Author: Marija Todorovska

Во Баку слета свионот со кој српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се упати кон Москва за да присуствува на прославата на Денот на победата, јавија српските медиуми. Авионот не може да го продолжи патувањето кон Москва, бидејќи нема дозвола за летот поради непријателствата меѓу Русија и Украина, наведуваат српските медиуми повикувајќи се на извештај на агенцијата Танјуг чиј новинар ја следи таа посета на српскиот претседател.

Read More

Појавата на интензивен дожд во текот на претладневните часови на дел од улиците низ Тетово резултираше со краткотрајно поплавени коловози, а водата навлезе и во дворови од куќи и други објекти.

Read More

Филип Аврамчев, поранешен директор на ЈУ „Универзална сала“ – Скопје, културен менаџер и еден од организаторите на меѓународната конференција за вештачка интелигенција AI Tech Summit, почина по кратко боледување.

Read More

Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека во најкраток рок ќе биде надминат проблемот на студентите на кои овој месец им било прекинато правото на субвенциониран студентски оброк зашто примаат семејна пензија поради починат родител.

Read More

Белград: Српскиот претседател Александар Вучиќ отпатува за Москва, каде што ќе присуствува на Парадата на победата на Црвениот плоштад, јавија српски медиуми, но засега нема потврда од Кабинетот. Кремљ вчера објави дека претседателот на Србија ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин в петок.

Read More

Белград: На железничката пруга Неготин-Зајечар, помеѓу Брусник и Рготина, ноќеска излетале од шини шест вагони-цистерни натоварени со фосфорна киселина, но немало истекување, испарувања и нема опасност по човечки живот или животната средина.

Read More

Американскиот Врховен суд ѝ одобри на администрацијата на Доналд Трамп да спроведе забрана за трансродови лица да служат во војска, една од низата мерки на републиканскиот претседател со кои се ограничуваат правата на трансродовите лица.

Read More

Многу сме загрижени и исплашени од експанзијата и успешните политики што македонскиот премиер ги спроведува во вашата земја. Башка нели премиерот и градоначалниците се потомоци на Александар Велики.

Read More

Најмалку две лица загинаа во Кијив во текот на ноќта кога остатоци од дрон погодија станбени згради, предизвикувајќи пожари во неколку области, соопштија денеска агенцијата за цивилна заштита и градоначалникот Виталиј Кличко.

Read More

СВР Куманово поднел кривична пријава против Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената должност и овластување“ по член 353 став 4, во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Read More