Author: Marija Todorovska

Брисел:  Новите барања за азил во Европската унија, Норвешка и Швајцарија значително се намалија во првата половина од оваа година, при што Германија го изгуби своето долгогодишно прво место како главна дестинација за барања, јави ДПА, повикувајќи се на официјални бројки објавени денеска.

Read More

 Сите државни институции и јавни правни лица имаат обврска најдоцна до 15 септември годинава да ги заменат регистарските таблички на службените возила со нови, специјални таблици во боја. Детали се очекуваат утре на прес-конференција што ја најавува Службата за општи и заеднички работи на Владата.

Read More

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар, во која учествувале четири мотоцикли и четири патнички возила.

Read More

Зоран Иванов: Ја имав среќата или од оваа дистанца, еве можноста, да бидам првиот, дури и пред претседателот на државата, кој во етерот, преку брановите на Радио Скопје, на светот да му ја соопштам веста дека со референдумска волја на Македонците и на мнозинството македонски граѓани, државата, Република Македонија, ни стана независна и суверена. Денеска, на овој ден, по 34 години наш пат со неа, ги констатирм истите атрибути од насловот на овој пост. Честит празник на надежта Татковино! Извор: Фејсбук

Read More

Лондон:  Илјадници вработени во лондонското метро денеска  почнаа серија штрајкови поради платите и условите за работа, а синдикатот за железница, поморство и транспорт соопшти дека членовите, вклучувајќи ги машиновозачите, сигналистите и работниците за одржување, ќе учествуваат во штрајкови во различни периоди до четврток.

Read More

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Кочани бил во фабриката „Макпрогрес“ но, како што информира Државното јавно обвинителство, увидот се уште не е почнат бидејќи пожарот не е во целост изгаснат и се уште траат активностите за обезбедување на локацијата.

Read More

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница. Сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба, соопштија попладнево од Министерството за здравство.

Read More

Ватикан: Папата Лав Четиринаесетти го прогласи 15-годишниот компјутерски гениј за прв светец на Католичката црква од т.н. Милениум генерација давајќи ѝ на следната генерација католици пример за некој што користи технологија за ширење на верата.

Read More