Author: Marija Todorovska
Амбасадата на Северна Македонија во Израел денеска соопшти дека воздушниот простор на Израел како и аеродромот, се затворени и дека планот за евакуација на странски државјани преку аеродромот Тел Авив засега не е возможен. Има најава за отворање на аеродромот, денес 22 јуни, од 14:00 часот, се наведува во информацијата што Амбасадата ја објави на Фејсбук.
Пингпонгарката Бојана Јовевска од Пехчево освои златен медал на Меѓународниот турнир во пинг понг Приштина Опен 2025. Јовевска се натпреваруваше во категорија за пингпонгарки до 13 години во која е и Државен првак на Македонија.
Во најдобар ред течат подготовките за организација на Европското кадетско превентивно во џудо, кое од 26 до 29 јуни ќе се одржи во Скопје, информираше денеска Организацискиот одбор.
Владимир Путин изјави дека верува оти цела Украина е „наша“, и предупреди дека напредувачките руски сили би можеле да го освојат северниот украински град Суми како дел од обидот да се создаде тампон зона по должината на границата, пишува Гардијан, пренесува Цивил Медиа.
Папата Лав Четиринаесетти денеска на настан на кој присуствуваа италијанската премиерка Џорџа Мелони и парламентарни делегации од 68 земји предупреди за предизвиците што ги носи подемот на вештачката интелигенција, истакнувајќи го нејзиното потенцијално влијание врз помладите луѓе како примарна грижа.
Соединетите Американски Држави го зголемија своето воздушно присуство во близина на Блискиот Исток пред евентуално директно вклучување во израелско-иранскиот конфликт, објави Скај њуз.
Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска Грција, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Турските влечни хаубици БОРАН со калибар од 105 мм минатата недела се испорачани во Македонија, а официјалната нивнапромоција ќе се одржи следниот месец, потврди министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Од вечерва ќе се пушти за сообраќај за сите возила делницата од Подмоље до Охрид, како дел од автопатот Кичево –Охрид, информира Министерството за транспорт.
Абуџа: Бомбаш самоубиец уби 10 лица и рани неколку други во напад врз ресторан во Нигерија, соопшти денеска полицијата. Ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот.
Група млади активисти и уметници под менторство на програмата за креативен активизам на Центарот за современи уметности реализираа уметничка интервенција под наслов „Ограничена Мобилност, со цел да ја подигнат јавната свест за секојдневните предизвици со кои се соочуваат лицата со попреченост, постарите граѓани со намалена подвижност, како и младите родители што секојдневно се движат низ градот со детски колички. Во рамките на оваа креативна акција, стари и нефункционални инвалидски колички беа трансформирани во имагинарни „летечки колички“.
