Author: Marija Todorovska
росечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари годинава изнесува 43 053 денари, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).
Гори градската депонија во Демир Хисар, информираат попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи Демир Хисар (РЦУК).
Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април 2025 година изнесува 62.691 денари, што е зголемување од 836 денари во споредба со март, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија. Најмногу, односно 21.480 денари (34,3%) од буџетот се издвоени за храна и пијалоци. За облека и обувки се издвоени 5.634 денари (9,0%), станарина, вода, електрична енергија и греење 6.096 денари (9,7%), лична хигиена и оддржување на хигиена во домот 2.455 денари (3,9%).
Обединетата просвета на Србија ги повика денеска вработените во образованието да се обединат и да учествуваат во бел штрајк – како израз на професионална, педагошка и граѓанска одговорност“. Како што се наведува во соопштението, „бел штрајк“ значи: „заклучување највисоки оценки за сите ученици, како начин да се обезбедат еднакви услови во учебна година што не била еднаква, заштита на учениците кои станале колатерална штета на неодговорната образовна политика, отпор против уривањето на угледот на образованието, репресија на наставниците и злоупотреба на системот“.
Дробњак: Северна Македонија може повторно да го фати чекорот за ЕУ со работата на реформската агенда
Северна Македонија може повторно да го фати чекорот така што ќе започне со работата на реформската агенда. Агендата 2030 на ЕУ е активна, а перспективата за членство на земјата во ЕУ е вистинска, исполнива и изводлива, кажа на денешната дебата на тема „Реформите како заедничка одговорност: Градење консензус за пристапување на Северна Македонија во ЕУ“ Владимир Дробњак, поранешен главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со ЕУ и експерт на УНОПС.
Вториот круг разговори меѓу Украина и нејзините западни партнери, чија цел е да се обезбеди прекин на огнот со Русија, ќе се одржи утре во Лондон, изјави денеска висок украински функционер.
Во такви околности ниту статистиката не може да го покрие економскиот неуспех на владата, па за недостатокот на инвестиции ќе бидат “виновни” ниските температури во јануари и високите температури во јули.
За време на велигденските празници во домот на поранешниот потпредседател на СДСМ и поранешен министер за финансии, Фатмир Битиќи, провалиле крадци.
Скопје: Објавен е Јавен конкурс за изработка на заштитен знак (лого) на Собранието на Република Северна Македонија со цел законодавниот дом да го модернизира и изедначи својот институционален, визуелен идентитет преку изработка на заштитен знак, кој треба да ги одразува националните вредности и вредностите, мисијата и визијата на институцијата, соопшти денеска собраниската прес – служба.
Последните официјални податоци покажуваат дека во Берлин има значително зголемување на бројот на напади врз баратели на азил и центри за нивно прифаќање, како и екстремно десничарски криминални дела, поради што има се повеќе повици за поголема заштита на мигрантите и построга политика кон екстремно десничарското насилство, пишува денеска Гардијан.
Повеќе од 100 американски универзитети и колеџи, вклучително и институциите на Ајви лигата – Принстон и Браун, денеска објавија заедничко писмо во кое го осудуваат „политичкото мешање“ на претседателот Доналд Трамп во образовниот систем. Тој потег доаѓа еден ден откако Универзитетот Харвард ја тужеше администрацијата на Трамп, која се закани дека ќе го намали финансирањето и ќе наметне надворешен политички надзор.
