Author: Marija Todorovska
Ако синдикалната кошница покажува беда, а владината просечна кошница покажува благосостојба – зошто да им веруваме на луѓето, кога можеме да си веруваме сами на себе?
Многу жители на Истанбул ноќта ја минаа на отворено, плашејќи се да се вратат во своите домови, по силниот земјотрес и над 180 последователни потреси, јавија американските медиуми.
Обемот и интензитетот на овој напад уште еднаш покажуваат дека Русија нема намера за деескалација, туку само уништување.
Линијата за помош на деца „Ало Бушавко“ при Првата детска амбасада „Меѓаши“ во текот на изминатата година примила 208 повици, при што поддршка добиле вкупно 222 деца и млади лица. Најзастапени проблеми биле оние поврзани со менталното здравје, а најчесто пријавуваните состојби се страв, вознемиреност и проблеми со гневот. Според возрасната група, најмногу се однесувале на деца на возраст меѓу седум и девет години, од кои 108 биле машки а 87 женски.
Министерството за образование и наука објави повик за доделување парични награди за освоено прво место на државен натпревар за ученици во основното образование и наставниците што ги подготвиле за натпреварот.
Политичките партии од бошњачкиот граѓански блок во владејачката коалиција во БиХ во четвртокот ги повикаа службите за државна безбедност и судството да реагираат решително откако припадниците на полицијата на Република Српска го спречија апсењето на Милорад Додик, шефот на тој ентитет, по кој беше распишана потерница, еден ден претходно.
Таравари: Премиерот формира Влада и тој одлучува дали Алијанса за Албанците треба да биде во Владата
Премиерот формира Влада и тој одлучува дали Алијанса за Албанците треба да биде во Владата. Мислам дека треба, но ако тој смета дека не треба, ние немаме никаков проблем. Сепак, да бидеме рационални и да не брзаме, изјави Арбен Таравари прашан дали неговата партија ќе ја напушти Владата со евентуално излегување од коалицијата Вреди (Влен).
Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите соопшти дека кон крајот на јули или почеток на август треба да се распишат локалните избори. Информира дека е побарано да се одржи јавна расправа во Собранието околу измените на Законот за локална самоуправа кои од Министерството за локална самоуправа се најавуваат веќе одреден период.
Продажбата на „Тесла“ на пазарот на ЕУ продолжи да паѓа во првиот квартал од 2025 година, со намалени регистрации за 45 отсто на годишно ниво, покажаа податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA).
Во Белата куќа се водат внатрешни дискусии за можното укинување на санкциите за руските енергетски проекти, вклучувајќи го и гасоводот Северен тек 2, како дел од напорите за постигнување мир во Украина, дознава американски Политико од извори запознаени со ситуацијата.
Над 140 ликовни уметнички дела и уште голем број рачни изработки и литературни изданија од автори од Кочани, Виница и други градови во државата се донирани за хуманитарно-продажната изложба, што беше отворена во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани.
