Author: Marija Todorovska

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во годишното обраќање пред европратениците, познато како „Состојбата на Европската Унија“, најави дополнителни мерки против Израел како одговор на случувањата во Газа, вклучително и делумна суспензија на Договорот за асоцијација.

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска повика на „силен одговор“ по соборувањето на неколку сомнителни руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор, јави ДПА.

Read More

Односот на францускиот долг кон БДП е толку висок што во Европската Унија го надминуваат само Грција и Италија. Со буџетски дефицит од 5,4 до 5,8 проценти оваа година, Париз има и најголем буџетски дефицит од сите 27 членки на Европската Унија.

Read More

Јавниот увид во податоците од Избирачкиот список за Локалните избори 2025 завршува утре на полноќ, а два дена подоцна на 13 септември на полноќ завршува рокот за доствување на листите за кандидати за градоначалници и за советници. На 29 септември започнува изборната кампања за локалните избори закажани за 19 октомври. Ќе се гласа во 80 општини и Градот Скопје на 3480 избирачки места.

Read More

Љубчо Георгиевски: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност. Тој од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава. И денес, од време навреме кога му ги слушам неговите патриотските изјави против Бугарија, против Албанците, против името не го даваме. Просто смешно ваквите патриоти, лажни патриоти и квази патриоти, да ја бранат македонската идеја. Ние имаме една ситуација каде човекот директно ја загрозува позицијата на Македонија, не само на Балканот геостратешката, идентитетската позиција на Македонија, а да не зборуваме и за Евроатлантската интеграција. Извор: ЦивилМедиа 

Read More

Народната банка денеска соопшти дека нејзините активности за намалување на надоместоците на банките за електронските плаќања заради нивна поголема достапност и користење веќе имаат видливи резултати за граѓаните и за компаниите.

Read More

Портпаролот на Обединетите нации, Стефан Дижарик, синоќа изјави дека иако Израел издал наредба за евакуација што го опфаќа целиот град Газа, каде што околу еден милион Палестинци се засолнети, голем број од оние што сè уште се таму веруваат дека напуштањето на градот е „едноставно невозможно“.

Read More

Тројца од повредените пожарникари при гаснењето на пожарот во фабриката „Макпрогрес“ во Виница што беа згрижени во Општата болница во Кочани се пуштени на домашно лекување. Четвртиот пожарникар, кој е припадник на ТППЕ од Штип, е испратен на дополнителни испитувања во штипската Клиничка болница, информираше Катерина Паниќ Мирчовска, в.д. директор на кочанската болница.

Read More