Author: Marija Todorovska
Израелската војска ги напаѓа позициите на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) во Техеран, изјави денеска портпаролот на ИДФ, Ефие Дефрин.
Од моето досегашно искуство на политичката сцена, ова е најлошото владеење што сум го видел, а верувам и општеството во Македонија, од времето на плурализмот – со најлоши перформанси. Сведоци сме на драматичен пад на квалитетот на владеење на сите нивоа – од централната власт, преку локалната, па сè до дипломатската мрежа, рече Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор на СДСМ, на гостувањето во студиото 10 на 24 телевизија.
Венко Филипче: Страшно ми е што сите вие, младите, па дури и вашите неродени деца треба да враќаат седум милијарди евра коишто се земени на којзнае каков, на сомнителен начин. Тоа е недозволиво. Целосно неодговорна власт. Ниту има опции, ниту има можности, ниту има какви било индикатори за светла и добра иднина на младите. Единствено нешто што треба да имате е партиска книшка. Тоа значи дека сценариото е – да добиете работа со купена диплома, без полагање англиски, со документ од студиото Јулија од Бугарија. И никому, ама баш никому, око да не му трепне.
Целиот Пелагониски регион пет месеци бил оставен без можност за полагање на возачки испити. Причината за застојот, како што сега од медиумите станува јасно, не е техничка или административна, туку резултат на намерно пролонгирање на изборот на оператор, со цел Министерството за внатрешни работи да му ја додели лиценцата на штотуку формирана фирма поврзана со функционер од редовите на ДПМНЕ, велат од партијата Левица.
Македонското еколошко друштво (МЕД) спроведе мониторинг на островот Голем Град во Преспанското Езеро.
Да сум сега во позиција да носам одлуки, би почнал токму од таму, целосна активација на надзорните механизми, со засилен инспекциски надзор, транспарентност на трговските услови и конкретни санкции за злоупотреба на пазарна моќ. Дополнително, би вовел временски прецизна и целна поддршка за домашните производители, како и обврска за објавување на реалните трошоци за основните продукти, а со цел да се спречат скриени маржи.
Предлог-измените на Законот за туристичка дејност во прво читање го поминаа комисискиот филтер во матичната Комисија за култура и туризам. Членовите на Комисијата дадоа поддршка на предложените измени и ги проследија на понатамошно читање.
Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС-УКИМ), достави две официјални барања до надлежните институции за подобрување на состојбите во домовите.
Американскиот државен секретар Марко Рубио ја повика Кина да се обиде да го одврати Иран од затворање на Ормутскиот теснец, важен трговски воден пат, по американските напади врз нуклеарните постројки на Иран.
Оклахома ноќеска ја победи Индијана со 103:91 во седмиот натпревар од финалето на НБА и го освои шампионскиот трофеј во најсилната кошаркарска лига на светот.
