Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Terziova
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва во Охрид, каде што учествува на Самитот „Отворен Балкан“ изјави дека тоа е одлична иницијатива која е во интерес на граѓаните и оти таа не е замена за ЕУ, јави дописникот на МИА од Белград. Тој посочи и дека е најгласниот поборник ЕУ да ги започне преговорите со Северна Македонија и Албанија, да се залага за тоа насекаде и оти не само што нема проблем со тоа, туку напротив, смета дека тоа е страшно важно за Скопје, Тирана и за граѓаните на тие две земји. „Но, ние не велиме дека тоа што го правиме…
Премиерот на Бугарија Кирил Петков на официјалната Фејсбук страница на бугарската влада го поздрави откривањето на сторителот на палењето на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков им се заблагодарил на властите во Република Северна Македонија и на премиерот Димитар Ковачевски за ефективно постапување, со што во најбрз можен рок го фатиле пироманот. -Дефинитивно нема да подлегнуваме на провокации кои имаат за цел да ги саботираат односите со нашите соседи, пишува на фб статусот на бугарскиот премиер. Медиумите во Софија ја пренесоа информацијата на министерот за внатрешни работи на Северна Македонија Оливер…
Во рамки на дводневниот самит на „Отворен Балкан“ кој се одржа во Охрид, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, беше домаќин на министрите за земјоделство на Република Србија и Албанија, Бранислав Недимовиќ и Фрида Крифца. Делегации на трите држави, предводени од министрите за земјоделство, одржаа работна средба на техничко ниво каде се разговараше за забрзување на процесот за усогласување на ветеринарните сертификати со цел олеснета размена на живи животни и производи од животинско потекло помеѓу трите држави од „Отворен Балкан“. На средбата е договорено дека Агенцијата за храна и ветеринарство во рок од 15 дена треба да направи…
Украинскиот тинејџер Андриј Покраса лоцирал колона возила на руската армија која се приближувала од запад во полето зад неговата куќа. Тоа се случило кон крајот на февруари, кога руската армија напредувала кон Киев. Украинските одбранбени сили им дале задача на цивилот и на операторот со беспилотни летала да ја пронајдат колоната возила. А токму тоа го направил 15-годишниот Андриј. Според MSN, неговиот идентитет и улогата што ја одиграл во војната ги потврдиле шефот на украинската федерација на сопственици на дронови, командантот на вооружените сили на Украина и неговите родители. Командантот Јуриј Касјанов вели дека тинејџерот бил единствениот со искуство во…
Бугарскиот клуб „Ванчо Михаилов“ беше отворен за да биде запален и искршен, вели директорот на ЦУК и претседател на „Достоинство“, Стојанче Ангелов. „Изборот на контроверзна личност од старт е провокација. Ламбе како млад човек од негови познати причини го запалил. Името „Ванчо Михаилов“ е дел од нашата историја и еден од претседателите на ВМРО. Тој е претходник на Љубчо Георгиевски, ако ги броиме конгресите на ВМРО-ДПМНЕ. Колку и да е контроверзен, тој е дел од нашата историја, вели Ангелов во емисијата „Само вистина“. Според него, ако не беше пејачот Ламбе Алабаковски, некој друг ќе наседнеше на провокацијата. -Штетата ќе беше…
Австриецот Харалд Копиц (57) денеска се изјасни за виновен за убиството на своите три деца. Судењето на Копиц започнало зад затворени врати денеска во Жупанискиот суд во Загреб под обвинение дека во септември минатата година ги убил своите три деца во станот. Во 14 часот судот соопшти дека Копиц е осуден на 50 години затвор, што е максимална затворска казна во Хрватска. За смртта на секое дете поединечно му биле дадени 27 години. Петчлениот судски совет на чело со судијката Ива Градишка Ловречек ја донесе пресудата за еден ден. Судењето беше затворено за јавноста. Судијката Ива Градишки Ловречек ја донесе…
За уапсениот поп-пејач Ламбе Алабаковски, осомничен за опожарување на влезната врата на неодамна отворениот бугарски центар во Битола „Иван Михајлов“, обвинителството ќе бара краткотраен притвор од околу една недела, само поради опасност од бегство, зашто тој до неодамна живееше во странство. Извори од обвинителството за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека е точно оти Алабаковски не сторил тешко дело со тешки последици за да мора да биде притворен, но дека кај него постои реална опасност од бегство, бидејќи има каде да отпатува во странство. Од Обвинителството велат дека Алабаковски не само што го признал палењето на вратата на објектот, туку и дека бил…
Незамисливо е да се има тврдење за геополитички фактор ако претходно не сме биле во можност да го интегрираме населението во регионот, изјавил бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, пренесуваат бугарските медиуми. „Барањето на францускиот претседател Макрон да посредува во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија е поангажиран став на земјата, која претседава со Советот на Европската унија“, истакнал европратеникот. „Се разбира, претседателот Макрон, како еден од големите лидери, е, се осмелувам да кажам, еден од луѓето кои се етаблираа како водечка фигура во Европскиот совет и е посветен на политиката за проширување“, додал тој. Според европратеникот, референдумот во Бугарија, што беше…
Растот на цените во Русија е запрен од втората половина на мај, а инфлацијата сега е на нула, изјави рускиот претседател Владимир Путин на денешната средба за економски прашања, пренесе Тасс. „Инфлацијата е ставена под контрола. На годишно ниво од 27 мај таа изнесуваше 17,4%. Истовремено, од втората половина на мај растот на цените целосно запре. Сега инфлацијата е на нула“, рече тој. Притоа, продолжи шефот на државата, властите треба да ги имаат предвид и позитивните и негативните аспекти на оваа ситуација. Тој рече дека „постојат плусови, но и одредени закани“. „Морате на највнимателен начин да ја анализирате ситуацијата и…
Жител на гевгелиско се обидел да ја запали сопствената куќа во која биле снаата и нејзините три деца
Жител на гевгелиското село Јосифово ја запалил влезната врата од сопствената куќа, во која во тој момент биле неговата снаа и тројцата малолетни внуци, соопшти МВР. „Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против М.В. од с.Јосифово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност”. На 27.04.2022, пријавениот со употреба на запалива течност предизвикал пожар на влезната врата од семејната куќа, во која во моментот била неговата снаа со нејзините три малолетни деца“, пишува во полицискиот билтен. Од МВР додаваат дека пожарот го изгаснала сопругата на пријавениот.
Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска денеска ги пречека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, кои се дел од високите гости на самитот на иницијативата „Отворен Балкан“, што денеска и утре се одржува во Охрид. „Нè чекаат два интензивни дена кои ќе ги искористиме за унапредување на односите, за олеснување на комуникациите и за приближување кон европските цели во повеќе сфери, со фокус на културата и туризмот“, рече Костадинова. Премиерот на Србија Вучиќ дојде со авион, а Абазовиќ пристигна со хеликоптер. За денеска е предвидена работна вечера на премиерите на Северна Македонија и на…
Трошоците на животот во мај годинава во однос на претходниот месец се зголемени за два, а цените на мало за 1,5 проценти. Во однос, пак, на мај минатата година, трошоците на живот (инфлацијата) се поголеми за 11.9, а цените на мало за 12.1 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, пораст на индексите на трошоците на животот во мај 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај маслото и маснотиите за 6.7 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 6.2 %, млекото за 5.4 %, лебот и житата за 3.7 %, кафето, чајот, какаото за…