Author: Marija Todorovska

Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал вчера до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Д.Ф. (67), К.Г. (37), Ј.И. (64) и И.С. (41), сите од Скопје поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавените со нивните дејствија причиниле штета на Буџетот на државата во вкупен износ од 116.576,9 американски долари.

Read More

Но МНР бидејќи нема поим за тоа го обвинува Амбасадорот – не постапил по инструкциите на МНР и Финансии да ги врати сите пари веднаш?! Тој и да сакал не можел. Но тоа е тоа, со законски непознавања останува само лоша намера за притисок по секоја цена.

Read More

Денешниот ден за Обвинителството е поголема победа затоа што беше изречена казна затвор која што во историјата на овој суд, за ова кривично дело, и кога станува збор за една жртва, не била досега изречена, а сметајќи на висината од 12 години казна затвор, сепак Обвинителството го задржува правото на жалба и да бара и повисока казна затвор, изјави обвинителот Александар Марковски, во изјава за медиумите пред Кривичниот суд Скопје, по објавувањето на пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Read More

Животот одамна е докажано дека нема вредност според законите на оваа недржава. Дванаесетгодишна казна е награда за вакво најбрутално можно убиство во сообраќајот. Затоа оваа пресуда е срамна и тажна за целото општество, за сите нас, изјави Тодор Кулаков, таткото на Фросина, во изјава за медиумите пред Кривичниот суд Скопје, по објавувањето на пресудата за прегазувањето на неговата ќерка во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Read More

По преброените гласачки ливчиња од 4949 или 95 отсто од вкупно 5225 избирачки места, повеќе од сигурно е дека владејачката Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама веќе го обезбеди четвртиот последователен мандат, со што станува најуспешен политичар по падот на комунизмот во Албанија.

Read More

Вкупно 13 научни институти се затворени, а уште 13 се под силен мониторинг и допрва треба да се види колку од нив ќе бидат затворени. Затворена е и една медицинска струка, ќе се затвори и уште една, информира денеска министерката за образование и наука Весна Јасневска.

Read More

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи забележал зачестена појава на таканаречени фишинг напади преку електронска пошта во која се злоупотребуваат имињата на повеќе македонски компании со цел неовластено прибавување на податоци од нив. Овие пораки, како што наведува МВР, лажно тврдат дека сте сториле повреда на авторски права и содржат фишинг-линкови до наводна документација или барања за преземање на активности.

Read More

Казна затвор  од 12 години му одреди Судот на Васил Јованов, врз основа на признание на вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за прегазувањето на Фросина Кулакова во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Read More

Претседателот на Украина Володимир Зеленски ќе се сретне само со рускиот претседател Владимир Путин за преговори во Турција во четврток и со никој друг од евентуалната руска делегација во Истанбул, соопшти советник на украинскиот претседател за Ројтерс, пренесува БТА.

Read More

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека бомбардирале болница во Појасот Газа, која според нив била користена за „терористички активности“ од страна на исламистичкото движење „Хамас“. Од друга страна, „Хамас“ соопшти дека при нападот е убиен новинар, кого Израел претходно го обвини за учество во нападот на 7 октомври 2023 година.

Read More

Анкара: Главниот град на Република Туркије неодамна беше вклучен на Листата на светско наследство на УНЕСКО, со што урбанизацијата на Анкара стана глобално препознаена како посебен модел на модерно градско планирање. Процесот на апликација го раководеа Министерството за култура и туризам и Турската национална комисија за УНЕСКО, истакнувајќи го периодот од 1920 до 1970 година како клучен за обликувањето на Анкара во модерен главен град од дваесеттиот век, со неговите јавни згради, културни простори и отворени јавни површини. Со додавањето на Анкара на Листата на светско наследство на УНЕСКО Туркије има вкупно 80 различни локации на овој список.

Read More