Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Terziova
Ниту еден опозициски лидер не дојде на прославата за 20-годишнината на ДУИ. Од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека не е време за прослави, пишува Алсат. Албанските политички партии во опозиција рекоа дека средствата за овие прослави треба да бидат наменети за други цели. „Имам многу попаметни работи отколку да одам да славам“, рече Билал Касами, претседател на движењето Беса. „Тие го изгубија контактот со реалноста како резултат на долговечноста на власт. Не знаеме што слават“, рече Елми Азири, Алијанса за Албанците. Oд ДУИ велат дека не се загрижени за оценките на опозицијата. „Не ни е гајле дали сме фаворити на некоја политичка…
Претседателот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Маринко Чавара, и министерот за здравство и социјална заштита на Република Српска, Ален Шераниќ, се најдоа на црната листа на САД. Како што објаснија американските власти, причината за ваквиот потег е што тие ја загрозиле стабилноста на регионот и го поткопуваат Дејтонскиот мировен договор и демократските процеси или институции. „Маринко Чавара и Ален Шераниќ се обидоа да следат етнонационалистички и политички агенди на сметка на демократските институции и граѓаните на Босна и Херцеговина“, изјави Брајан Нелсон, потсекретар за борба против тероризам и финансиско разузнавање при Министерството за финансии, јави регионалната телевизија Н1. Чавара e…
На Македонија, Црна Гора и Бугарија, кои не дадоа дозвола за прелет на авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, не треба повеќе да бидат снабдувани со руски енергенси, смета првиот заменик-претседател на Комитетот за меѓународни прашања на Советот на Руската Федерација Владимир Џабаров. „Значи, рускиот природен гас што го добиваат тие земји за нив апсолутно не е отровен, додека летот на авионот со рускиот министер предизвикува сериозна загриженост. Прашањето е, можеби тие земји воопшто не треба да се снабдуваат со руска енергија?“, напишал Џабаров на својот канал на Телеграм, пренесува „Спутник“. Претходно, Црна Гора, Бугарија и Македонија…
На 40-годишниот бивш пилот Рос Вијтман канадската влада му призна дека се здобил со инвалидитет по примањето на вакцината против ковид-19 од АстраЗенека. Вијтман е дијагностициран со ГБС (Гилијан-Баре синдром) само неколку денови откако ја прима првата и единствена доза од вакцината од што останува делумно парализиран. ГБС е невролошко нарушување кое може да предизвика парализа, слабеење на мускулите, па дури и смрт. Исто така се работи за крајно ретка нуспојава од вакцините која се појавува кај еден на 700.000 вакцинирани, и главно од вакцината на АстраЗенека. Поранешниот пилот е само еден од десетина вакцинирани на кои канадската влада за…
Од денеска за 20 денари поскапе автобускиот превоз на релацијата Куманово – Скопје. Наместо 150 денари колку што чинеше билетот во еден правец, сега патниците мора да платат 170 денари. Во двата правци тоа се 340 денари. За 24 работни денови секој патник треба да издвои 8160 денари, пишува kumanovonews.mk. Патниците се жалат дека поскапувањето е голем удар за семејниот буџет, бидејќи автобускиот превоз го користат главно студенти и вработени во Скопје, кои за да стигнат на работа сега мора да дадат пола плата. „Со автобус патуваат оние коишто се пониски примања, другите одат со кола. Во Германија превозот во…
На 05.06.2022 во 17.30 часот во Полициска станица Гази Баба, 72-годишна жена од Скопје пријавила дека на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг И.Г.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Министерството за внатрешни работи информира дека утрово во 04.30 часот од полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје е лишен од слобода С.Б.(43) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека извршил обљуба врз малолетната ќерка на неговата сопруга. За случајот е известен социјален работник и по негово целосно документирање против С.Б. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Сообраќајна несреќа е пријавена во 13.15 часот кај Свети Николе на патниот правец кон Скопје. Се судриле две возила, Голф и Ауди, при што е направена голема материјална штета, а неколку лица се повредени и пренесени во болницата во Штип. Наскоро се очекуваат повеќе детали за несреќата.
Полициски службеници од ОВР Кичево во координација и содејство со полициски службеници од Сектор за општ и насилен криминал – Оддел за криминалистичка полиција при МВР и соработка со СВР Битола на 05/06.06.2022 година презеле мерки и активности за расчистување на кривично дело „предизвикување општа опасност“ сторено со подметнување пожар на патничко возило „ауди“, сопственост на Љ.С. од Кичево. Како што информираа од МВР, лишени од слобода се Е.П.(27) од Кичево, К.Б.(28) и Љ.А.(27), двајцата од Битола. – Имено, на 05.06.2022 извршени се претреси кај повеќе лица во Битола, при што се одземени предмети поврзани со кривичното дело, а од…
Жесток дипломатски спор има во моментов меѓу Киев и Будимпешта, па двете страни разменуваа навреди меѓу себе поради актуелната ситуација со војната. Проблемот се појави кога претседателот на парламентот на Унгарија, Ласло Ковер го осуди ставот на украинските претседател Влодимир Зеленски кон другите народи. „Не можам да се сетам дека некој лидер на земја кој има потреба од помош зборува како што тоа го направи Зеленски, кој зборуваше против Унгарија, но и германската канцеларка“, кажа Ковер. Оваа изјава предизвика реакција од Киев, кога паднаа навреди врз Ковер и кога портпаролот на Министерството за надворешни работи на Украина, Олег Николенко кажа…
Додека Американците дебатираа за можноста за нови регулативи за оружје по ужасниот напад во училиштето во Увалде, оруженото насилство се чинеше дека продолжува со несмалено темпо со официјалниот почеток на летото, 21 јуни, и неговите најжешки ноќи кои се уште претстојат. Најзабележително насилство овој викенд се случи во Филаделфија, каде тројца беа убиени, а 12 беа повредени; и во Чатануга, Тенеси, каде што беше забележан втор викенд по ред на насилство со масовни пукања, овој пат со двајца мртви и 12 други повредени од истрели од огнено оружје. Трето лице починало откако во него удрил автомобил. Три лица загинаа, а…
Мартин Костовски, пратеник од СДСМ денеска на Комисијата за избори и именувања излезе со тврдење дека професорката Родна Живковска која е кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ за член на Уставниот суд е донатор на опозициската партија која и подарила 25.000 денари и дека не е имуна на политички влијанија, ниту е независен кандидат. Костовски, тврди дека овој податок го имало во финансискиот извештај потпишан од пратеникот Игор Јанушев. -Не станува збор за аполитична личност, јавноста мора да знае дека професорката Родна Живковска на 14 февруари 2020 година има уплатено 25.000 денари како донатор на ВМРО-ДПМНЕ, а нејзиниот син Иван е претседавач на…