Author: Marija Todorovska
Зелен Хуман Град утре ќе одржат мирен протестен марш бидејќу институциите се уште не одговориле на нивните барања „за истекувањето на токсични материи предизвикано од рудникот Тораница, туку и в.д. директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, јавно кажа дека инспекторите не зеле мостри зашто „очигледно е дека имало еколошки инцидент, не треба инспекторите сега со мостри да видат дали има, гледаат дека има!“.
Царините кои американскиот претседател Доналд Трамп ги воведе за речиси целиот свет и контрамерките од други земји може да имаат „катастрофални“ последици за земјите во развој, предупреди денеска агенција на Обединетите нации.
Њујорк: Цената на златото достигна нов рекорд во услови кога расте загриженоста за трговската војна меѓу САД и Кина.
Реномираната авијациска организација Скајтракс (Skytrax) го рангираше Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, меѓу најдобрите десет аеродроми во регионот на Источна Европа, во рамки на својата програма наречена Светски Аеродромски Награди (Skytrax World Airport Awards). Наградите кои Скајтракс ги доделува според гласовите на патниците, беа објавени на авијацискиот саем Passenger Terminal Expo кој се одржа во Мадрид, Шпанија, каде што се собраа над 2.000 професионалци од авиоиндустријата, од повеќе од 120 земји во светот.
Синдикатот на УПОЗ, по барање на група вработени лица, членови на Синдикалната организација при КПУ Затвор Штип, во однос на заштита на работничките права, денеска објави реакција во врска со прес-конференцијата одржана завчера од директорот на дирекцијата за извршување на санкции Александар Пандов и директорот на КПД – Штип Дејанчо Здравков за фрлена дрога преку ограда во затворот.
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва за Њузмакс Балканс изјави дека шестото студентско барање дошло „директно покренато од Албин Курти“.
Специјалниот американски пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, отпатува за Русија и се очекува денеска да се сретне со претседателот Владимир Путин, според извор запознаен со патувањето и податоците на FlightRadar.
Помошникот министер за образование задолжен за високото образование во Србија, Александар Јовиќ денеска изјави дека доколку факултетите и одговорните лица не постапат според мерките донесени од Министерството за образование, инспектор може да предложи разрешување на деканот до Советот на факултетот, академијата или високата школа.
Судскиот Совет го објави наодот на работната група во врска со предметот против Менсур Пајазити, кој беше осуден на две години затвор за прегазувањето на 22-годишната Теодора Ристовска. Работната група потврди дека судијата Ељведин Ферати не можел да досуди повисока казна поради членот 428 од Законот за кривична постапка, кој забранува менување на пресудата на полошо ако жалбата е изјавена само во корист на обвинетиот.
Клучната публикација Одбрана на демократијата и човековите права – Извештај и препораки за политики сега е достапна онлајн. Овој извештај од 200 страници е еден од најважните резултати од Меѓународната конференција Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам, одржана во Скопје на 11 и 12 декември 2024 година, и го отсликува повеќемесечниот ангажман на меѓународната иницијатива Одбрана на демократијата, формирана по конференцијата.
