Author: Marija Todorovska
Иако изгледа неверојатно, но европските вредности беа загрозени и во некои земји членки на ЕУ, повторно под директно и/ или индиректно влијание на Кремљ.
Богатството на супербогатите во светот расте сe побрзо, покажа студијата објавена денеска од меѓународната организација Оксфам пред Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос.
Париз: Голем дел од луѓето помлади од 35 години, во клучните пазари како што се САД, но и на светско ниво, се откажуваат од алкохолот – посочуваат некои истражувања. Тоа доведе и до пад на продажбата на „шампањско“ ширум светот, објави „Гардијан“.
Белградскиот средношколски форум има податоци дека денеска во 90 отсто од средните училишта во Белград нема настава, изјави потпретседателката на тој синдикат Ана Димитријевиќ, објави ТВ Н1.
Основниот Кривичен суд Скопје го одби како неосновано барањето за изземање на судијата Ивица Стефановски, поднесено од првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо.
По тринеделен зимски распуст, денеска за основците и за средношколците почнува второто полугодие од учебната 2024/2025 година.
Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор од 30 дена за Раде Трајковски познат по прекарот Штекли, како и за уште девет лица ( П.З., Д.Т., В.В., А.В., Д.Џ.Х., С.С., С.М., К.К. и Ф.Р.) од криминалната група која е осомничена дека се занимава со продажба на дрога.
Осум лица го загубија животот во пожар што утринава околу 4 часот и 10 минути избувна во Дом за стари лица во белградската општина Бараево, соопшти в.д. директорот на Секторот за вонредни ситуации Лука Чаушиќ.
Адвокатите во Србија од денеска целосно ќе ја прекинат работата на седум дена во знак на поддршка и солидарност со барањата на студентите, соопшти Адвокатската комора на Србија (АКС) на вонредното собрание што се одржа викендов.
Корисници на социјалните мрежи во Хрватска масовно споделуваат пораки во кои повикуваат на бојкот на трговските синџири в петок, 24 јануари. Пораките за бојкот се поради високите цени на производите.
Њујорк: Биткоинот достигна рекордна вредност од над 109.000 долари денеска додека Доналд Трамп, кој сигнализираше планови за дерегулација на секторот за криптовалути, се подготвува да положи заклетва како американски претседател.
