Author: Marija Todorovska
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира големо намалување на бројот на вработени во Централната разузнавачка агенција (ЦИА) и други важни разузнавачки агенции, објави весникот. „Вашингтон пост“, повикувајќи се на луѓе запознати со плановите.
Сиднеј: Во Австралија започнаа парламентарните избори, на кои, според анкетите, би можела да победи Лабуристичката партија на премиерот Ентони Албанезе. Од вкупно 18 милиони луѓе со право на глас, осум милиони веќе гласале за тоа кој ќе ги пополни сите 150 места во Долниот дом и 40 од 76-те места во Сенатот.
И на денешното – десетто продолжение на конститутивната седница на Собранието на Косово, не беа избрани ниту претседателот, ниту потпретседателите на Собранието, бидејќи пратениците не прифатија формирање изборна комисија.
Слободните медиуми се најдобриот штит за демократијата и новинарите мора да бидат слободни да известуваат без страв од цензура, заплашување или одмазда, порача претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола по повод Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај.
Она што за Западна Европа значеше ослободување, за Украина и другите земји од Централна Европа претставуваше ново поробување. Еден тоталитаризам – нацистичкиот – беше заменет со друг – комунистичкиот.
Како и во многу други области, Северна Македонија заостанува дури и меѓу балканските земји, а камоли меѓу западните држави. Кога има закани кон новинарите, притисок врз медиумите, корупција, судир на интереси и влијание врз уредувачката политика, не може да се зборува за слободни медиуми и слобода на изразување.
Кога станува збор за слободата на изразување, особено сум загрижена за безбедноста на новинарите, која се нарушува преку онлајн закани, притисоци и дискредитации.
На 5 мај, И-ХИ Тинк-Тенк (Интелигентна Хумана Иднина) во Граѓанскиот Ресурсен Центар во Скопје, ќе ја одржи својата официјална промоција и претставување на првиот позициски документ насловен „Вештачката Интелигенција – Меч со Две Сечила“. Настанот ќе биде посветен на дебата за потенцијалите и етичките предизвици што ги носи вештачката интелигенција (ВИ), со фокус на нејзиното одговорно користење во служба на општествениот развој.
На муралот се ликовите на пејачот Јанко Узунов, Леонид Манчев, организатор и директор на Фолк фест Валандово, Мирко Попов, автор и продуцент на електронска музика, Ѓоко Дончев, пејач и Костадин Танчев-Динка, графички дизајнер и сликар.
Лондон: Платформата ТикТок е казнета со 530 милиони евра (601 милион долари) за кршење на правилата на ЕУ за заштита на лични податоци со пренесување податоци во Кина, соопшти денеска ирскиот регулатор.
Најмалку 29 лица се повредени во руски напад со беспилотни летала врз украинскиот град Запорожје, а гувернерот на регионот, Иван Федоров, ги обвини руските сили дека гаѓале цивилни објекти.
Независниот синдикат на полицијата најавува протест барајќи да се почитува Законот за минимална плата и судските постапки да се спроведуваат во законски предвидените рокови.
