Author: Marija Todorovska
Пожар избил во стан во скопската населба Аеродром, а сопственикот се здобил со изгореници. Заедно со неговиот син поради вдишување на чад се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Родното име на папата Франциск, кој почина утрово, беше Хорхе Марио Бергољо. Роден е на 17 декември 1936 година во Буенос Аирес, Аргентина, од италијански имигрантски работник во железницата и беше едно од петте деца во семејството – три момчиња и две девојчиња. Неговото семејство потекнува од Пиемонт, во близина на Асти во северна Италија. Хорхе Марио Бергољо дипломирал хемија, а потоа го избрал патот на богослужбата и влегол во епархиската семинарија во Вила Девото. На 11 март 1958 година. Тој се приклучил на Друштвото на Исус (језуитскиот ред). Како млад, кога имал 21 година, бил опериран и му е…
По смртта или оставката на папата, кардиналите се повикани да се состанат во Сикстинската капела во Ватикан, каде што полагаат заклетва на тајност и се изолирани од надворешниот свет. Во ова време, тие можат да разговараат за заслугите на веројатните кандидати. Отворената кампања не е дозволена.
Почина папата Франциск, јави италијанската новинска агенција АНСА. Тој имаше 88 години, а неодамна преживеа сериозен напад на двојна пневмонија. „Почитувани браќа и сестри, со длабока тага морам да ја соопштам смртта на нашиот свет отец Фрањо“, објави кардиналот Кевин Фарел на ТВ каналот на Ватикан.
Пентагон ги отфрли извештаите дека американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет споделил доверливи информации во врска со плановите за воени напади против јеменските бунтовници Хути на апликацијата за пораки Сигнал, јави ДПА.
Агенцијата за храна и ветеринарство пред Велигден спровела 617 вонредни контроли при што уништени се 1 740 килограми небезбедна храна.
Прекинот на огнот што Русија го прогласи во зоната за специјална воена операција за Велигден истече на полноќ по московско време, при што и Русија и Украина изнесуваа различни тврдења за почитување или прекршување на примирјето.
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет споделил детали за напад на Хутите во Јемен во група за размена на пораки на платформата Сигнал, во која биле вклучени неговата сопруга, неговиот брат и адвокат, објави „Њујорк Тајмс“.
Странските студенти во САД масовно поднесуваат тужби по судовите низ земјата за да спречат нивна депортација од имиграциските служби, откако администрацијата на претседателот Доналд Трамп неодамна почнала да им го укинува правото на престој во земјата, јавуваат дел од американските медиуми.
Украинска делегација на највисоки функционери во Париз се сретна со дипломатски и безбедносни советници на Франција, Велика Британија и Германија, соопшти денеска украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха.
На седум од вкупно 24 лица, осомничени за пожарот во Кочани, мерката ефективен притвор им се заменува со мерка куќен притвор, информираат од Основниот суд Кочани.
