Author: Marija Todorovska

 Годинава на аџилак и во посета на светите муслимански места, од нашата земја, ќе заминат над две илјади верници, што е идентична бројка со минатата година, изјави, Ирсaл Јакупи, генерален секретар на Исламската верска заедница.

Read More

Во моментов во игра се два плана за Украина. Едниот на Трамп објавен пред еден месец за прекин на огнот, па американско признавање на Крим, укинување на американски санкции кон Русија.., по што реагираше Европа и го направи својот план од 22 точки во наводна соработка со САД. Тој план засега не е објавен, а Путин одби да го прими Стив Виткоф, кој требаше да му го презентира. Можеби европскиот план е поригорозен за Русите.

Read More

Му благодариме на господинот Павловски за неговите идни инвестиции. Се надеваме дека ќе ги покани на трпезата на децата за кои пишува УНИЦЕФ, но и Хунзите, кои беа исто така неверојатна инвестиција, во времето на владеењето на Груевски и на Ѓорѓе Иванов.

Read More

Во функција се ставаат електронски алки за издржување казна куќен затвор, најави директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Како што посочи на денешната прес-конференција, целта е да се намали пренатрупаноста во затворите ширум земјава, каде казна затвор издржуваат вкупно 2300 затвореници и 400 притвореници. Во моментов 60 лица се апликативни за добивање на електронски алки.

Read More

 Вкупно 11 пациенти од повредените во пожарот во Кочани се лекуваат во странство. Од нив во Грција се тројца и тие се во добра, стабилна состојба, во Србија се четворица пациенти исто така во добра состојба, во Австрија е еден, стабилен и сместен на одделение, во Словенија е еден кој веќе посетува рехабилитација, а во Турција се двајца пациенти префрлени на одделение, на кои редовно им се прават преврски, соопшти денеска заменик-министерот за здравство Јовица Андовски.

Read More

Нова тв преку ЦивилМедиа во оваа рубрика ќе го објавува серијалот стории за “Како вештачката интелигенција ја трансформира анатомијата на современото војување – од роеви дронови и алгоритамска пропаганда до дипфејкови и сајбер-оружја. Со војната во Украина како највпечатлив пример, оваа серија ја истражува трансформацијата на вистината, моќта и самата цивилизација – во реално време.” на авторот Џабир Дерала.

Read More

Затоа, обврска на целата демократска заедница е не само да се сеќава на жртвите од минатото, туку и активно да делува денес: да ја поддржува борбата на Украина, да врши притисок врз агресорот, да се залага за ослободување на сите привремено окупирани територии.

Read More

Предлогот за гувернер на Народната банка денеска нема да биде доставен до Собранието. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, како што информираат од нејзиниот Кабинет, вчера имала разговор со кандидатите за гувернер и ќе направи дополнителни анализи по што ќе го достави предлогот до законодавниот дом.

Read More

Едно лице загина, а три се повредени во руски напад на станбени делови на градот Херсон на југот на Украина во текот на изминатата ноќ, соопшти градската воена управа на Херсон.

Read More