Author: Соња Крамарска

Платежната агенција им исплати 143,7 милиони денари на над 5 300 млекопроизводители за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Според Министерството, корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства – производители на кравјо, козјо и овчо млеко, регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта на одредени видови на животни, кои сопственото производство го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко. Висината на поддршката е 3,5 денари по литар за произведено и предадено кравјо млеко и 4,5 денари по литар за произведено и предадено овчо и…

Read More

Уставните амандмани нема да бидат разгледани на денешната владина седница, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски, иако вчера министерот за правда Кренар Лога во изјава за медиумите рече дека најверојатно денеска Владата ќе биде ја разгледа Предлог-иницијативата за уставни измени. „Кога ќе ги средат службите и кога ќе дојдат на дневен ред, тогаш ќе ве информираме“, изјави Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање по настанот организиран по повод 70-годишниот јубилеј на Институтот за македонски јазик. Ковачевски негираше дека се врши притисок врз пратеници од опозицијата за да се усвојат уставните измени. „Тоа ниту се случило, ниту се случува, ниту пак ќе се…

Read More

Лавина од реакции на социјалните мрежи предизвика синоќешниот пораз на македонската фудбалска репрезентација на гостувањето во Англија (0-7), а со остри критики на адреса на раководството на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и националниот тим се огласи и поранешниот капитен на „црвено – жолтите“, Горан Пандев. Коментирајќи на фотографија на Инстаграм на која се претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, спортскиот директор Данчо Масев и селекторот Благоја Милевски, 39-годишниот Пандев напиша: „Најголемото зло што некогаш постоело во македонскиот фудбал. Нека ни е на чест на сите“. Селекторот Милевски на прес – конференцијата по највисокиот пораз во историјата на македонската репрезентација ѝ…

Read More

Во сабота во концертната сала на Македонската филхармонија ќе гостува Белградската филхармонија предводена од маестро Зубин Мехта во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“. Мехта ќе го предводи оркестарот на Белградската филхармонија во изведбата на Симфонијата бр.7 од Лудвиг ван Бетовен и „Фантастичната симфонија“ од Хектор Берлиоз. Со своите 87 години, маестро Мехта важи за еден од најзначајните диригенти на светската музичка сцена, на која е присутен повеќе од 60 години. Концертот, со кој Белградската филхармонија одбележува и 100 години од основањето, ќе биде негов 11 настап со овој оркестар. Концертот со Белградската филхармонија ќе биде трет настап на Мехта во…

Read More

Димитриевски доцни 22 години вели вицепремиерот и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи во изјава за „Фронтлајн“ во врска со најавите на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски дека ќе формира политичко движење и ќе креира мултиетничко општество. Битиќи нагласува дека граѓанско движење и национализам не одат заедно и дека македонското општество е и мултикултурно, и мултиетничко и граѓанско. „Максим Димитриевски доцни најмалку 22 години. Македонското општество е и мултикултурно, и мултиетничко и граѓанско. Некој од неговите ментори и советници треба да му објасни дека граѓанско движење и национализам не одат заедно. Национализамот не е граѓански, туку режимски. Граѓанство или национализам? Тоа е…

Read More

Клиниката Жан Митрев е во финални преговори за стратешко партнерство со Холандскиот фонд Balkan Alliance Healthcare, соопштија од Клиниката. Преговорите се однесуваат за влез на Фондот како партнер во Клиниката што ќе овозможи оваа врвна здравствена установа да ги проширува своите дејности и да ги подигне уште на повисоко ниво стандардите во медицината во Македонија. „Ова стратешко партнерство е поддршка на веќе започнатиот проект за прераснување на Клиниката Жан Митрев во регионален медицински центар. На овој начин стануваме финансиски помоќни за да растеме побрзо и да се развиеме во вистински регионален центар за здравствени услуги со највисоки стандарди. Според договореното…

Read More

Полскиот град Краков од утре до 2 јули ќе биде домаќин на Европските игри на кои ќе настапат вкупно 17 македонски спортисти во седум спортови. Македонската делегација пристигна во Краков каде на втората најмасовна спортска манифестација по Олимписките игри ќе настапи во карате (Емил Павлов), спортско стрелаштво (Анастасија Мојсовска, Мартин Ангелески), таеквондо (Дејан Георгиевски, Анамарија Георгиевска, Милијана Рељиќ), текбол (Димитар Пејчиновски), кајак (Анѓел Петрушев, Никола Малевски, Владимир Малевски), мечувалство (Никола Николовски, Петар Србиновски, Петар Дамјановски, Матеј Тодороски) и бокс (Атила Илхан Озмен, Ален Рустемовски и Архан Исени). Македонското знаме на церемонијата на отворање на Игрите ќе го носат Милијана Рељиќ…

Read More

Од првиот состанок, уште кога ја формиравме новата Национална установа на џез музичари и на сите состаноци што ги имав со претставници на Филхармонијата и со претставници на Синдикатот на Национална установа Филхармонија, им кажав дека не е целта во еден објект да има две национални установи, кажа министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во гостувањето во вестите на Канал 5 телевизија. „Тоа е така од првиот момент на формирање и од првиот момент кога таа информација ја помина владината процедура, работиме на изнаоѓање решение на тој проблем. Тоа им беше укажано неколку пати и на Синдикатот и на вработените во…

Read More

Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави во Пекинг дека Кина ги обновила своите ветувања дека нема да и испраќа оружје на Русија за војната во Украина, но изрази загриженост за активностите на приватните кинески фирми, пренесува АФП. „Ние и другите земји добивме гаранции од Кина дека нема да обезбеди помош во оружје за Русија за употреба во Украина. Не видовме докази за спротивното. Сепак, она за што постојано се грижиме се кинеските фирми кои можеби обезбедуваат технологија што Русија може да ја користи за да ја унапреди својата агресија во Украина“, рече Блинкен. „Побаравме од кинеската влада да биде многу…

Read More

Веројатно сакајќи да ги дифузира нападите од СДСМ за тоа зошто сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата  ЦДУ/ЦСУ не гласала за резолуцијата за македонскиот јазик и идентитет во Бундестагот, лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, направи грешка – и тоа суштинска. Бидејќи нема друга таква силна резолуција на Бундестагот, освен онаа од 2004 година, како што тоа претходно го изјави Антонио Милошоски, Мицкоски веројатно осврнуваше на тој став на германските пратеници. Милошоски веднаш по изгласувањето на документот во Бундестагот рече дека тоа не е прва резолуција каде што се споменува Македонија во германскиот парламент. Во гостувањето на Радио Лидер Милошоски рече: „Во…

Read More

САД се уште не се подготвени да се натпреваруваат со Кина во производството на електрични возила, предупреди извршниот претседател на компанијата „Форд“, Бил Форд, нагласувајќи дека мора да бидат подготвени и за битката за домашниот пазар. „Многу брзо и во големи размери развија електрични автомобили. А, сега ги извезуваат. Во САД ги нема, но, според нас, ќе дојдат во одреден момент. Мораме да бидеме подготвени и се подготвуваме“, изјави шефот на американскиот автомобилски гигант. Во февруари, Форд објави дека ќе инвестира 3,5 милијарди долари за изградба на фабрика за батерии за електрични возила во Мичиген, како дел од договорот кој…

Read More

Откако беше разрешен од главната обвинителска функција во Бугарија обвинителот Иван Гешев кој последниве месеци се наоѓа во центарот на правосудниот земјотрес што ја тресе соседната држава, во драматично обраќање до јавноста преку јутјуб упати остри критики кон политиката обвинувајќи за спрега со мафијата. Обраќањето тој го одржа во драматичен тон почнувајќи го со „браќа и сестри Бугари“. „Во последните месеци, пред очите на целиот народ и меѓународната заедница, Обвинителството на Република Бугарија беше подложено на невиден притисок и грубо незаконско мешање во работата на правосудниот систем. Да го зграпчат овој последен бранител на народот и да го искористат за…

Read More