Author: НОВА ТВ Terziova

Во Сојузна Република Германија е приведен В.К.(31), македонски државјанин баран со потерница, а осуден на пет години затвор за сторено кривично дело „разбојништво“, информира Министерството за внатрешни работи. – Апсењето на В.К. е резултат на успешната соработка на полициите на Сојузна Република Германија и Република Северна Македонија, благодарение на која досега се приведени повеќе криминалци, додаваат од МВР.

Read More

Млада Украинка се вратила во урнатините на своето уништено средно училиште во фустан што го подготвила за матурската вечер. Украинската матурантка во црвениот фустан дојде меѓу урнатините на училиштето на денот на матурата. Вчера на официјалниот твитер-профил на шефот на Центарот за граѓански слободи во Украина се појави приказната на Ана Епишева, која сподели фотографија од нејзината внука во црвен фустан. „Мојата внука оваа година требаше да заврши средно училиште. Таа и нејзините пријателки купуваа фустани и со нетрпение го чекаа денот на матурата. Потоа дојдоа Русите“, започна таа. „Нејзиното училиште е уништено. Денеска се врати во она што остана…

Read More

Во Грција е потврден првиот случај на мајмунски сипаници и станува збор за маж кој неодамна патувал во Португалија и има клинички симптоми компатибилни со болеста, јави дописничката на МИА од Атина. Од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), вечерва соопштија дека мажот е хоспитализиран во атинска болница и е во стабилна состојба. Објаснуваат дека првичниот тест спроведен во Централната лабораторија за јавно здравје на ЕОДИ за „non-variola orthopox“, вклучително мајмунски сипаници, бил позитивен, а примероците биле испратени и во Лабораторијата за микробиологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Аристотел“ во Солун за потврда на вирусот. Во соопштението од…

Read More

Еврокомесарот за индустрија Тиери Бретон побара од Унгарија да ја прекине дискриминацијата во продажбата на гориво на сопствениците на возила со странски регистарски таблички или ќе се најде на суд, се вели во писмото на Европската комисија, до кое Ројтерс имал пристап. Бретон потсетил дека возачите на возила со регистерски таблички од други земји на ЕУ треба да платат гориво од 50 до 60 отсто повеќе од возилата со унгарски регистарски таблички и дека тоа е директна дискриминација, спротивно на правилата на Европската унија. Тој во писмото наведува дека Европската комисија го задржува правото да покрене итна постапка за прекршување…

Read More

„Мораме да успееме“ и „тука сме за да ја завршиме работата“ се пораките кои денеска ги упати еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи во гостување на ТВ Сител по самитот на Отворен Балкан. Тој по самитот веднаш ќе отпатува во Софија и рече дека ќе продолжи да ја посетува Софија сѐ додека не се најде решение. – Не ја посетував Софија зашто имав решение, па затоа и ќе продолжам да ја посетувам, сѐ додека не најдеме решение. Пораките кои ги добив таму не беа ништо ново, да бидам искрен. Се вртиме околу истите теми, но се трудиме да најдеме различни опции…

Read More

Излегување на партијата на Трифонов од бугарската влада значи дека се случуваат сериозни работи во позадина, вели вели поранешниот заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски во гостувањето на емисијата „Топ тема“. „Не би имал ваков настап Трифонов, штом нема некакви најави. Ова не е сценарио што е изненадување за бугарскиот премиер, туку е нешто што се работи како план Б или Ц. Вечерва ќе изразам поголем оптимизам отколку повеќе аналитичари овој период. Не правам непрактичен обид, туку мислам има сериозни обиди“, вели тој. Според него, изјавата на Петков дека е спремен да раководи со малцинска влада, покажува дека се повеќе…

Read More

„Од изборите во ноември, партијата на Слави Трифонов загуби половина од гласачите. Ова е невидливата причина поради која таа излезе од владата, а видливи се судирите околу кандидатурата на Лубомир Каримански за гувернер на БНБ и буџетот на Министерството за регионален развој и јавни работи“, објасни Димитар Ганев во интервју за БГНЕС. Тој го коментираше и барањето на Петков да раководи со малцинскиот кабинет. Политикологот потсети дека со Бугарија веќе владееше таков кабинет во 1991 година во времето на Филип Димитров, кога МРФ без учество го поддржуваше. „Ова отсега не е исклучено. Петков рече дека ќе предложат министри за испразнетите…

Read More

Поранешниот премиер Зоран Заев и неговиот брат, познатиот бизнисмен Вице Заев, денеска ја основаа Фондацијата „Едно општество за сите“ со основен влог од 20 илјади евра. Директор на фондацијата е Зоран Заев. Фондацијата ќе врши дејности и активности за унапредување, поддршка и развој на општеството, јавното здравје, едукацијата на млади, заштита на животната средина, спортот, културата и уметноста. Цели на фондацијата се креирање на социјално-хуманитарна програма,  солидарно – инклузивна програма, конгрес центар, програма за животна средина, академија на јавни политики, спортско-рекреативна програма, мото-рели. Идејата за ваква фондација беше спомнувана повеќе пати во јавноста во последниот период, но дури денес таа…

Read More

Среќен сум што самитот на „ОтворенБалкан“, резултираше со потпишани договори, кои се со конкретни позитивни придобивки за граѓаните од регионот, напиша премиерот на Македонија Димитар Ковачевски на својот фејсбук профил. „Голема благодарност до сите кои вчера и денеска беа дел од самитот на Отворен Балкан. Особена благодарност до моите колеги претседателот на Србија, Александар Вучиќ и албанскиот премиер, Еди Рама, за целосната посветеност и ангажираност“, напиша Ковачевски. Премиерот додаде дека вратите на Отворен Балкан остануваат отворени.

Read More

Поранешниот разузнавач Кристофер Стил, кој работел за британската тајна служба МИ6, вели дека „не гледа“ како рускиот претседател Владимир Путин може да остане на власт во следните „три до шест месеци“. Во изјава за Би-Би-Си, Стил рече дека штом западните санкции кон Русија, особено оние поврзани со енергетиката, ќе стапат во целосна сила, деновите на Путин ќе бидат избројани. Запрашан за конкретната временска рамка за падот на Путин, Стил рече дека „има знаци дека неговото здравје го издава“. Ако американските и британските извори се во право, рече тој, рускиот лидер би можел „да остане немоќен“ најмногу половина година.

Read More

Во Битола денеска од 18 часот пред полициската станица започна протест за поддршка на пејачот Ламбе Алабаковски.  „Слобода за Ламбе“, и „Во градот на Стив Наумов нема место за Ванчо Михајлов“ беа дел од пораките испишани на транспарентите на граѓаните кои протесираа пред полицијата во Битола. Битолчани сплотени како никогаш до сега, масновно излегоа пред полициската станица во знак на подршка на пејачот. По завршување на протестот пред полицијата, граѓаните се упатија кон битолскиот затвор каде што е притворен Алабаковски за да му изразат поддршка. Алабакоски е пренесен во притворското одделение во Штип, а според обвинението му се заканува затворска…

Read More

Руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека силен земјотрес со јачина од 8,4 степени според Рихтеровата скала се случил кај Бајкалското Езеро, пренесува агенцијата Анадолија. Земјотресот бил почувствуван во руската област Иркутск. https://twitter.com/anadoluagency/status/1534538479304159235?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1534538479304159235%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.vecer.press%2Fd181d0b8d0bbd0b5d0bd-d0b7d0b5d0bcd198d0bed182d180d0b5d181-d0b3d0be-d0bfd0bed0b3d0bed0b4d0b8-d0b1d0b0d198d0bad0b0d0bbd181d0bad0bed182%2F

Read More