начини за обновување на дијалогот и мировните…
Врховниот суд на Русија вчера ја одби жалбата на опозиционерот Алексеј Навални, во која се жалеше дека затворот не му обезбедил опрема за пишување. Навални е осуден на 11,5 години затвор поради наводна измама и други обвиненија за кои тврди вели дека биле измислени за да го замолчат. Нему му се суди за голем број други кривични дела, за кои би можел да остане во затвор уште неколку децении. Поранешниот адвокат претежно е во самица во затворот ИК-6 во градот Мелеково, 235 километри источно од Москва. Навални се жалеше до Врховниот суд, сметајќи дека властите не требало да одбијат да…
Д-р Марјан Шокаровски е назначен за нов директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, а за нов организациски директор е назначен Исак Јакупи, соопшти Министерството за здравство. Во известувањето Министерството наведува дека д-р Шокаровски е дел од тимот на клиниката од нејзиното основање. Тој е супспецијалист по кардиохирургија, завршена во Универзитетски клинички болнички центар – Загреб, има повеќегодишно хируршко и академско искуство во оваа област, раководител е на оперативниот блок, ангажиран е и како асистент на Медицинскиот факултет-Скопје. -Тој е дел од тимот на досега извршените трансплантации на срце во нашата држава, вклучен и во иновативните хируршки интервенции на срце…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на каналот Телеграм напиша дека украинските разузнавачки служби добиле информации дека Русија размислува да изврши терористички напад врз нуклеарната централа Запорожје, што би вклучувало ослободување на опасна радијација, пишува Гардијан. На ваквата изјава на Зеленски веднаш реагираше Кремљ, наведувајќи дека тоа е „уште една лага“. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека инспекторите од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) штотуку ја посетијае нуклеарната централа и „дадоа највисоки оценки“. извор: МИА
Националното собрание на Франција е на добар пат да усвои резолуција за реафирмација на македонскиот јазик на патот на Северна Македонија кон Европската Унија, по примерот на документот усвоен во германскиот Бундестаг, најавува пратеничката во францускиот Парламент Лилијана Танги, која доаѓа од редовите на владејачката партија Ренесанса на францускиот претседател Емануел Макрон. – За време на нашите разговори навистина забележавме дека тоа силно се очекува од страна на нашите македонски соговорници и се разбира дека разговаравме меѓу нас и мислам дека сме на добар пат за да го усвоиме истиот текст како пратениците од германскиот Бундестаг, вели Танги во интервју…
Папата Франциск одлучи да го прескокне читањето на планираниот говор на конференција денеска, објаснувајќи дека сè уште има проблеми со дишењето по неодамнешната операција на абдоменот. „Се уште сум под влијание на анестезијата, не дишам добро“, рече папата Франциск на состанокот на Источната католичка црква и порача дека делегатите ќе го добијат текстот од неговиот говор. „Сè уште сум жив“, одговорил 86-годишниот папа на прашањето како се чувствува. На 7 јуни, на папата му беше извршена операција на абдоменот и девет дена се опоравуваше во болница. Тој имаше напорен распоред откако се врати во Ватикан минатиот петок, вклучително и средби…
Во полскиот град Краков синоќа свечено беа отворени третите Европски игри на кои до 2 јули ќе настапат и 17 македонски спортисти во седум дисциплини. Европските игри на стадионот „Висла“ во Краков ги отвори полскиот претседател Андреј Дуда, а македонското знаме на церемонијата на свеченото отворање го носеа каратистот Емил Павлов и таеквондистката Милијана Рељиќ. Околу 7.000 спортисти од 48 европски земји настапуваат на Игрите чиј домаќини се Краков и уште 12 полски градови, а ќе се натпреваруваат во 29 спортови или дисциплини, од кои дури 19 се бодуваат за директни норми за настап на Олимписките игри 2024 во Париз.…
Иницијативата „Отворен Балкан“ во областа на културата започна во вторникот во Белград со реализација со гала концерт на Зубин Мехта на одбележување на стогодишнината од Белградската филхармонија и во присуство на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, по што ќе следи гостување во Тирана и на 24 јуни во Скопје. Дописникот на МИА во Белград, по тој повод направи интервју со министерката Бисера Костадиновска Стојчевска за Отворен Балкан на културно поле, за досегашна реализација и идните проектите, што тоа значи за културата, гостувањето на Националната опера и балет во Белград следната недела, задничкиот настап на трите земји на највисоко ниво…
Повеќе од три дена по исчезнувањето подморницата „Титан“ во Атлантикот, надежта за преживување на петте исчезнати авантуристи згаснува. Ним полека им снемува кислород. Имено резервите би требало да истечат денеска, се разбира доколку подморницата претходно воопшто не била оштетена. Потрагата ја предводи американската крајбрежна стража а во своевидната трка со времето за спасување на патниците на малата подморница, која исчезна во близина на потонатиот брод „Титаник“ се вклучени повеќе бродови и авиони, како американски така и канадски. Контактот со подморницата е изгубен еден час и 45 минути откако таа се нурна во неделата попладне. Како што е наведено на веб-страницата на компанијата „ОушнГејт“, станува збор за подморница долга…
Европските институции веќе годинава се подготвуваат за прием на Бугарија и Романија во Шенген, а влезот на двете земји во зоната за слободно патување во оваа фаза може да се смета за сигурен. Ова го соопштија дипломатските кругови во Брисел, бугарскиот парламент и владата. Прелиминарниот план е прифаќањето во Шенген да се одвива во две фази – прво за аеродромски контроли во октомври, а полноправното членство со укинување на контролите на копнените граници треба да се случи на 1 јануари 2024 година. До пред еден месец најголема пречка за влез на Бугарија во Шенген беше противењето на Холандија. Владата на…